Кецман е херојот на "црно-белите" владетели!
Цибона - Партизан 74:75
(14-15; 17-16; 13-13; 16-16; 14-15)
Арена во Загреб. Гледачи: 16.200. Судии: Пукл-Болтаузер-Јавор (Словенија)
ЦИБОНА: Врбанц, ГОРДОН 31 (5ск), БОГДАНОВИЌ 5 (4ск), Брнас, Троха, Радошевиќ (3ск), ВУКУШИЌ (4ск.1ас), Андриќ 2 (5ск), БАГАРИЌ (4ск), Зубчиќ, Удрих 5 (1ск,1ас), ТОМАС 31 (4ск,3ас);
ПАРТИЗАН: РОБЕРТС 13 (14ск), Синовец, МЕК КЕЈЛЕБ 7 (4ск,2ас), КЕЦМАН 7 (1ас), Милошевиќ, Рашиќ 11 (2ск,2ас), Митровиќ (1ас), Божиќ 11 (ас), Мариќ 14 (11ск, 2ас), ВЕСЕЛИ 8 (4ск,3ас), Џекиќ, ВРАЊЕШ 4 (4ск);
Белградски Партизан четвртипат по ред во серија е ново-стариот победник на Јадранската лига.
"Црно-белите" ја одбранија титулата во Загреб, а го слават Душан Кецман.
Имаат и зошто да го направат јунак затоа што во последните секунди, шест десетинки од последната секунда од продолжението, со шут од својата половина бекот на Партизан го погоди кошот на Цибона, а на својот тим му донесе голема радост и уште поголема победа од 75:74 во шестото учество во последниот меч на НЛБ лигата по ред...
Не само првото полувреме, воопшто целиот дуел помина во доста изедначена игра. Освен ако не се исклучат првите две минути од вториот период во кои Партизан направи плус 8 (22:14), с$ друго беше во егал.
Но Американецот на Цибона, Гордон, со помош на Томас (искомбинираа дури 29 поени), ја поправија сликата за домаќинот. И до одморот "цибосите" успеаја да изедначат (31:31).
Ништо не се промени ни откако двата финалисти излегоа од соблекувалните. Партизан беше екипата која имаше предност, но не поголема од три поени, која расположениот Томас, и тоа со тројка ја "поништи" за 44:44 по три одиграни четвртини во преполната загрепска Арена.
А колку беше изедначен овој меч говори и тоа дека за да се добие победникот мораше да се одиграат и дополнителни пет минути, откако оние регуларните завршија 60:60.
А во нив, прво Лоренс Робертс го донесе Партизан на +4 (71:67), но двете тројки на Томас, па на Богдановиќ ја донесоа Цибона пред целта.
Сепак, Партизан го има Кецман, кој со шут за историја, го украде шоуто и радоста на "цибосите", и тоа пред очите на нивните навивачи, за исто сценарио, втора година по ред...
Кецман: Среќата ги следи храбрите!
"Кога јапримив топката, гледав да ја исфрлам што побрзо. Гледав во неа, видов дека оди кон таблата, а потоа, како по некој 'налог' и во кошот. Навистина е фраза, но среќата ги следи храбрите"- изјави Кецман по невидената тројка во финалето.