Фан клуб: Струмица

  • Креатор на темата Креатор на темата Billa Bong
  • Време на започнување Време на започнување
Navistina teska zdrepka no nema veza ke igrame .. I mislam deka so edna dobra igra mozeme da gi pomineme .. A tie veke smetat deka ne pominale no gresat ...
 
па и не сме лоши бе АЛООО!
Тасовски, Богоев, Соколов, Грне, Боби... цела репрезентација ебаго..
башка и тренерот...
странциве....
ПУБЛИКАТА!!!!!!
 
Имаме тим за евро-респект
Посетата на Минхен, присуството на ждрепката за ФИБА- Евро купот, беше прво евро искуство за струмичките "зелено-бели".

Пред с$ за претседателот Панајотис Карапиперис и неговите соработници, маркетинг-директорот Миле Милановиќ и соработникот од Грција, Костас Киријакидис.

Освојувањето на титулата донесе многу нови, пред с$ позитивни, промени во размислувањата на струмичани во поглед на она што ги чека во наредната.

Во преодниот рок се ангажирани Диме Тасовски, еден од најдобрите домашни играчи. Нов член на Струмица стана и Дарко Соколов, кој лани играше во украинскиот Кхимик Јужњи.

Потоа дојде ангажманот на Јовица Арсиќ, по кој уште едно репрезентативно име слета во Струмица.

И се чини дека нема да биде последното. И во разговорите со новите спортски пријатели од Загреб, поточно од Цедевита, Карапиперис, најави уште изненадувања исто така репрезентативни, што го прави македонскиот шампион екипа за европски респект.

"Излеговме во Европа од причина што сметаме дека сме прејаки за конкуренцијата во Македонија. Од ланската екипа во која останаа репрезентативците Ефтим Богоев и Тони Грнчаров, сега сме појаки за Дарко Соколов, кој беше на поширокиот список. Тука е и искусниот Диме Тасовски, кој исто така потпиша двогодишна обврска со нас. Се засиливме и со Гркот Ангелкис, кој ќе помага на бековските позиции. Ако се земе предвид дека во меѓувреме го донесовме и новиот македонски селектор Јовица Арсиќ, кој се согласи да седне на клупата на Струмица, мислам дека сепак сме респектабилен противник и во евро рамки. Пред с$ затоа што, прво и што е многу веројатно, ќе се засилуваме со уште неколку грчки кошаркари, а можеби во Струмица ќе наврати и некој Американец"- појаснува Карапиперис во срдечните разговори со челните луѓе на Цедевита.

Б. Радуловиќ
Пред крај договорот со Аврамовски

Во "интермецото" меѓу посетата на Минхен и враќањето во Струмица стана с$ поизвесно дека Струмица ќе добие уште едно репрезентативно засилување.

Претседателот Карапиперис најави дека е пред крај реализацијата на договорот со Синиќ Аврамовски.

"Очекуваме многу скоро финализирање на договор со Аврамовски"- изјави Карапиперис пред претставниците на хрватскиот клуб во Минхен.

Штом тоа го зборува првиот човек на шампионот, за очекување е скор потпис на договорот со младиот репрезентативен центар кој работи "под око" на Јовица Арсиќ за време на репрезентативните подготовки.

и3вор:http://www.sport.com.mk

Донесени се и 2 бугари и уште еден грк
 
Значи да се надеваме дека ке направи нешто Струмица надвор од Македонија поточно во Фиба купот....но Цедевита не е ни малку слаба има 2-ца странци поправо Американци сега сакал и Римац да дојде кој порано играше за Цибона незнам кој колку се сеќава на него но секој натрпевар даваше по 20 и више кошеви во Евролига....играше и за Аек.Незнам може со новите грци и другите засилувања ке успееме да ја поминеме Цедевита,не гледам како навивач за Струмица туку како човек кој сака да има клуб во еврокуповите и тоа од Македонија..
Напред Струмица:)
 
Една жална вест за љубителите на кошарката во Струмица.
Вчера почина Димитар Петков - Словенецот, долгогодишен кошаркарски спортски работник, тренер на млади категории, директор на Неметали Огражден, беше и во управата на Поло Трејд, а и денешна Струмица.
Денеска е погребан на градските гробишта во Струмица.
Бог да го прости!
 
Значи да се надеваме дека ке направи нешто Струмица надвор од Македонија поточно во Фиба купот....но Цедевита не е ни малку слаба има 2-ца странци поправо Американци сега сакал и Римац да дојде кој порано играше за Цибона незнам кој колку се сеќава на него но секој натрпевар даваше по 20 и више кошеви во Евролига....играше и за Аек.Незнам може со новите грци и другите засилувања ке успееме да ја поминеме Цедевита,не гледам како навивач за Струмица туку како човек кој сака да има клуб во еврокуповите и тоа од Македонија..
Напред Струмица:)
Грешка си , и двајцата јенки немаат уште потпишано договори и најверојатно нема да потпишат за ЦЕДЕВИТА така рекле луѓето од Загреб, а Римац е веќе стар и не знам колку може да се носи, ама сепак ке има мака додека да ги минеме а мислам дека ќе ги минеме. Ама после иде маката наречена РОСТОВ!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!
 
според мене ова болдираново е кошмар! најслабиот руски тим има милионски буџет така да...
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom