Македонија има тим за спасување авиони, немало кој да го испрати во Мостар

Член од
29 јануари 2007
Мислења
23
Поени од реакции
1
Македонија има врвно обучени тимови за пребарување и спасување авиони според стандардите на НАТО, но немало кој да им издаде наредба да се подготват за спасувачка мисија во Мостар кога на 26 февруари 2004 година се случи авионската несреќа во која загина претседателот Борис Трајковски и осум негови соработници затоа што тогашниот државен врв проценил дека ниту одбраната, ниту МВР располага со таков кадар. Претседателот Бранко Црвенковски, дури и тврдеше дека Македонија денес, а уште помалку во 2004 година има обучени екипи што би можеле да реализираат спасувачка мисија ноќе во исклучително тешки временски услови, на миниран терен и на непознат простор во планинските предели на друга држава, во случајов Босна и Херцеговина.
Тимовите за барање и спасување авиони како што дознаваме биле формирани во 2001 година и функционирале во рамките на Военото воздухопловство и противвоздушната одбрана (ВВ и ПВО), а биле оспособени да даваат прва помош и да извршуваат задачи и на миниран терен во многу лоши временски услови, ноќе и на непознат простор.Тие дури и биле спремни на денот на несреќата да заминат за Мостар. Цел ден останале да чекаат наредба и дозвола на аеродромот Петровец, но тоа не се случило затоа што тогашниот министер за одбрана Владо Бучковски и началникот на ГШ на АРМ Методи Стамболиски на седница на Советот за безбедност информирале дека немаме обучени кадри за спасувачка мисија во БиХ. Ваквите тврдења на Бучковски, на Стамболиски, но и на врховниот командант Црвенковски предизвикаа револт кај експертите, кои како што велат поради неинформираноста на политичарите, се создава лажен впечаток и проблемот се лоцира на погрешно место.
Генералот Звонко Стојановски, поранешен командант на Военото воздухопловство и противвоздушната одбрана (ВВ и ПВО) тврди дека доколку во 2004 година биле ангажирани овие тимови најмногу за еден час би можеле да се префрлат на територијата на БиХ. Се разбира, со претходно одобрение од СФОР и од босанските власти за кои не се сомнева дека би дозволиле наши тимови да учествуваат во потрага по воздухоплов со кој патувал претседател на држава. Оспособеноста на тимовите за пребарување и спасување воздухоплови, како што дознаваме, била многу пати потврдувана на вежби кои се одржувале во организација на НАТО и во рамките на „Партнерството за мир“. На неколку такви вежби во Франција и на две во Бугарија кои се одржувале во текот на 2003 година македонските тимови биле оценети со многу високи оцени. Командантите на земјите членки на НАТО учеснички на вежбите биле воодушевени од тоа што имале да го покажат нашите тимови.

Инаку, ангажирањето на овие тимови одело преку МО или преку Генералштабот кои требало само да побараат од командата на Военото воздухопловство да бидат вклучени во евентуална спасувачка мисија.
- До 2001 година во рамките на Военото воздухопловство се вршеа тренинзи со Горската служба за спасување при Црвениот крст на Македонија. Од 2001 година со активирање на 501 падобрански одред во рамките на Военото воздухопловство и противвоздушната одбрана беа формирани тимови конципирани пред се да извршуваат мисии на барање и спасување и мисии за борбено барање и спасување. Дали некој не знаел или не сакал да знае за нивната обученост е друго прашање. Ако не знаел началникот, или министерот или сега претседателот можеле да ги прашаат своите потчинети и да дознаат со што располага АРМ – вели генералот Стојановски.
Во овие тимови имало по 12 луѓе кои биле оспособени да даваат прва помош, а имало и експерти за минско експлозивни средства и стручњаци за комуникација.Тимовите биле направени да можат да извршуваат најразлични мисии на сложени теренски и временски услови...

Види повеќе на:

http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=1&EditionID=1035&ArticleID=68168

Навистина не би коментирала однапред за моите ставови во однос на оваа тема, бидејќи не сакам да ве наведам на одреден одговор. Затоа слободно оставете ги вашите коментари :helou:
 
Член од
2 февруари 2007
Мислења
29
Поени од реакции
1
se e toa izrezirano scenario,dobro smisleno i izraboteno,no pravdata e slepa,no koga togas ke izleze na videlina
 
Член од
18 февруари 2008
Мислења
2.201
Поени од реакции
86
CSAR Combat search and rescue.Точно обучени а богами и одлично опремени тимови имаме.Другото не знам кој и што имал ќар.
 
Член од
14 декември 2007
Мислења
3.271
Поени од реакции
708
i so sea ... Amerikancite si go ubija Kenedi i si gi urnaa kulite i nikomu nisto a ti tuka otvaras tema za nekojsi bezvezalen tim
 

ABC

“градител“
Член од
24 февруари 2005
Мислења
15.696
Поени од реакции
192
i so sea ... Amerikancite si go ubija Kenedi i si gi urnaa kulite i nikomu nisto a ti tuka otvaras tema za nekojsi bezvezalen tim
Итоа тим кој работи само тогаш кога навистина нема потреба.Во случај на вистинска потреба го нема никаде.Подобро би било истиот тим да го пратат во Ирак или Авганистан барем да си заработи плата.:toe:
 
Член од
18 февруари 2008
Мислења
2.201
Поени од реакции
86
Тој тим истиот си ја изработи за пожарите.И си ја надработи.ОДмори малку.
 

ABC

“градител“
Член од
24 февруари 2005
Мислења
15.696
Поени од реакции
192
Тој тим истиот си ја изработи за пожарите.И си ја надработи.ОДмори малку.
А тоа е противпожарен тим,па сум ја згрешил темава изгледа,извини.:toe:
 
Член од
18 февруари 2008
Мислења
2.201
Поени од реакции
86
А тоа е противпожарен тим,па сум ја згрешил темава изгледа,извини.:toe:
Не бе батка они се сестрани момци.Ти реков одмори.Си се докажале они кај треба нема потреба ти да одредуваш кој каде ке си го заработува лебот.Ти кажав убаво дечките се обучени меѓу другото и за CSAR.Значи можеле да отидат и да си ја извршат својата должност.Тоа што некој не ги пратил подлежи на командна одговорност.Хиерархија.И скрати ја иронијава молим те.
 

ABC

“градител“
Член од
24 февруари 2005
Мислења
15.696
Поени од реакции
192
Не бе батка они се сестрани момци.Ти реков одмори.Си се докажале они кај треба нема потреба ти да одредуваш кој каде ке си го заработува лебот.Ти кажав убаво дечките се обучени меѓу другото и за CSAR.Значи можеле да отидат и да си ја извршат својата должност.Тоа што некој не ги пратил подлежи на командна одговорност.Хиерархија.И скрати ја иронијава молим те.
Абе се угушив лани од гаснење во Битола,и уште ги чекам ветените пари како доброволец,си се докажале таму кај што сите се докажуваат а најмалкуонаму за каде се обучени.Се знае бе брат,требало сами да поднесат иницијатива а не да чекаат Борис да им се јави од местото на настанот.Туку господ нека ги прости жртвите кој ги запалија во таа несреќа,не оти тимот ќе помогнел нешто.:toe:
 
Член од
22 април 2005
Мислења
2.492
Поени од реакции
1.120
Абе се угушив лани од гаснење во Битола,и уште ги чекам ветените пари како доброволец,си се докажале таму кај што сите се докажуваат а најмалкуонаму за каде се обучени.
каква врска има тоа што ти си се угушил со поентата на темата дека тим имаме, ама не бил пратен?


ама затоа...
Се знае бе брат,требало сами да поднесат иницијатива а не да чекаат Борис да им се јави од местото на настанот
даваш одговор дека, пази молимте, требало сами да поднесат иницијатива

сигурно мислиш дека си кажал нешто многу умно. се повеќе ми се потврдува мислењето дека си бот. бидејќи волку глупости човечки мозок колку и да е туп не може да изнесе. сепак се 11.000 на број.

два дена не знаевме каде е авионот на претседателот, и дал се живи или мртви. т.е. знаевме дека се мртви. така јавија. бидејќи очигледно требало да се мртви.
израелците, на пример, кога гостуваше нивната репрезентација во кошарка, го пратија мосад недела дена пред, испитаа хотели, патишта, храна, сала, аеродром, па после дојдоа нивните. и тоа кошаркари.

ние што направивме за првиот човек? - чекавме маглата да се крене.
а според изјавите како теренот бил недостапен, колку било невозможно.. искрено помислив дека акнале во чело на некоја падина, ја замислував дека е 80% стрмина, карпи и дрва и дека таму спуштање исклучиво со јажиња од хелихоптер. само ми беше чудно како таков терен може да биде миниран.
потоа испадна теренот ливада

што е најтрагично, тимот ни утредента не беше пратен. воопшто.

државниот врв наш одлучи да преноќиме, да си преспиеме на раат една ноќ, па рано-рано сабајле, ако е маглата крената ќе праиме чаре.
легенте си сите, добра ноќ нека ви е, утре ќе го бараме претседателот..
 

AtoM-AnT

Dexter
Член од
3 септември 2008
Мислења
4.530
Поени од реакции
583
До сакање на тимот ли е?

Тој што требало да ги прати, да им даде дозвола побарај го.
Ona pederceto BC ima vmesano prsti ovde bidejki vecerta pred da zamine g-not Trajkovsk za Mostar tojkoga davase intervju mnogu se potese a sto nikogas ne mu se slucilo,barem na lazhachi kako nego ne se sluchuva?Deka ima nesto ima,nekoj vmeshal prsti pa sega neka mu e na chesta!
 

Kajgana Shop

На врв Bottom