Сакам да студирам Архитектура

  • Креатор на темата Креатор на темата еци^^^
  • Време на започнување Време на започнување
Колешке,можеби и поради тоа што математика не влече друг предмет,па се сконцентриравме на оние стручните,барем за мене кажувам(и поради мрзеливост,точно :helou:)

Точно да и тоа донекаде, не ти влече предмети од втора па ајде (ист е случајот и со нацртна геометрија), ама поентата ми беше дека секој може да положи само треба да се потруди околу домашни и тука таму некоја задача пред колоквиум.
Башка не се жалете вие, ќе слушате со колешките од прва сега. :pipi:
Cruela DeVill напиша:
sea ke bidam 4ta, prirodno matematicko podracje (A). bi sakala da studiram arhitektura samo me buni toa so predmetite koi mozam/nemozam da gi polagam na drzavnata. sakam da zemam angliski, informatika, filozofija dali ke pominam so ovie predmeti? ili treba da zemam i matematika? inaku tie sto velat deka treba da se vlozi mnogu trud i vreme ne me plasat nego me interesira dali seto toa se isplaka na kraj t.e. dali moze da se najde rabota ovde kaj nas?

Предметите кои може да ги полагаш за матура ги имаш на веб страната на уким, не знам за оваа година мислам дека повеќе предмети може да се полагаат додека лани за нас екстерно исклучиво беше математика, а интерно филозофија и информатика. :smir:
 
Луѓе ај малце па на ваа тема. И јас сакам архитектура да студирам. Ама учам во средно електротехничко. Математика ми иде, цртање обожавам. Е сега дали може од електротехничко средно да се запишам на архитектонски. На пр што да почнам да вежбам за да поминам на приемните?
 
Јас сега сум 3 година гимназија (математичка) и сакам после 4-та да се запишам на Архитектонски факултет. Ги прочитав сите прашања и одговори, коментари, жалби се, на овој форум. Имам многу прашања поврзани со овој факултет. Ме интересира она за нацртна геметрија, цртањето, нацртна или како и да е, за приемните. Како можам да се подготвам за тоа. Исто така ме интересира кои предмети треба да се изберат за матура, за да можам да добијам повеќе поени? Дали се големи предностите тоа што сум математичка гимназија или не? И да Ви кажам искрено почнувам да се плашам дека во скоро време ке се откажам од овој факултет, се плашам да не направам ,,утка,, со тоа што него ќе го изберам?
Луѓе давајте совети, особено оние поискусните!!!!!!:nesum::uvo: hellp!!!
 
Планирам да се запишам на Архитектонски, само откако ќе завршиш би можел ли да најдеш работа, добро ли е платено? :)
Фала!
 
Daj kazuvajte koi predmeti se potrebni za polaganje na drzavnata matura za na ovoj fakultet i dali ima priemni
 
Луѓе ај малце па на ваа тема. И јас сакам архитектура да студирам. Ама учам во средно електротехничко. Математика ми иде, цртање обожавам. Е сега дали може од електротехничко средно да се запишам на архитектонски. На пр што да почнам да вежбам за да поминам на приемните?

И мене ме интересира тоа. Исто сум на електротехничко. Само што математика сум тапа, и цртање сакам многу. Дали постои нешто како Графика и Дизајн или пак Дизајн на ентериер?
 
Hi

Ve molam koj e zapisan na ahritektonski falkutet da mi dade msn za da go prasam nekolku prasanja za falkutetot.. poz
 
Конкурс за запишување во прва година во 2010/11 год

Kандидатитекои ќе сакаат да се запишат на Градежниотфакултет во Скопје ќе се бодираатсогласно постигнатиот успеход следните предмети:


1.Студии по градежништво (модел 4+1) и студии по геотхника (модел 3+2):
1.1 За кандидатите согимназиско средно образование:
екстерен испит
математика (основно ниво), или странски јазик
интеренииспити
физика, или информатика, или хемија
еден општообразовен предмет, по избор на кандидатот

1.2 За кандидатите сосредно стручно образование:

екстерен испит
математика (основно ниво), или странски јазик
интерни испити
еден стручен предмет според образовниот профил на кандидатот
еден општообразовен предмет, по избор на кандидатот
2.Студии по геодезија (модел 3+2):
2.1 Закандидатите со гимназиско среднообразование:

екстерен испит
математика (основно ниво), или странски јазик
интерни испити
физика, или информатика, или
еден општообразовен предмет, по избор на кандидатот
2.2 Закандидатите со средно стручно образование:
екстерен испит
математика (основно ниво), или странски јазик
интерни испити
еден стручен предмет според образовниот профил на кандидатот
еден општообразовен предмет, по избор на кандидатот.


Сакам да прашам околу болдираниот дел. Колку гледам никаде го нема спомнато предметот Македонски Јазик. Дали тоа значи дека не се зема во предвит оценката по Македонски јазик од Државната Матура.
 
има ли некој што оди на подготвителните на архитектура сега?
 
кога се точно приемните за упис на Архитектонски?
 
кога се точно приемните за упис на Архитектонски?

Уписи на 17/18.09.2010
Приемниот на 19.08.2010
Резултати на 26.08.2010
Решение од резултатите на 27.08.2010
Упис на факултет ако си примен/а на 30/31.08.2010
 
Сакам да прашам во врска со запишување на архитектонскиот факултет, дали во поените влегува и матурата или само успехот од средно образование и приемните испити...

„На Архитектонскиот факултет и на Факултетот за физичка културa кандидатите може
да освојат најмногу 100 поени, и тоа: успехот од средното образование учествува со 60%,
а успехот постигнат со проверка на знаењата и умеењата на кандидатите учествува со
40%.
Пресметка на бодовите од успехот во средното образование се врши на следниов
начин:
• бодовите од успехот од средното образование се добиваат согласно точките 5.а.1 и 5.а.2
од Конкурсот. Вкупниот добиен збир по овој основ се множи со коефициент 0,6. По оваа
основа може да се добијат најмногу 60 поени.
Пресметка на бодовите од проверката на знаењата и умеењата на кандидатите
• вреднувањето на успехот од проверката на знаењата и умеењата на кандидатите се
врши со бодување од 0 до 40 поени. Проверката има елиминаторен карактер. Не се
рангираат кандидатите што не добиле најмалку 10 поени.
 
Џабе ти градежничка академија ако не членуваш во тајно градежничко друштво, тоа е моето мислење.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom