Најглупите прашања...

Мистичен

Човек
Член од
23 јануари 2005
Мислења
13.578
Поени од реакции
1.097
Велат дека не постојат глупи прашања, туку само глупи одговори. Меѓутоа, има прашања кои се поставуваат "ради ред", кога одговорот не ве ни интересира и прашања на кои одговорот е толку логичен што е навистина глупаво да се постават.

Како си?

Добро сум, фала. Ова е најверојатно одговорот кој најчесто ќе го чуете, иако нема секогаш да биде искрен. Токму затоа, прашањето само по себе ја изгуби вредноста и се поставува автоматски за да се започне разговор, па затоа влегува во категоријата на најглупите прашања - освен ако не сте навистина подготвени да слушате монолог за туѓите проблеми.
Затоа, следниот пат кога некој ќе ве праша како сте, оддвоете време и изнараскажете му се за емоционалните фази низ кои сте поминале за цело време додека не сте се виделе, па така наредниот пат нема да ви го постави ова глупо прашање. А можете и едноставно да му одговорите "добро сум" и да продолжите по старо...

Дојде?

Ова е ултимативно и без конкуренција најглупото можно прашање. Јасно и логично е дека одговорот не може да биде "не". Знам дека понекогаш кога ќе ви го постават ова прашање, ви доаѓа да им одговорите "Не, седам на улица и се сончам" или слично.
Едноставно, не ни е јасно од каде доаѓа потребата да личноста која стои пред вас, ја прашате дали дошла. Зар некој очекува одговор спротивен од потврдниот?

Што си во хороскоп?

Седите пијани и ви приоѓа некоја девојка полна со ентузијазам и ве прашува: "А што си во хороскоп?" На неа ова и е многу важно, затоа што во своето мало и слатко главче во момент ќе пресмета дали има смисла да продолжи да комуницира со вас или ќе ве остави и понатаму да седите сам.

Те боли?

Постојат трагични ситуации во кои човек не може ништо да каже, на пример смрт на блиска личност или повреда. Сакате да кажете утешни зборови, но се што ќе излезе од уста звучи глупаво. Во такви моменти подобро е да се молчи и сочувството да се покаже со поглед или гест.
Ги обожаваме оние ситуации кога некој ќе се удри и се витка од болка правејќи болни гримаси на лицето, а ќе се најде некој "паметен" и ќе праша: "Те боли?" Во ред, знам дека тоа е со најдобра намера, во момент кога ништо паметно не ви текнува, но ве молам, подобро молчете отколку да поставувате вакви глупи прашања.

Ти си од Скопје? Еј, го знаеш...

Неверојатно е како секогаш кога ќе запознаеме некого кој е од место во кое имаме некој познат, имаме потреба да го испрашаме дали можеби го познава, без обзир дали се работи за некое село или главниот град. Секогаш постои некоја чудна вселенска можност дека се комшии.
А таквите информации не' воодушевуваат. Освен тоа, ова е одличен начин за почеток на конверзација. Само сетете се на некој Петко или Стојко и нема да згрешите, еден од нив сигурно излегува во истиот кафич, работи во иста фирма или е брат на дечкото на најдобрата другарка чиј татко работи со вујкото на оној кој го познавате...

Што има?

А што да има? Зезнете ја личноста која ви го поставува глупавово прашање и раскажете и се што се случило во светот во последната недела - Бритни е на терапија, преговорите со ЕУ сеуште не се на завидно ниво, Роналдињо потпиша договор вреден 130 милиони евра... и повеќе никогаш нема да ве праша таква глупост.

A чиј си ти?

Неверојатно, ама на некои луѓе, посебно на старите и во малите места, вашето потекло им е многу важна работа. Нема да ве прашаат што работите, ама ќе ги интересира кој ви е татко и дедо. Да не звучам прегрубо, откако ќе ја дознаат оваа информација, обично се љубезни и добри.
Меѓутоа, зошто овој податок им е важен не ми е јасно, а веројатно ни тие самите не знаат. Веќе е невозможно во некое село да дојде нечиј потомок, а веднаш да не се дознае чиј е. Бидејќи би можел да биде туѓинец. А да му е'бм мамк'та, така не може, ебаго...
 

Apash

Od kol na kol, kolot vo gazot!
Член од
10 март 2007
Мислења
567
Поени од реакции
15
Спиеш?!....
 
Член од
3 март 2006
Мислења
231
Поени од реакции
2
Мистичен напиша:

Како си?

Добро сум, фала. Ова е најверојатно одговорот кој најчесто ќе го чуете, иако нема секогаш да биде искрен. Токму затоа, прашањето само по себе ја изгуби вредноста и се поставува автоматски за да се започне разговор, па затоа влегува во категоријата на најглупите прашања - освен ако не сте навистина подготвени да слушате монолог за туѓите проблеми.
Затоа, следниот пат кога некој ќе ве праша како сте, оддвоете време и изнараскажете му се за емоционалните фази низ кои сте поминале за цело време додека не сте се виделе, па така наредниот пат нема да ви го постави ова глупо прашање. А можете и едноставно да му одговорите "добро сум" и да продолжите по старо...
Имам другар хипохондрик, ова прашање прекинав да му го поставувам, секогаш му е нешто што воопшто не ме интересира, нормално пошто си го измислува а јас немам време за да го слушам 10 минути како кука за неговиот грб и колку чекал пред докторот а го прими, удав!!!:uvo:
Мистичен напиша:
Дојде?

Ова е ултимативно и без конкуренција најглупото можно прашање. Јасно и логично е дека одговорот не може да биде "не". Знам дека понекогаш кога ќе ви го постават ова прашање, ви доаѓа да им одговорите "Не, седам на улица и се сончам" или слично.
Едноставно, не ни е јасно од каде доаѓа потребата да личноста која стои пред вас, ја прашате дали дошла. Зар некој очекува одговор спротивен од потврдниот?
Ова Дојде ти е опасна класика, мада ја сум фан и на еден негов братушед, т.е. Стана? или Буден си?

Некогаш намерно ќутам со благо подотворено око, да ги ѕиркам како стојат над мене и чекаат одговор. И да сум буден само ради тоа или се трудам повторно да заспијам, или станувам 5 минути откако кој и да бил што ме прашал ќе излезе од соба. :)
 
¯

¯\_(ツ)_/¯

Гостин
мене најглупо ми е ’’Шо ке се пофалиш’’....
 

kpbKENGUR

Devil's Advocate
Член од
25 јануари 2007
Мислења
5.132
Поени од реакции
201
чиј си ти?; стигна?; да не спиеш? - most annoying
 

Apash

Od kol na kol, kolot vo gazot!
Член од
10 март 2007
Мислења
567
Поени од реакции
15
Crazy P0Y0L напиша:
мене најглупо ми е ’’Шо ке се пофалиш’’....
или пак малку поразлично кажано ''Шо има ново бе?''
 

Fortune

шодаенешчо
Член од
9 мај 2005
Мислења
12.493
Поени од реакции
183
А да дадевте некое објаснување зошто ви е најглупаво тоа прашање што го пишавте?
 

PSYtisfaction

Царевата ќерка
Член од
30 јуни 2006
Мислења
3.922
Поени од реакции
527
Стварно се глупи. :pos:

А сепак, сите (освен последното) ги поставувам, кога правам некој рандом муабет ради реда. :nesum:
 

Apash

Od kol na kol, kolot vo gazot!
Член од
10 март 2007
Мислења
567
Поени од реакции
15
Apash напиша:
јас не разбирам кое е тоа објаснение и зошто е потребно да пишувам објаснение за ова прашање :uvo: .....премногу е очиглено
 

Vinnetou

Continium Transfunctioner
Член од
15 мај 2005
Мислења
3.513
Поени од реакции
482
Ти се пие вода? -не! Зашто?!
Ало, спиеш? -да! (после 5 мин.) Ало, се наспа?
 

Fortune

шодаенешчо
Член од
9 мај 2005
Мислења
12.493
Поени од реакции
183
Apash напиша:
јас не разбирам кое е тоа објаснение и зошто е потребно да пишувам објаснение за ова прашање :uvo: .....премногу е очиглено
Премногу е очигледно и кај прашањата што ги наведе Мистичен, па сепак има објаснување. Не е тешко да се каже што ако (си) се најдеш (нашол) во таква ситуација. Реакции, ова она... Не е тешко, нели?
 
Член од
3 март 2006
Мислења
231
Поени од реакции
2
Fortune напиша:
Премногу е очигледно и кај прашањата што ги наведе Мистичен, па сепак има објаснување. Не е тешко да се каже што ако (си) се најдеш (нашол) во таква ситуација. Реакции, ова она... Не е тешко, нели?
Без навреда но имам забележано дека на секоја можна тема истото го кажуваш, може ли објаснување. Нигде кога се зачленував на форумов не стоеше "постовите треба да се преочигледни и разбирливи за деца од предшколска возраст". Да не треба и степ бај степ инструкции со сликички? Ке треба малку мозгање, малку хтмл мајсторлук ама ке пробаме во иднина да ни личат постовите на инстал визадрче или на туториал.

Забегаф, да ама у секој случај за СПИЕШ објаснување не мора, во секој случај ѕирни 3-4 поста погоре, јас имам дадено.
 
¯

¯\_(ツ)_/¯

Гостин
и има едни теми кој што почнуваат:
Што со (парите,облеката,мачките(бла бла бла)).
Е што де?
 

курајбер

млад, потентен
Член од
29 јануари 2007
Мислења
16.690
Поени од реакции
48.910
''Кај си бе '' ?? е исто така многу глупо прашање Па ме гледаш кај сум бе несреќо една
 

Fortune

шодаенешчо
Член од
9 мај 2005
Мислења
12.493
Поени од реакции
183
Dimitri напиша:
Без навреда но имам забележано дека на секоја можна тема истото го кажуваш, може ли објаснување. Нигде кога се зачленував на форумов не стоеше "постовите треба да се преочигледни и разбирливи за деца од предшколска возраст". Да не треба и степ бај степ инструкции со сликички? Ке треба малку мозгање, малку хтмл мајсторлук ама ке пробаме во иднина да ни личат постовите на инстал визадрче или на туториал.
:pos:
Ма каква навреда дете, што ти е? И треба да забележиш.
И секако дека барам објаснувања, бидејќи не знам која би била поентата на една тема доколку сите пишеме по еден збор. Тука сме за да размениме мислења, да си реплицираме, да си кажеме што би направиле ако се најдеме во одредена ситуација, да сфатиме останатите на форумов зошто еден член мисли така и слично. Иф ју ноу уат ај мин:huh: Иф.

Dimitri напиша:
Забегаф, да ама у секој случај за СПИЕШ објаснување не мора, во секој случај ѕирни 3-4 поста погоре, јас имам дадено.
Oвој дел од постот ми е најинтересен:icon_lol:
Кој рече за тебе? Тоа важеше за тие што не дадоа објаснување.
Што би рекол еден паметен член од форумов: о-пуш-те-но.

И :back1:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom