Е драги мои соговорници, барам совет ваков: Сакаме да ме земеме маче, арно ама имаме дома 11 месечно бебе кое ништо не разбира, е сега совет барам дали можам да земам маче, какво маче пред се сакам домашно маче некое кротко, сепак со деца ќе живее и да е мало... Ај ве молам некој расположен што има искуство околу проблемов да ме упати и советува?
Благодрам:smir:
Епа вака можеш и нерасно да си земеш,но само ако е чувано во домашни услови од мало со мајката,оти од улица ако си прибереш не е сигурно можеби има некоја болест.
Ако сакаш расно маче,во Македонија нема некој си голем избор на расни мачки, 5-6 раси има,а од нив најчести се Сијамските и Персиските мачки.
Јас имам Сијамско маче и тие мачки се многу темпераментни и живи и нонстоп трчкаат и си бараат занимација.
Нивна добра страна е што непуштаат влакна,единствена раса на мачка што не пушта влакна е Сијамската и во тој поглед нема да се плашиш дали детето ќе ти голтне влакно или не.
Е сега нивниот карактер најмногу личи на куче па затоа и често Сијамските мачки ги викаат
кучиња во мачешко тело ,бидејќи навистина многу се приврзуваат за газдите.
Е сега имало случаи кога сијамски мачки биле во домот пред да се роди бебето, ги напаѓале бебињата од љубомора затоа што газдите не им го посветуваат истото внимание на нив,но во овој случај бидејќи бебето е пред мачето родено и мислам дека нема да има никаква љубомора од страна на сијамската мака бидејќи мачето ќе израсне со бебето.
Тоа е во кратки црти за Сијамските мачки,ако уште нешто поопширно те интересира за Сијамките слободно прешеј ме.
Е сега ајде малку и за Персиските да кажам збор два,
Со персиските мачки ќе си имаш огромен проблем со влакната,многу пуштаат влакна и буквално ќе ги имаш насекаде.
Карактерот им е многу мрзлив и нонстоп спијат и нема ни да осетиш дека чуваш мачка во домот,заразлика од Сијамките кој што се целосна спротивност во карактерот од Персиските.
Јас лично немам израснато со маче,но имам израснато со куче,и кучето во стан со мене си седеше од мала и ете досега ништо не ми е од влакната,бидејќи исто и за кучињата викаат дека било опасно влакното,но нема врска.
Треба само редовно да се вакцинира и да се даваат апчиња за прочистување од глисти и нема да има никаков проблем,слободно земете си маче.