- 1.Kade da go smestam vo kukata lete a kade zime
- 2.So sto da go hranam i dali moze so domasna hrana ili e pozelno samo kupecka
- 3.Vo sto da go stavam za spienje
- 4.Pesok dali mu treba,kolku i ako da na kolku treba da mu se smenuva
- 5.Isproban nacin na vrsenje nuzda nadvor ili pak ako nemoze togas vo sto vnatre.Fala za sekoj sto ke mi pomogne
1. Не мора да му одредувате вие место. Самото ќе си одреди. На тело обично по плочки се легачат или по клима.
2. Мачките знаат да бидат многу пребирливи во поглед на исхраната. Можеби најмногу ќе и одговара сувата храна, специјална за мачки или па ќе сака нешто домашно како млекце ( што не е баш пожелно да го пие цело време, бидејќи може пролив да има поради недоволно количество ензими ), месо ( пилешко, пилешки џигер, риба ). Не е убаво да се навикне на домашна храна и дехидрати, бидејќи може да ја одбива сувата, а во неа има протеини, витамини, јаглехидрати, минерали итн. што го нема во домашната. Совет, доколку му давате пилешко: кога ќе го варите, ставете и малку зеленчук.
3. Може да спие и на тепих, ако не пушта многу влакна, но немојте во кревет да го пуштате.
4. Песок обавезно. Може да стои во купатило и мачето да го поткарувате кога на друго место ќе изврши нужда и да го однесете веднаш кај песокот. Брзо би требало да се научи таму да си ги врши физиолошките потреби. Песокот ќе го менувате кога ќе почне да мириса.
5. Надвор исклучиво под ваш надзор, но мислам дека нема потреба.
Патем, што да избегнувате да му давате:
- чоколадо и др. слатки работи. Мачката не го препознава вкусот за слатко.
- храна која содржи многу сол и други зачини
- тестенини
- сирово месо. Често доаѓа до појава на цревни глисти
- свињско месо
- претерано млеко
- коски. Немаат никаква хранлива вредност
- грав, грашак
- храна за кучиња. Не доздржи доволно протеини колку што и` се потребни на мачката.
- јетра. Содржи премногу витамин А.