Мачки (општи дискусии)

Луси

extreme
Член од
17 септември 2008
Мислења
6.829
Поени од реакции
20.261
Е драги мои соговорници, барам совет ваков: Сакаме да ме земеме маче, арно ама имаме дома 11 месечно бебе кое ништо не разбира, е сега совет барам дали можам да земам маче, какво маче пред се сакам домашно маче некое кротко, сепак со деца ќе живее и да е мало... Ај ве молам некој расположен што има искуство околу проблемов да ме упати и советува?
Благодрам:smir:
 
Член од
20 ноември 2008
Мислења
6.104
Поени од реакции
2.514

Јас знам еден другар мој шо чува мачка и тој има домаму дете старо година и нешто, и немаат некој проблем, детево си игра со мачево, му се качува ушка го трга за опаш и ништо не му прави, мислам дека се зависи до детето а и до мачето, на мојана ак ја тргниш за опаш лом ќе те сторит. Е сега, лошо е шо на пример детето ползи по земја, ќе ја гали мачката, ќе игра со неа а после то раце в уста ќе ги пикне, ќе голтне некое влакно, а имам чуено дека влакно од мачка било многу лошо да си голтнел.
 
Истото ми го имаат кажано и од тоа ми е страв, опасни биле многу влаканата од мачки е сега викам чеј да видам формуџииве може знаат некоја тактика за волко сит и офците на број..
 
Член од
9 август 2008
Мислења
218
Поени од реакции
109
Истото ми го имаат кажано и од тоа ми е страв, опасни биле многу влаканата од мачки е сега викам чеј да видам формуџииве може знаат некоја тактика за волко сит и офците на број..
Јас израснав со мачки и кучиња па еве ме здрав и прав (да чукнам у дрво), а тие ветринарски причи се само за плашење луѓе. Ќе си земеш некое обично маченце питомо ќе го оденесеш на ветринар ќе го вакцинираш и нема од што да се плашиш, тие се хигиенични ако живееш во куќа надвор ќе оди по потреби, ако си во стан ќе му купиш тој песок и стави му на тераса, не јадат многу, пожелно е да го научиш на сува храна и то, среќно и весело детето ќе ти израсне со маче. :)

Edit:
Али ипак ти си знаеш обрати се кон стручни лица.
 
L

Lu

Гостин
Е драги мои соговорници, барам совет ваков: Сакаме да ме земеме маче, арно ама имаме дома 11 месечно бебе кое ништо не разбира, е сега совет барам дали можам да земам маче, какво маче пред се сакам домашно маче некое кротко, сепак со деца ќе живее и да е мало... Ај ве молам некој расположен што има искуство околу проблемов да ме упати и советува?
Благодрам:smir:
Епа вака можеш и нерасно да си земеш,но само ако е чувано во домашни услови од мало со мајката,оти од улица ако си прибереш не е сигурно можеби има некоја болест.
Ако сакаш расно маче,во Македонија нема некој си голем избор на расни мачки, 5-6 раси има,а од нив најчести се Сијамските и Персиските мачки.
Јас имам Сијамско маче и тие мачки се многу темпераментни и живи и нонстоп трчкаат и си бараат занимација.
Нивна добра страна е што непуштаат влакна,единствена раса на мачка што не пушта влакна е Сијамската и во тој поглед нема да се плашиш дали детето ќе ти голтне влакно или не.
Е сега нивниот карактер најмногу личи на куче па затоа и често Сијамските мачки ги викаат кучиња во мачешко тело ,бидејќи навистина многу се приврзуваат за газдите.
Е сега имало случаи кога сијамски мачки биле во домот пред да се роди бебето, ги напаѓале бебињата од љубомора затоа што газдите не им го посветуваат истото внимание на нив,но во овој случај бидејќи бебето е пред мачето родено и мислам дека нема да има никаква љубомора од страна на сијамската мака бидејќи мачето ќе израсне со бебето.
Тоа е во кратки црти за Сијамските мачки,ако уште нешто поопширно те интересира за Сијамките слободно прешеј ме.

Е сега ајде малку и за Персиските да кажам збор два,
Со персиските мачки ќе си имаш огромен проблем со влакната,многу пуштаат влакна и буквално ќе ги имаш насекаде.
Карактерот им е многу мрзлив и нонстоп спијат и нема ни да осетиш дека чуваш мачка во домот,заразлика од Сијамките кој што се целосна спротивност во карактерот од Персиските.

Јас лично немам израснато со маче,но имам израснато со куче,и кучето во стан со мене си седеше од мала и ете досега ништо не ми е од влакната,бидејќи исто и за кучињата викаат дека било опасно влакното,но нема врска.
Треба само редовно да се вакцинира и да се даваат апчиња за прочистување од глисти и нема да има никаков проблем,слободно земете си маче.
 
F

FilipMacedon

Гостин
Ај едно прашање до газдите на мачките??
Во последен период на мојот мачор почна да и одпаѓаат влакна ненормално,дури и кожата му се гледа...и што е најинтересно не престанува да му паѓаат.Признавам во последен период го запоставив малку,слабо го чешлав,ама не ми е верно дека му е од тоа...некој со вакво слично искуство??
 
Како прво би те прашала, дали излегува надвор мачорот?
Оти ако излегува надвор можно е да бил во контакт со некој болен заразен мачор, па му се пренела болеста на твојот.
А ако не излегува од дома, незнам од што би можело толку многу да му паѓаат влакната.
Најдобро однеси го на ветеринар и ќе ти кажат од кој причина му паѓаат влакната и ќе ти дадат маст.
За вакви случаи кога паѓаат влакната, купи ја маста „Хлорамфеникол„ одлична е.
 
Член од
20 февруари 2011
Мислења
56
Поени од реакции
16
Здраво на сите форумџии.Јас сум нова на форумов и се регистрирав за да побарам помош од вас. Се решив да пишам овде затоа што имате развиено доста добри дискусии на оваа тема .

Мојот проблем е следниот: Си чувам едно маче скоро две години , го имам од мало.Машко е.Имаше навика да излегува од дома , но накратко и во близина . Но сега го нема еве 6ти ден.Читав на интернет , а и на многу ваши теми дека советувате за кастрација и дека ваквите проблеми ке исчезнат.Но касно се информирав за тоа, дури откако замина.Пред тоа не помислив дека може да се соочам со ваков проблем .

Сакам да ве замолам за совет , дали вие имате вакви искуства со вашите мачиња,дали во периодов на парење заминале , па се вратиле ...и по колку време? Дали е ова нормално за овај период , дали можат да си се вратат сами дома после толку време (6 дена) ? :( Молба до сите оние кои имаат мачиња и кои го доживеале ова искуство , нека пишат и нека ми помогнат .
 
V

Vollstandig

Најнормален период за сите мачки е тоа, заминуваат од дома на т.н собиралиште нивно и се парат групен си прават, игри од типот: Double anal Double Vaginal, Blow-Job, Footjob Thail-job (со опашката) Schoolcat takes it double in the ass, Sado-Mazo-Cat punish male cat И многу други игри. Нормално траат до една недела но има некои што подоцна остануваат али тоа ти се машките мачки такозвани: МАЧОРИ (Се изговара со меко “Р“)aли ако потфаќаш на “Р“ можиш и анг. Cat и пошто ќе се зацапа во некоја мачка која е зафатена станува до тепачки со мачоро па се тепаат и дури најди друга жена му оди околу 2 недели време.

Остај се шо пишав НОРМАЛНО Е ЧУПЕ, МУ СЕ КЛЕЦКА НА МАЧОРО ТВОЈ:))
 
Како прво:тие игрите од типот барај си ги на порно страници.

Како второ:Јас нагласив дека е машко т.е. МАЧОР , и ако имаш проблем да изговориш “ Р “ , постојат логопеди.

Јас овде пишав со цел да разберам некои информации , од некој што навистина може да помогне , а не да ги читам твоите сексуални фетиши.

Остај се што напишав , сепак фала на “информациите“ :)
 
Некој тип си купил ферари и се шета низ град и застанува на семафор и до него стои некој со фичо, и чичково од фичово го отвора џамот и му вели на овој со ферарито: Абе друже, добри ли се овие коли? И овој со ферарито: Добри се бе,зошто? - Па не сум видел да ги возат низ градов:)

Остај се шо напишав, али сите мачки го праат тоа дури и мојата (без ралзика дали е машко или женско им се секса) еве мојата пред 2 дена си дојде цела никаква од тешките игри:)
 
Конечно некаква информација за мачиња . :) Колку време ја немаше , поточно колку дена ?
 
V

Vollstandig

Гостин
Конечно некаква информација за мачиња . :) Колку време ја немаше , поточно колку дена ?
Па прилично една недела беше отсутна од дома без никакво проштално писмо да остави, со оглед на фактот дека мојата нема завршено основно, и опростивме.
Околу недела и некој ден ја немаше, просечно толку ги нема. Имав порано мачор, и исчезнуиваше околу 2 и пол недели, али коа ќе си дојдеше лом беше целиот од што се тепал со мачиња други.
Мојата кога се врати со друштво беше дојдена со еден мачор ја испрати до дома :)

Така да не се нервирај, природно е тоа повик на дивината за парење, сеа најбитно ти е да ја искапиш и да и дадеш апче за прочистување четвртина никако повеќе зш може да влијае на бременоста, али капење е убавезно.
Ако се гали постојано со тебе и бара да јади и те следи на секој чекор, тоа е поради зголкемената емотивност на животното поради парењето и можноста да е бремена. 80 % се шансите да дојди бремена, (особено ако ги прават игрите што ги набројав:) ) .
Па биди внимателна со мачето :smir:
 
Изгледа овој мојот ке се задржи малку повеќе , бидејќи тој ке испраќа некоја до дома ...Моето маче е машко :)

Нема никаков проблем за капење , прочистување и се што е потребно , ке исконтактирам и со ветеринар за да не пропуштам ништо што би можело да е важно.

Фала ти за овие информации , навистина е утеха за ситуацијава , затоа што досега не сум имала вакво искуство .Прв пат се случува да го нема толку многу време и добро е да се слушне по некој добар збор од некој што се соочува со истово секој Феврурари. :)
 
Kajgana Shop

На врв Bottom