У колку саатот играт... преги забравих да го питам на Драго у колку саато е утакмицата? и дали ќе дават на ТВ? ... Пошто не ми е у план да одам, а кога ќе кажам дека не одам барем си стојам на зборот.
ова е напишано и испратено од а1 теам на страна 102, пост број 1520
и овдека не го гледам зборот највероватно
КК СТРУМИЦА ШАМПИОН 2006/07
Кажах не реплицирам веќе на вакви пораки веќе.
Викендов се играат натпреварите од 15. коло во Првата лига - мажи.
Како најинтересен се оцртува натпреварот МЗТ Скопје - Струмица 2005. Марјан Лазовски за првпат ќе ги води аеродромските “сини“ на домашен терен. Но, неговата задача е доста тешка, бидејќи за противник го има актуелниот македонски шампион.
Струмичани беа непријатно поразени дома од Фени Индустри и евентуален нов пораз сосема ќе ги оддалечи од 1. место на табелата.
Фершпед Работнички влегува во ритам, има серија од 3 победи по ред. Утре вицешампионот е домаќин на Свисслион Пелистер, но не смее и да помисли на кикс, бидејќи му следуваат тешки гостувања во Кавадарци и Струмица.
По поразот од Фершпед Работнички, Амак СП ќе се сретне со Маврово во Скопје. Судејќи според моментниот однос на силите, Охриѓани се апсолутни фаворити и треба да се случи чудо, да не забележат убедлива победа на оваа средба.
Фени Индустри го пречекува Вардар Осигурување во последниот натпревар од ова коло, кој се игра во недела.
Во редовите на Кавадарчани играат Самарџиев и Ѓуров, кои минатата сезона ги бранеа боите на Вардар Осигурување.
Фени Индустри славеше убедливо на првиот меч во Скопје, што го прави фаворит во оваа средба, но во ниту еден момент не смее да се потценат искусните гости, кои оваа сезона веќе го совладаа Фершпед Работнички.
Распоред на одигрувањето на натпреварите:
8 декември (сабота)
МАВРОВО - АМАК СП
(Скопје, СРЦ “Кале“ - 16.30 часот),
ФЕРШПЕД РАБОТНИЧКИ - СВИССЛИОН ПЕЛИСТЕР
(Скопје, сала “Градски парк“ - 19.00 часот),
МЗТ СКОПЈЕ - СТРУМИЦА 2005
(Скопје, сала “Јане Сандански“ - 19.00 часот).
9 декември (недела)
ФЕНИ ИНДУСТРИ - ВАРДАР ОСИГУРУВАЊЕ
(Кавадарци, сала “Јасмин“ - 19.30 часот).
http://basketball.org.mk/novost.asp?id=1461