Сакам да се запишам архитектура но математика и физика баш и не сакам
Сакам многу ликовно и цртање затоа и ме влече овој факултет
Е сега со матуриве и подрачјата во 3година многу проблеми ни прават.
Мора ли да се иде математичко А или и со јазично-уметничко Б може да се влезе (со помош на ликовно)?
Како што прочитав приемноит со неколку приватни часови се поминува, математиката се учела што ме охрабрува
Само се мислам сега кое подрачје да го одберам да не ме зафркнат после за факултетов:/
Не мора, јас бев општествено хуманистичко подрачје (A) па еве сум, положив се од прва (што и не е некој успех кога си по ЕКТС, нормално е)
Како и да е, од голема полза е да имаш математика во 3-та и 4-та година. Не дека е тешка, туку полесно ќе си поминеш бидејќи прв семестар е повторување од средно барем за мене, дека не бев математичко А, а тие што беа математичко А скоро се им беше повторување. Пак ќе напоменам тоа не е гаранција дека ќе положиш, многу од колегите кои беа математичко А не ни стигнаа да слушаат математика во втор семестар, а тоа не беше поради незнаење туку поради мрзеливост.
Физика, во средно имав ама не учев, таква беше професорката, знаење не бараше, па затоа сега сфатив колку сум осакатена во тој поглед. Како и да е...
За положување се положува како што рече КиреМали по ЕКТС доволно е да собереш поени од вежбите (да решиш 2-3 примери од збирката и да ги разгледаш другите) за на вежби и на еден колоквиум да извадиш 10 од 20 поени - имаш 6ка. Ако ти е битно само да поминеш.
Испитот е далеку потежок од она што се паѓа на колоквиум. За статика и јакост на материјали се однесува ова, предмети во прва.
На крај, поважно е кои предмети ќе ги одбереш за матура бидејќи лани на тоа кратеа поени, за несоодветна матура. А тие поени всушност треба да ти помогнат при запишување, бидејќи поените од приемните беа слаби.
Се надевам дека помогнав иако малку доцнам со постот. :smir: