5 пати ти го прочитав постот и пак не успеав да сватам што сакаше да кажеш!:uvo:
Кога една љубов преминува во омраза го менува само својот облик???
Точно е дека љубовта и омразата се мн.блиску,зашто не ретко кога едната престанува,настапува другата али не се согласувам дека тоа е промена на облик!
Да сакаме некого и мразејќи го..мислиш возможно е ова?Не би рекла! Омразата е тежок збор,треба некој ептен да те скрши,да те повреди кај што најмногу те боли,да те доведе до тој степен кај што ќе почнуваш да размислуваш па која е веќе смислата на твојот живот за да почнеш да го мразиш!Ама вистински да го мразиш,да си бесна и на фактот што исти воздух дишете..каде е тука љубовта??Остај ги ти тие убаво напишани фрази..те мразам што ме натера да те сакам и бла бла..!
И уште нешто... секогаш кога постои чувство на омраза, лутина или бес спрема некого, овде постои и љубов...ова сакам посебно да ми го објасниш,мислам ако имаш време..:raz: