Омилен NBA кошаркар

Член од
11 јули 2008
Мислења
2.912
Поени од реакции
1.567
Додека играше у NBA тоа беше Iverson, а сеа Durant има претензии да го преземе приматот „Омилен кошаркар“. :)
 
Член од
20 август 2007
Мислења
2.252
Поени од реакции
312
Да не се лажеме, Брајант е човекот! И тоа повеќе од децeнија! :smir:
 
Член од
19 мај 2008
Мислења
1.931
Поени од реакции
507
^ Штом го мешате Данкан морам да одговорам:).
Да се разбереме омилен NBA кошаркар е прашање на вкус. Значи некого може омилен кошаркар да му биде и Монта Елис и тука нема ништо спорно. Е сега ако зборуваме кој е подобар тогаш тоа е друго прашање (доста дискутабилно). Ти на пример Карл Мелоун го ставаш пред Гарнет и Данкан, според мене Данкан е најдобра 4-ка која играла во NBA. Не само поради фактот што има освоено 4 шампионски прстени (бидејќи и Миличиќ има освоено еден), туку поради тоа што тој е разликата која придонесе Сан Антонио од просечен тим да стане шампионски. Нешто што не му успеа ниту на Дејвид Робинсон. Вистински лидер на теренот, одличен и во напад и во одбрана. Човек кој секогаш ја превзема одговорноста. Тој е најзаслужен за 4-те шампионски титули на Спарси. 3 пати прогласен за MVP на финалните натпревари, 2 пати MVP на регуларната сезона и уште ред други признанија (да не ги наведувам). Фактот дека Мелоун не успеа да ја предводи Јута до шампионски прстен е голем минус за него, бидејќи најдобрите (Michael Jordan, Magic Johnson, Kareem Abdul-Jabbar, Larry Bird, Kobe Bryant, Shaquille O'Neal, Tim Duncan и останатите) имаат освоено титула (причина поради која и Леброн го напушти Кливленд). Тоа е само уште една од причините поради која Данкан би го ставил пред "Поштарот".
Во таа конотација "V-United" ти спомена за прстените.:smir:
 
Член од
1 март 2009
Мислења
8.636
Поени од реакции
10.380
Така е Данкан е најдобрата 4ка во историјата а Мелоун, Баркли и Гарнет се зад него.
Се надевам Блејк Грифин може да се доближи до ова друштво во иднина
 
Член од
14 ноември 2008
Мислења
3.418
Поени од реакции
856
^ Штом го мешате Данкан морам да одговорам:).
Да се разбереме омилен NBA кошаркар е прашање на вкус. Значи некого може омилен кошаркар да му биде и Монта Елис и тука нема ништо спорно. Е сега ако зборуваме кој е подобар тогаш тоа е друго прашање (доста дискутабилно). Ти на пример Карл Мелоун го ставаш пред Гарнет и Данкан, според мене Данкан е најдобра 4-ка која играла во NBA. Не само поради фактот што има освоено 4 шампионски прстени (бидејќи и Миличиќ има освоено еден), туку поради тоа што тој е разликата која придонесе Сан Антонио од просечен тим да стане шампионски. Нешто што не му успеа ниту на Дејвид Робинсон. Вистински лидер на теренот, одличен и во напад и во одбрана. Човек кој секогаш ја превзема одговорноста. Тој е најзаслужен за 4-те шампионски титули на Спарси. 3 пати прогласен за MVP на финалните натпревари, 2 пати MVP на регуларната сезона и уште ред други признанија (да не ги наведувам). Фактот дека Мелоун не успеа да ја предводи Јута до шампионски прстен е голем минус за него, бидејќи најдобрите (Michael Jordan, Magic Johnson, Kareem Abdul-Jabbar, Larry Bird, Kobe Bryant, Shaquille O'Neal, Tim Duncan и останатите) имаат освоено титула (причина поради која и Леброн го напушти Кливленд). Тоа е само уште една од причините поради која Данкан би го ставил пред "Поштарот".
Во таа конотација "V-United" ти спомена за прстените.:smir:
Во ред, сфаќам шо сакаш да кажиш. Али, ги однесе 2 пати во финале. Не знам дали си ги гледал натпреварите, два пати финалните серии завршија 4-2 ама беа максимално изедначени.
И тука во цело објаснување пропушти еден најбитен фактор. Мелоун како противник го имаше Џордан, најдобриот на сите времиња. Ко ќе додајш дека го имаше и Пипен како соиграч и Џексон за тренер ... мислам дека ми ја сфаќаш поентата :).
Имаше интересна дебата пред некое време на ТНТ ОТ, не знам дали ја имаш гледано. Кени и Чарлс дебатираја колку прстени ќе имаја останатите големи тренери, особено Слоун, доколку не беше Фил Џексон :).

Инаку, да се разбериме, и јас го клавам Данкан во најдобрите крилни центри на сите времиња :)
 

POWER-MKD

Per aspera ad astra
Член од
1 март 2008
Мислења
4.763
Поени од реакции
645
Од старата гарда- Алонзо Морнинг :). Сеа веќе послабо следам НБА.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom