Скопје calling... асална Архитектура needed!

Дали ви се допаѓа архитектурата во Скопје?

  • Вкупно гласачи
    236
Член од
28 март 2006
Мислења
17.738
Поени од реакции
12.174
Си видел како ќе изгледа зграда антички стил и на 100 метри барокен стил ? Епа сега ќе видиме.
Кога досега не им текнало на архитекти кои имаат смисол за добри урбани решенија, секако и тоа е подобро од ова

или ова

Чудно е што досега ништо не е преземено, а доколку некој даде решение (колку и да е несоодветно-тоа не знам) за било што само да се уреди и среди...одма во јавност се прават дебати, се напаѓаат тие решенија. некогаш нештото е подобро од ништо, само да е средено и чисто (колку, толку почисто).
 
Член од
25 октомври 2007
Мислења
1.583
Поени од реакции
89

Луртз, и јас викам да се гради. Ама пред тоа убаво да се размисли што и како затоа што не е ова пиши бриши па да биде ко што ти викаш "нештото е подобро од ништото."

Тие градби ќе чинат милиони евра и се поставени во центар на градот кај што сите ќе ги видат.
 
/gone/87

+++FOR CLEAN SKOPJE+++
Член од
30 март 2009
Мислења
1.769
Поени од реакции
119

сите сакаме да се сликаме пред вакви убави и неверојатни градби(сепак овие се многу постари од тие кај нас што треба да се изградат).......а не сакаме кај нас нешто такво да се гради:toe:

што има лошо во тоа да се изградат пак овие градби кои некогаш постоеле во Скопје

дали ако и ден денес постоеа овие градби ,вие ќе се срамевте од овие знаменитости ,бидејќи не се вклопуваат во новото "метрополитно и космополитно" СКОПЈЕ?????????
 
Член од
30 јануари 2005
Мислења
7.397
Поени од реакции
1.308

Ама како можеш да кажеш нешто вакво? Освен ако не се обидуваш намерно да провоцираш чисто колку да развиеш дискусија со некој наивко како мене... муабетов ти е тотално надвор од земјината атмосфера. Скопје, имаше земјотрес. Ги бутна градбите кои си ги постирал на сликите, ние имаме тажна судбина и историја.

За да се сликаат туристите покрај такви градби, парите треба да се вложат во Широк сокак во Битола, во куќата на Кочо Рацин, во Охридски варош и милионте цркви таму бидејќи такви градби Македонија има.
Вештачко форсирање на нешто не својствено за нас е глупаво, многу глупаво. Ако ние сме имале несреќа историјата да направи да го имаме ова што сега го имаме, треба да живееме со тој факт, а не како проќелав човек да ги чешламе петте влакна преку цела глава трудејќи се да личи како да имаме коса.

Не смееме да лажеме дека имаме антички градби, бидејќи немаме. А немаме од разни причини, земјотреси, комунизам, сиромаштија, што и да е... ама ако градиме, треба да градиме со визија за иднината а не за минатото.
 
Член од
15 мај 2008
Мислења
947
Поени од реакции
99
Па и мене некако не ми се допаѓа баркониот стил, како што рече Виктор треба да се гради со визија за иднината а не за минатото...
Но сепак, некако ги нема архитектите на форумот кои треба да предложат како би изгледал тој стил, како би требало да изгледа автентична скопска архитектура која би требало да биде репер за градба, а да не биде барок или класицизам.
Најлесно е да се критикува и да се мрчи цело време, тешко е да се дадат јасни и издржани решенија за проблемот.
 
ogledalo

провинцијалец
Член од
12 мај 2008
Мислења
3.198
Поени од реакции
173
Ама како можеш да кажеш нешто вакво? Освен ако не се обидуваш намерно да провоцираш чисто колку да развиеш дискусија со некој наивко како мене... муабетов ти е тотално надвор од земјината атмосфера. Скопје, имаше земјотрес. Ги бутна градбите кои си ги постирал на сликите, ние имаме тажна судбина и историја.

За да се сликаат туристите покрај такви градби, парите треба да се вложат во Широк сокак во Битола, во куќата на Кочо Рацин, во Охридски варош и милионте цркви таму бидејќи такви градби Македонија има.
Вештачко форсирање на нешто не својствено за нас е глупаво, многу глупаво. Ако ние сме имале несреќа историјата да направи да го имаме ова што сега го имаме, треба да живееме со тој факт, а не како проќелав човек да ги чешламе петте влакна преку цела глава трудејќи се да личи како да имаме коса.

Не смееме да лажеме дека имаме антички градби, бидејќи немаме. А немаме од разни причини, земјотреси, комунизам, сиромаштија, што и да е... ама ако градиме, треба да градиме со визија за иднината а не за минатото.
cel centar na varsava e sramnet vo vojnata,( vostanie vo varsovsko geto) ..posle vojnata e rokonstruirano isto kako sto bilo do cigla
 
Solid

Зона на самракот
Член од
26 август 2007
Мислења
7.174
Поени од реакции
4.133
За да се сликаат туристите покрај такви градби, парите треба да се вложат во Широк сокак во Битола, во куќата на Кочо Рацин, во Охридски варош и милионте цркви таму бидејќи такви градби Македонија има.
Вештачко форсирање на нешто не својствено за нас е глупаво, многу глупаво. Ако ние сме имале несреќа историјата да направи да го имаме ова што сега го имаме, треба да живееме со тој факт, а не како проќелав човек да ги чешламе петте влакна преку цела глава трудејќи се да личи како да имаме коса.
А главниот град???Абе на некој странец да му кажеш ова ни е главниот град ќе се згазит во смеење.Аманте бе.Скокните до Софија,Белград,Загреб.Какви се тоа главни градови.Не знам што е толку спорно ако се обновуваат градби кои веќе ги имало Скопје.Де антички стил не чинело,де класицизам не чинело.Некој после 40 г. решил да изгради нешто во СК(а да не е станбена зграда) и одма се јавуваат некојси Архибригади.
 
Па Скопје е главен административен град на Република Македонија. Не значи дека тука треба бесплатен орален секс на странците да им се дава само затоа што Македонија е позната као поебана земја.

И не знам како да ви објаснам, земјотресот заедно со комунистичките сфаќања ги бутнаа најубавите градби на Скопје. Меѓу другото, иако најголем во Македонија и пред `63 овој град не беше вистинска Прага со илјадници грандиозни зградурини во најразличен стил. До војната Скопје е малку поголемо од обична паланка, да не се лажеме, но неговата местоположба на расрсница му го носи епитетот главен град па од таму и Театрот, Официрски и уште неколку прекрасни зданија. Немам јас проблем со тоа, нека се вратат од мртвите овие градби во форма на споменици, но ниту центарот на Скопје, ниту скопјани, ниту Македонија и македонците во моментов имаат потреба од разубавување. Имаат потреба од рамни улици и чисти тротоари. Вака личи како муабетот на Елизабета, “ако немаат леб нека јадат колачиња“. :toe:
 
Solid

Зона на самракот
Член од
26 август 2007
Мислења
7.174
Поени од реакции
4.133
Не е Елизабета,туку Антоанета. :)
 
Solid

Зона на самракот
Член од
26 август 2007
Мислења
7.174
Поени од реакции
4.133
По темава си кажав мое лично,нестручно мислење.Доста е. :helou:
 
/gone/87

+++FOR CLEAN SKOPJE+++
Член од
30 март 2009
Мислења
1.769
Поени од реакции
119
Ама како можеш да кажеш нешто вакво? Освен ако не се обидуваш намерно да провоцираш чисто колку да развиеш дискусија со некој наивко како мене... муабетов ти е тотално надвор од земјината атмосфера. Скопје, имаше земјотрес. Ги бутна градбите кои си ги постирал на сликите, ние имаме тажна судбина и историја.

За да се сликаат туристите покрај такви градби, парите треба да се вложат во Широк сокак во Битола, во куќата на Кочо Рацин, во Охридски варош и милионте цркви таму бидејќи такви градби Македонија има.
Вештачко форсирање на нешто не својствено за нас е глупаво, многу глупаво. Ако ние сме имале несреќа историјата да направи да го имаме ова што сега го имаме, треба да живееме со тој факт, а не како проќелав човек да ги чешламе петте влакна преку цела глава трудејќи се да личи како да имаме коса.

Не смееме да лажеме дека имаме антички градби, бидејќи немаме. А немаме од разни причини, земјотреси, комунизам, сиромаштија, што и да е... ама ако градиме, треба да градиме со визија за иднината а не за минатото.
твој проблем ако мислиш така.......но гледам дека повеќе напиша во ароганција отколку да го преанализираш мојот пост............
и КАЈ ВИДЕ на горенаведените слики од Скопје АНТИЧКИ стил???????????тоа тие староградска архитектура(еве и ја ќе измислам нов збор,и од сега така ќе ги именувам градбите во Скопје)
......и значи ако имало земјотрес не треба да им се направи рестарвација????па дај и Калето,Камениот мост и др градби ќе бутнеме и ќе им кажеме на младите генерации сами си ги бутнавме бидејќи имаме тажан историја:tapp:
па дечко ти ако се срамиш од минатото тоа е твој заклучок,проблем како сакаш кажи го........ја сум да се изградат овие градби СЕПАК ГИ ИМАЛО ВО СКОПЈЕ, не се некои архитектонски срања и грдотии од типот на некој си "космополитски и метрополски" објекти::kesa:

ја сум за да се градат нови градби во контекст на денешното време но да бидат со стил,рамномерни и убаво уредени:

а не како полузградите во Дебар Мало,позади Универзална сала,Кисела Вода,новите објекти кои никнаа до самиот плоштад(Еурсостанд банка и компанија),Новиот Кермес,Кинескиот ѕид,елитните згради на Водно....кои повеќе го задушуваат и загрдуваат изгледот на градот отколку што е!

и убаво некои си кажуваат..............КАЈ НИШТО СО ГОДИНИ НЕ СЕ ИЗГРАДИЛО,ВИЕ мана му наоѓате........па добор де што сакате имитација на Дубаи,Шангај итн........ОК..но првин стави се во дебата(КРИТИКУВАЈ ГИ) корумпираните,бирократските и нестручните градочалници,бизнисмени,архитекти и друга раја коа е вмешана во скоската урбана мафија......
 
Член од
20 јуни 2007
Мислења
809
Поени од реакции
18
Неколку нешта. Најпрвин, сите пари кои ги фрлија во градење на овие одвратни објекти до сега, можеа да се вложат во нешто многу попаметно како на пример почнување со работа за тунелот под плоштад или пак Јужниот Булевар. Две нешта кои се од енормно значење за функционирање на Скопје, бидејќи кај и да е, ќе доживее едно сообраќајно колабирање - ако може така да се нарече. Град од преку петстотини илјади жители не се средува со бекатон плочки, споменици и со по некоја жардињера.

Второ. Јас колку што знам Скопје си има еден закон за тоа колку мора некој објект да биде оддалечен од Вардар, а со овие измени во урбанистичкиот план тој закон се прекршува токму од страна на оние кои треба да го спроведуваат (иронично, нели?).

Трето. Туризам? Хах! Бидете сигурни дека некои од западна или од источна европа, или па од каде било ќе дојде да ги гледа овие грдосии. Уствари па може и да привлечеме туристи, ќе го имаат истиот филинг како да дошле во некој Дизниленд, нели?

Скопје почнува да наликува на се освен на главен град на држава во Европа. Како што тргнале работиве, се плашам дека и градови како Приштина и Тирана ќе ни станат репер за како треба да изгледа.
 
Annabel

Неутрална*
Член од
18 декември 2008
Мислења
1.298
Поени од реакции
183
......и значи ако имало земјотрес не треба да им се направи рестарвација????
РестаВрација се прави на веќе постоечки објекти а во проектов е предвидено изградба на нови непостоечки објекти :wink:.
Чудно е да се враќаме назад,друго е да сме имале таков објект па ај сеа да го реновираме.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom