Најглупите прашања...

СпаЈдеР

DissentiveMoron202
Член од
1 март 2006
Мислења
3.201
Поени од реакции
52
Се сретнувам со некој другар у град,и ме прашува што правиш?...разговарам со тебе да му одговорам? :pos:
Мислам....и јас го поставувам понекад прашањево ама никогаш не сум ја сватил поентата..како и да е,прашањето е идиотско,а во Гевгелија со одговорот овака му доаѓа
-Шо си прајш?
-Ми ја... :pos: :pos:
Инаку "ми ја" значи "па еве"...глупости:tapp:
 

TWEETY***

Мy life..my rules..any questions?
Член од
18 февруари 2006
Мислења
2.041
Поени од реакции
66
Mene najglupo prasanje mi e, kako pomin na skolo?
SEogas me prasuva toa majka mi.A na skolokako mozam da si pominam.Dosadno.
 

Tutkar

Богомил
Член од
6 декември 2005
Мислења
1.967
Поени од реакции
34
кога ќе се видам со некого и ме прашува, Кај си бе?
 

Serpico

Сковинистратор / I'm Batman
Член од
25 јануари 2007
Мислења
11.166
Поени од реакции
691
Точно е дека има прашања кои се поставуваат само формално, и најчесто имаат толку логичен одговор што е навистина глупаво да се постават. Меѓутоа, логиката подразбира активација на ќелии во мозокот, процес кој понекогаш знае да биде измачувачки. Eве неколку мои забелешки по однос на анализата на Мистичен :)

Како си?

Chat Up-Line број 1, кога станува збор за разговор помеѓу познаници или пријатели. Ако не е таков случајот и се наоѓате пред реална опасност...Потенцијално досадните муабетџии кои уживаат да ви го масираат мозокот ќе ги одвратите од вас со детален приказ на емотивното искуство поврзано со вашата тврда столица која веќе 4 дена страшно ве мачи... Муабетот works like charm :). Aли по некое време ќе слушнете дека сте биле серко. Тоа е... Вреди!

Дојде?

Мистичен напиша:
Ова е ултимативно и без конкуренција најглупото можно прашање.
Постојат ситуации кога ова прашално зборче има за цел да замени еден муабет/односно монолог кој од устата на оној што чекал би звучел приближно вака: "Аха... значи конечно ја најде куќата, а? Е фала богу... Сега полиција ќе барав... Што се договараш со мене кога незнаеш да ги распознаваш стрелките на саатот.. Дали си ти одговорен? Утре треба..." -и така натаму...На уметникот кој еден цел бесполезен муабет ќе го замени со вака генијално конципирано зборче, кое ионака нема да го испрецепираме воопшто, му симнувам капа... Less is more!

Што си во хороскоп?

Мистичен напиша:
Седите пијани и ви приоѓа некоја девојка полна со ентузијазам и ве прашува: "А што си во хороскоп?" На неа ова и е многу важно, затоа што во своето мало и слатко главче во момент ќе пресмета дали има смисла да продолжи да комуницира со вас или ќе ве остави и понатаму да седите сам.
Предлагам да одговорите - пијаница. Па девојката нека удри математика дали и вреди да се мачи за дечкото на кого Смирноф-от му е во асцедент, Т'гата во петтата куќа, а во подзнак е Walker.

Ти си од Скопје? Еј, го знаеш...

Мистичен напиша:
...Неверојатно е како секогаш кога ќе запознаеме некого кој е од место во кое имаме некој познат, имаме потреба да го испрашаме дали можеби го познава, без обзир дали се работи за некое село или главниот град...
Посебен е филингот кога некој од поголемите конверзира со некој од помалите градови. На пример мене, како Охриѓанец често ми се случува кога прв пат запознавам луѓе од Скопје да ме запрашаат: Дали го познавам Ристе, кој возел црвена Лада Рива со дупнат ауспух и имал сестра Мара која 98-ма година август месец имала црвена коса; Или Климе... Како кој Климе? Па мора да го знам Климе... Не дека е посебно познат, али мора да се знам со сите мои сограѓани.

Кога ќе го слушнам ова прашање, го игнорирам и кажувам брз виц, а потоа отсечно со неколку кратки удари под појас дури прашувачот е збунет му ја објаснувам бесмисленоста на горенапишаното :)
Или возвраќам во трипати по замарачка форма, прашувајќи го него дали ги познава Трајко, Петко...тука едноставно со големо задоволство ја пуштам имагинацијата да работи... Ако не сум задоволен од ефектот на контранападот, сепак ги применувам методите на игнорирање, брз виц и отсечни удари.
-------------
Special Bonus Stupid Question:

Што планираш?

Па, да се оженам до 30-та, ако даде бог, ако не кога ќе си дојде времето... Планирам да имам 3 машки деца; Факултет да се заврши, бизнис некој да се бркне, немора да имам многу пари, али ако ми падне секирата во медот, планирам да купам куќа на Кариби и таму да... Молим? А што планирам до крајот на денот те интересирало.... Па така кажи....

Special Ultra Stupid Question:

КАДЕ СИ?

Ѕвони мобилниот... Кревам слушалка и го веднаш го слушам ова екстремно глупаво прашање, кога е поставено од девојка со оштар тон, без притоа да направи интро со некое помалку глупаво прашање.

"Каде сум? Па злато мое, ако сакав да знаеш каде сум, ќе ти кажев и сам. Инаку ако инсистираш да знаеш- моментално сум во бордел, со црнкиња и азијатка во кревет... Да, да бордел... јас сум на средина меѓу двете, како мост на поврзување на истокот и западот. Извини, имам платено за два саата, а ми останаа 15 минути... Се слушаме покасно. Те сакам. Чао!"
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.495
Те гледа у униформа и те ПРАШУВА КАЈ УЧИШ?
 

Radical Boy

Говнојадец
Член од
21 април 2005
Мислења
3.529
Поени од реакции
59
Што има ново?„ и одкога ке се разбереш со некој од каде си кога ке те праша „Го знаеш....?„ се дефинитивно најглупавите прашања. На Што има ново, кога ке ми биде поставено, разговорот со особара завршува во следните 5 секунди, зашто му давам експресен одговор „Се оженив„ пе погледнува бледо и му викам „Мора да одам,ке се видиме„ зашто човек што го прашува ова прашање ниту него му е пријатно во муабетот а со тоа прашање и тебе, и да ти бил интересен муабетот, де сече и едвај чекам да избегам
 

Fantom

Chikara
Член од
4 јуни 2006
Мислења
11.453
Поени од реакции
812
Ко ќе си идам од нашколо баба ми секоаш: Си дојде? Јас: Не, уште сум таму...
Ко ќе излегвам, мајка ми: Кога ќе се вратиш? :tapp: Јас: Некогаш...
И без конкуренција најглупо: Спијаш?
Е не, играм карти ебате...
 

vmx

Член од
25 април 2005
Мислења
5.633
Поени од реакции
201
СпаЈдеР напиша:
Се сретнувам со некој другар у град,и ме прашува што правиш?...разговарам со тебе да му одговорам? :pos:
Мислам....и јас го поставувам понекад прашањево ама никогаш не сум ја сватил поентата..како и да е,прашањето е идиотско,а во Гевгелија со одговорот овака му доаѓа
-Шо си прајш?
-Ми ја... :pos: :pos:
Инаку "ми ја" значи "па еве"...глупости:tapp:
Тоа иде вака:

- шо праиш?
- шо да праиш!
- шо ќе праиш. :pos:
 

Diabolical !llusion

Магец
Член од
3 август 2006
Мислења
2.238
Поени од реакции
22
разговарале две баби на плетот..
првата: шо прајш?
втората: ми ја шо да прам..
првата : ми шо ќе прајш...


ихаа Водка бе,не знаев дека имаш и телепатски способности
 

girlll

§įмθπŞ ďª φΪШ
Член од
28 јануари 2007
Мислења
3.418
Поени од реакции
111
Moite omileni prasanja.. Sekad gi postavuvam.. Glupi se ama gi obozavam :
Ke ideme negde i zaso ne?

Ti be peder si ili da? :D
 

Fortune

шодаенешчо
Член од
9 мај 2005
Мислења
12.493
Поени од реакции
183
Мистичен напиша:
A чиј си ти?

Неверојатно, ама на некои луѓе, посебно на старите и во малите места, вашето потекло им е многу важна работа. Нема да ве прашаат што работите, ама ќе ги интересира кој ви е татко и дедо. Да не звучам прегрубо, откако ќе ја дознаат оваа информација, обично се љубезни и добри.
Меѓутоа, зошто овој податок им е важен не ми е јасно, а веројатно ни тие самите не знаат. Веќе е невозможно во некое село да дојде нечиј потомок, а веднаш да не се дознае чиј е. Бидејќи би можел да биде туѓинец. А да му е'бм мамк'та, така не може, ебаго...
Секако дека ќе бидат љубезни и добри, бидејќи некогаш за нешто ќе им се најдете во животот. Прост пример. Ако кажеш дека татко ти е доктор, веднаш очите ги ококоруваат, па стари луѓе знаеш, ако го сретнат по патеката додека одат на преглед, ќе го застанат, ќе му сврзат муабет и ете ти веднаш некој кој би им се нашол за услуга доколку е потребно.

За второто болдирано. Како може да се испушти таква работа? Посебно ако потомокот живее во странција, па ќе му биде препорачано некое невевче, па да си се ќердосаат. Еееее

Точно е тоа дека во помалите места потеклото им е важно, па презимето, па од чија фамилија си бла бла
Мора точно да се знае чија е девојката на внукот или дечкото на внуката, па цели приказни и историјати се разврзуваат после тоа:nesvest:


Најмногу ме нервира кога некој ќе ме праша:
Што ќе се пофалиш?

Е тогаш готова сум да паднам во несвест, се трудам да се воздржам да не избувнам, па што можам да одговорам освен „Ништо”? Тоа ти е исто како прашањето „Што има ново?” Секако дека нема да земам да раскажувам и објаснувам што е ново и да се фалам што ми се случило или сум направила.
Туууу се изнервирав.

Што има ново може да прашам некоја другарка со која нема да се видам неколку дена, но да прашам за нешто конкретно, знаејќи што било претходно и само апдејт да ми направи. Или па не морам ни да прашам, самата ќе си каже.
 

RealGirL

My LiFе...My ST0Ry
Член од
13 февруари 2006
Мислења
2.348
Поени од реакции
19
JeEnU GiRl напиша:
Те гледа у униформа и те ПРАШУВА КАЈ УЧИШ?
И што е глупо во прашањево?
Само од твоето средно или од твојот факс носат униформи?!:icon_roll
ах....:smir:
 
Член од
29 јануари 2007
Мислења
39
Поени од реакции
0
Mene mi e glupo "Kako e?" aj da ne bide ona standardno "Kako si?" aj neso da izmenime:) stvarno ima nekoj prasanja so vise mn mi se dosadni i nejkam da odgovaram na niv:)
 
Член од
27 јануари 2007
Мислења
62
Поени од реакции
0
Najglupo prasanje e:Da?,ti zboris i zboris i ti vika da? e ne be ne te lazam
 

BusHav

Е ајде де.....можеш и така
Член од
5 декември 2005
Мислења
4.343
Поени од реакции
81
Мистичен напиша:

A чиј си ти?

Неверојатно, ама на некои луѓе, посебно на старите и во малите места, вашето потекло им е многу важна работа. Нема да ве прашаат што работите, ама ќе ги интересира кој ви е татко и дедо. Да не звучам прегрубо, откако ќе ја дознаат оваа информација, обично се љубезни и добри.
Меѓутоа, зошто овој податок им е важен не ми е јасно, а веројатно ни тие самите не знаат. Веќе е невозможно во некое село да дојде нечиј потомок, а веднаш да не се дознае чиј е. Бидејќи би можел да биде туѓинец. А да му е'бм мамк'та, така не може, ебаго...
Ова прашање највеќе досега ми го имаат поставувано во Ресен,ама среќа што сум ресенчанец по татко,па им станува јасно на сите,особено па откако ќе им го кажам презимето(кое го делам со повеќе од пола Ресен хехехехехех).
Иначе добар дел од прашањата што беа спомнати досега ги имам поставено,некогаш намерно,некогаш не,со цел да се започне муабет,да скршам мраз или слично,а дека има некои стварно глупи-ИМА!
 

Kajgana Shop

На врв Bottom