Мачки (општи дискусии)

lady_QUEER

I love life.
Член од
28 март 2009
Мислења
521
Поени од реакции
28
Oххх,не ги измислив јас тие нешта,тоа си го прават газдите,не гледам ништо лошо,не боли,ниту е заразно.Сеедно,секој си одличува како ќе изгледа и ќе го чува миленикот.

Знам за тие голите мачки,само кај нас сеуште нема такви,како јас што знам.Има и таква раса на куче.
 

Наташа Радио Милева Мара

Проф. Др. Маг. Мами
Член од
29 април 2005
Мислења
3.835
Поени од реакции
1.118
Oххх,не ги измислив јас тие нешта,тоа си го прават газдите,не гледам ништо лошо,не боли,ниту е заразно.Сеедно,секој си одличува како ќе изгледа и ќе го чува миленикот.
Ако му е миленик не му е „сопственост„, нека самиот се прави таков...
 

lady_QUEER

I love life.
Член од
28 март 2009
Мислења
521
Поени од реакции
28
Јас мој бруно исто како таа голата мачка го истрижав,поточно со машинка го скратив скроз.Сега трча два дена низ дома како нов,послободен е,како да му се симна планина од грб.До септември пак ќе нарасне,ионака сега ќе му биде жешко.Да имам тука специјален салон,ќе го носам на средување,вака морам сам,али добро го средив,баш ќе пуштам слика утре,да го сликнам само тазе е ептен.А моја другарка чуваше персијка,корнјача боја,ама не ја чешлаше редовно и исто ја шишаше скроз кратко.Ако се сплетка тоа влакно е полошо така да го носи,под него се ствараат рани...
 

Наташа Радио Милева Мара

Проф. Др. Маг. Мами
Член од
29 април 2005
Мислења
3.835
Поени од реакции
1.118
Јас мој бруно исто како таа голата мачка го истрижав,поточно со машинка го скратив скроз.Сега трча два дена низ дома како нов,послободен е,како да му се симна планина од грб.До септември пак ќе нарасне,ионака сега ќе му биде жешко.Да имам тука специјален салон,ќе го носам на средување,вака морам сам,али добро го средив,баш ќе пуштам слика утре,да го сликнам само тазе е ептен.А моја другарка чуваше персијка,корнјача боја,ама не ја чешлаше редовно и исто ја шишаше скроз кратко.Ако се сплетка тоа влакно е полошо така да го носи,под него се ствараат рани...
Епа затоа ако сакаш мачка пример персиска треба и да си способен да ја одгледуваш, чешлаш итн...Животните се ко деца, ако родителот не се грижи за нив ќе одат неиспеглани, неизмиени и со големи нокти со црно под нив., затоа што одговорноста е на тој што ги гледа, они не се способни за тоа.
 

By Me

BLAH....
Член од
10 февруари 2008
Мислења
1.121
Поени од реакции
29
Персиските мачки се препознатливи по долгото влакно и зашто па да ги шишаш кога си се митарат и не им е многу жешко летоска...иначе тие се МАЧКИ, не ОВЦИ....има голема разлика помеѓу нив...:toe:
 
Член од
23 мај 2009
Мислења
958
Поени од реакции
727
Стварно, на некои луѓе НЕ треба да им се даде животно на чување...овие слики со "исфризирани" мачки мноооооооооогу ме иритираат.
Ја ги обожавам мачките особено обичната т.н домашна мачка. Сум чувала неколку (во моментов за жал немам некое да ми се мота дома), бидејќи не ми дозволуваат КОМШИСКИТЕ услови. Ги сакам какви што се-со сите добри и "лоши" особини, црни, бели и со невозможни шарки на крзното...Обожавам да ги гледам како се движат, како се излежуваат на сонце, како ловат, како вешто се качуваат по дрвја...со други зборови мачка ме фасцинира од секој можен аспект.
За мојот однос кон моите миленичиња...па мислам дека секогаш бил "ферски". Ја на пример никогаш не су капела мачка, бидејќи сметам (а и сум читала) дека е тоа трауматично за неа. Всучност таа сама си одржува хигиена. Мала помош како бришење на крзно со влажна крпа кога има пореба и толку. Единствено внимавам да е исчистена од болви и внатрешни паразити и то е се (повремено прскање со спреј против болви или аплицирање на ампула). Она што не сум дозволувала е качување по маса и столици, влегување во кујна и лежење во кревет. Моите мачки си имале свое место за јадење, место за спиење и отворена врата за шетање... и што е нај интересно човек НЕ треба да вложи многу труд за ТАА да ги научи овие работи-едноставно сфаќа што смее а што не. Не сум приврзаник на чување на мачка единствено во стан (само во затворен простор) бидејќи сметам дека тоа не одговара на нејзината природа. На секоја мачка и треба движење, освојување на територија и дружење со сопствениот вид (за да одржи добра психичка состојба). Играње до лудило додека е мало маче и повремено галење кога ке порасне (кога ќе дозволи ТАА) мене ми е доволно. За расните мачки...немам некоја омилена раса. И уште нешто-препорака за сите оние што сакаат да чуваат нешто а не знаат што-мачката е прав (и прв) избор :smir:
 

sveto4aki2

РОДИТЕЛ
Член од
17 јануари 2009
Мислења
268
Поени од реакции
37
pesok

Kazete kolku pesok se stava,kolku toj trae ,na kolku vreme se menuva,i dali treba maceto obavezno da se kastrira ako se cuva samo vnatre.POzz
 

NIght_Elf

High Priestess
Член од
15 јуни 2007
Мислења
479
Поени од реакции
13
Kazete kolku pesok se stava,kolku toj trae ,na kolku vreme se menuva,i dali treba maceto obavezno da se kastrira ako se cuva samo vnatre.POzz
Песок се менува на еден месец, колку песок ке ставиш зависи колку ти е голема мачката.
НЕ мора мачките обавезно да се кастрираат, ако сакаш да имаш мали мачиња нема да ја кастрираш.
 

Наташа Радио Милева Мара

Проф. Др. Маг. Мами
Член од
29 април 2005
Мислења
3.835
Поени од реакции
1.118
Kazete kolku pesok se stava,kolku toj trae ,na kolku vreme se menuva,i dali treba maceto obavezno da se kastrira ako se cuva samo vnatre.POzz
Доволно песок да може мачето кога си врши нужда да си го потрупува. Песокот се менува по потреба, кога почнува да смрди редно е да се мени, нема одредено време...и мислам дека еден месец е многу.
За кастрирање, ако мачката или мачорот немаат контакт со други мачки најдобро би било да се кастрират ( нели ако несакаш да добие потомство) дека кај мачорите кога им е времето на парење испуштат течност (урин) и тоа насекаде во станот/куќа да си ја обележат територијата.
 

SV-Strange

Sorcerer Supreme
Член од
27 август 2007
Мислења
3.604
Поени од реакции
367
На која возраст им е времето за парење на мачорите и дали мора да се кастрираат дури и ако го чуваш во дворот?
 

Наташа Радио Милева Мара

Проф. Др. Маг. Мами
Член од
29 април 2005
Мислења
3.835
Поени од реакции
1.118
На која возраст им е времето за парење на мачорите и дали мора да се кастрираат дури и ако го чуваш во дворот?
7/8 месеци, а мачките уште од 6 се спремни читав :S Ако не сакаш да шета по мачки најпаметно е да се кастрира :) За мачките е најдобро да се исчува до една година и после да се пари.
 

lady_QUEER

I love life.
Член од
28 март 2009
Мислења
521
Поени од реакции
28
На другарка ми мачката во саксија има голема,таму врши нужда.А песок никогаш и нема ставано посебно,еднаш уствари ама цел го истурка од тоа коритото пластично.Ако живееш во куќа подобро е надвор да ја воспиташ да врши,сите мачки бараат земја и после нели инстинктивно го закопуваат изметот,ако е голема нужда.За тие во стан нема начин.Вчера кога бев во петшоп видов специјални коритца со специјален песок за мачки,ама не се распрашав.
 

Наташа Радио Милева Мара

Проф. Др. Маг. Мами
Член од
29 април 2005
Мислења
3.835
Поени од реакции
1.118
На другарка ми мачката во саксија има голема,таму врши нужда.А песок никогаш и нема ставано посебно,еднаш уствари ама цел го истурка од тоа коритото пластично.Ако живееш во куќа подобро е надвор да ја воспиташ да врши,сите мачки бараат земја и после нели инстинктивно го закопуваат изметот,ако е голема нужда.За тие во стан нема начин.Вчера кога бев во петшоп видов специјални коритца со специјален песок за мачки,ама не се распрашав.
Го имам постирано на предходните страни ама еве уште еднаш


А најдобро е така да го научиш :pos:



А песокот МОРА да се менува, хигиенски и ризико од бактерии..
 

lady_QUEER

I love life.
Член од
28 март 2009
Мислења
521
Поени од реакции
28
Точно такви беа,малку подруг дизајн,а имаше и обични како коритца ниски.Сепак ова е подобра варијанта оти знам дека од мачка многууу смрди и е трајно.Инаку има на нет специјални за школка како навлаки да не пропадне случајно,пластични се имам видено,тоа за тие што се научени на школка,макар да непознавам такво сеуште,да врши нужда.Вчера инаку купив каивче за од паразити.Таа продавачката ми рече такво да земам за мачка,оти тие другите му беа големи 60 сантиметри.А не ми се чекаше и земав за мачка:kesa:на трикси е,дали има разлика,ми рекоа дека нема.Еве го какво е:


Веќе го носи,ама по се изгледа поима нема таа,бар да кажеше ампули ќе земев.Вие што мислите.
 

Наташа Радио Милева Мара

Проф. Др. Маг. Мами
Член од
29 април 2005
Мислења
3.835
Поени од реакции
1.118
Хмммм баш сега прочитав накратко за тие каиши околу врат, и што воопшто не ме изненади не се ич ефикасни :toe: Едно му прават трага на вратот друго далеку се понеефикасни од течноста (ампулите). Како и што прочитав не делуваат одма за разлика од ампулите... И зошто за мачка си зел? Мислам дека болви и крлежи се два различни поима (може и грешам) А и баш тој каиш што си го зел е еден од најскапите, а нема разлика од другите кои исто така се за никаде :) Врати и го на тетката и нека си го стави она на врат :)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom