Бегање од часови

  • Креатор на темата Креатор на темата Стеф:]
  • Време на започнување Време на започнување
Во основно не бегав, немаше шанси, училиштето беше мало, ние како ученици исто така малку, сите наставници не` знаеја и веднаш ќе забележеа доколку некој фалеше.

И средното ми беше строго во поглед на отсуства, но секако помалце отколку основното.
Тука беше глупаво што за се` и сешто мораше да се доведе родител да те оправда.
Па така, во III-та година избегав два пати од хемија и татко ми беше приморан да дојде да ме оправда лажно дека ми се слошило и затоа сум отишол дома, па поради тоа веќе не практикував да му кажувам да ме оправдува и си продолжив со бегање (единствено и само од тој предмет, бидејќи не го сакав) уште 3-4 пати, само што тоа беше ептен на крај на година и класната ни ги оправда тие изостаноци.

Е веќе во IV-та, особено во второ полугодие, колективно цел клас бегаше, освен оние кои што имаа претерана цифра на неоправдани и мораа да остануваат на часови. Се сеќавам дека уште неотиден на школо, си планирав од кој час да си одам :pos: Едноставно не се седеше, сите ми беа петки, немаше потенцијален ризик да ги расипам баш пред крај, и на професорите веќе не им се предаваше (нечест на исклучоци).
 
Ова како погодена тема неделава ми е :D

Оној четврток требаше 7ми час да правеме тест по хемија.. и ние учиме (ги имавме и тестовите али друга прича тоа... не се знаеше дали се истите)

Ама ко за инат (али не) наставничката по англиски не беше на училиште и 3ти слободен.. и почнува големиот одмор, и сите знаат немаме час потоа, и си заминаа половина и повеќе кои живееја близу дома...

Е сега ние 5-6 женски мислевме да си одиме откако ќе заврше одморот (незнам зошто:toe:) и завршувва одморот, започнува часот и доаѓа заменик директор(ката) и ни вели ајде Хемија имате (часот 5 минути почнат иначе) и ние, ама тест правиме, почнат е часот, половина одд го нема... И оваа "Не ми е гајле ќе ги најдете и Хемија ќе имате. И ние добро, испаднавме го најдовме цело одделение и си заминавме, не дојдовме, па не викаа директорот, заменик директорот, педагогот и наставничката, а ние за жива глава не доаѓаме, каков тест какви бакрачи не одиме бе...

И дојде и класниот па заменик директоркава ни вели "Ќе имате сите до еден незадоволително поведение" (и нас мува не не` лази)

На "советот" дознавме дека било изгласано да не ни се намалело поведение, со заклучок: Сме биле во право! :)
 
Никогаш немам бегано од часови и нема ни да бегам , и не ги оправдувам на тие што бегаат-глупо е
 
Стеф:];517350 напиша:
zasto begate?
zoso na primer ne mu kazeme na nastavnikot deka ne boli stomak ili slicno.
:pos2::pos2::pos2::pos2::pos2:

Оди кажи и на некоја изживеана лудача со 70 години стаж у школо :)Ќе те стрела :)
 
Бегам само кога сум сигурен кај некоја комуњарка дека ке го јадам стапот, инаку ако немам потреба не бегам
 
јас не да немам среќа со бегање од часови:tapp:

Лани избегав од физика и наредниот час не испрашуваше сите што избегавме за лекцијата што ја учеле тој час и на сите ни стаи кецови зошто нормално никој не ја знаеше

Пред 2-3 недели избегав со уште 17 души од клас од географија и на сите ни стаила кец во дневник и плус неоправдан

:uvo:
Неоправдан смее да стави. Но 1 во дневник ?
Како ви стави? Неосновано , неиспрашано или ве испраша па ви стави??
Ако не ве испрашала а ви ставила можете слободно да ја пријавите кај класниот,директорот... Било кој надлежен !
 
Jao! Jes da mrzam ali koa begaat poveketo begam sekako i ja.
Inace me nervira toa. Sekad sam si kidam zaso ima golemi shansi da ne me primetat i da ne me zapishat,i neso da se opravdam kaj klasnata so nekoj gluposti.
 
Бегав и тоа како во средно посебно во четврта година. Мене ми беше лесно зашто не ме приметуваа професорите дека ме нема и затоа на крај имав само 8 неоправдани а сигурно требаше да имам над 40.
 
Неоправдан смее да стави. Но 1 во дневник ?
Како ви стави? Неосновано , неиспрашано или ве испраша па ви стави??
Ако не ве испрашала а ви ставила можете слободно да ја пријавите кај класниот,директорот... Било кој надлежен !

Кец да ми стави за бегање?
Ќе му пукам во колено.

Инаку кај мене, кога се договараме за колективно бегање сме ептен несложни.Ако пример бегаме 7ми час и се договориме уште на втори час дека ќе бегаме сите ќе испорипаат ајде ајде да бегаме.Ќе дојде 5ти час и ќе им помине еуфоријата и ништо.И само јас и уште некои тврдокорни кон бегањето ќе ја летнеме.Сам така не бегам, само 2пати имам избегано.А ако се спомне групно да бегаме, без разлика дали сум научил или не, го сакам предметот или не, ако спомне некој бегаме колективно јас веднаш преминувам на мобилизација на класот:pos:
 
Јас пак че го пукам во глава!:violent1:Кај мене исто како кај егзотичниов дечко горе(:pos2:)класот е доста не сложен така да се бега во мали групи-партизански одреди(10души најмногу).Порано често бев во групата која организира и после неуспешниот обид за бегање го извлекуваме нај дебелиот крај.Сега сум само активен учесник...
Јас викам или колективно или сам-ништо помеѓу бидеќи многу лесно може да настрадаш.
 
Јас пак че го пукам во глава!:violent1:Кај мене исто како кај егзотичниов дечко горе(:pos2:)класот е доста не сложен така да се бега во мали групи-партизански одреди(10души најмногу).Порано често бев во групата која организира и после неуспешниот обид за бегање го извлекуваме нај дебелиот крај.Сега сум само активен учесник...
Јас викам или колективно или сам-ништо помеѓу бидеќи многу лесно може да настрадаш.

Aбе друго е со тебе....ти си ипак Чак Норис:)
 
Неоправдан смее да стави. Но 1 во дневник ?
Како ви стави? Неосновано , неиспрашано или ве испраша па ви стави??
Ако не ве испрашала а ви ставила можете слободно да ја пријавите кај класниот,директорот... Било кој надлежен !


Ах Блинд...тоа ти се вика Вангелица и се е можно....кој и да и избега од испрашување му става кец и ич око не и трепка...колку за споредба таа предавала и на мајка ми и татко ми на мене и на братучедка ми:uvo:цела фамилија ебаго....и искрено ич не сум изненаден...а ти иди и кај сакаш жали се...со еден збор тоа ти е Вангелица:salut:
 
Неоправдан смее да стави. Но 1 во дневник ?
Како ви стави? Неосновано , неиспрашано или ве испраша па ви стави??
Ако не ве испрашала а ви ставила можете слободно да ја пријавите кај класниот,директорот... Било кој надлежен !
еее тоа ти е вештерката од орце
неиспрашани бевме и ни стави кец
пријавено е кај директорот и и било наредено да ни даде на сите да поправиме но идиотката си предава нови лекции и треба 45 минути да ја молиш да те крене за да поправиш:toe:

и сеа нема шанси да имам 5 на крај заради тоа што неиспрашана добив 1 :uvo:
 
Во основно немав ни 1 неоправден ама во средно... имаше неколку :)
1год. 0 неоправдани (само јас и едно друго дете од класот бевме со 0) :salut:
2год. 9 неоправдани

3год. 8 неоправдани

4год. 9 неоправдани
 
Прво тромесечје е...моментално имам само 3 неоправдани додека во основно беа многу повеќе но таму повеќе не толерираа послесно оправдуват и нема толку големи мерки во основно во 8мо одд имав околу 25-30 неоправдани но скратив околу 20 кога ги читаше класната а ние запишувавме на лист :pos: а оправдани имав околу 150 рекорд во 8мо!:):) Нон стоп ги кратeв и пак многу на крајот :pos:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom