Ова е истото што сакаше да го храниш со леП и маргарин? Сеа гледам дека супер му одговара ваква исхрана
Не знам од каде наоѓаш расипано млеко, но избегнувај да му даваш такво. Бај Д веј, оноа што за нас е расипано и озбилно може да ни наштети или да ни предизвика труење, за животните може да биде права посластица. Како што рече Викторгг погоре, оно самото ќе знае дали е нешто расипано или не. Веројатно си приметил како мачка му приоѓа на оброкот, полека и додека убаво не го помириса, не пробува.
Тоа значи дека ако постои и најмал сомнеж дека нешто не во ред со храната, нема шанси ни да ја лизне. Жалосно е што вака не можат да ги детектираат отровите
.
За претходните твои прашања: риба не сум давала на маче (не дека тоа ќе ја одбие, напротив) од причина што рибата има ситни коски кои можат да се закачат за грло на пример, и да предизвикаат инфекција и ред други проблеми. Мачките додуша се специјализирани за обработка на ваква храна, но јас избегнував да ја давам за да се поштедам од евентуални непријатности.
Дали да ја даваш на земја или од тањирче? Можеш и на земја, мачките немаат манири, тоа за нив е природно. Земи го тоа вака-док се шета низ двор, ако му налета врапче или глувче, сигурно нема да чека да му го ставиш на тацна. Избегнуваат да јадат осбено од ПЛАСТИЧНИ тањирчиња, бидејќи овие лесно попримаат мирис (од претходните оброци), што на мачката и смета бидејќи има прилично осетлив нос.
Иначе, мачето е многу убавко, на сликиве изгледа прилично темпераментно, права галка е. Да ми е при рука, како би го развртела, истискала и изгњавила уопште, не можеш да замислиш.
Ај поздравЧе пак, и рани го убаво за да си добиеш голема и прекрасна мачка, со која ќе можеш да се фалиш пред другарчињата.