Колку е квалитетна програмата на македонските телевизии?

  • Креатор на темата Креатор на темата Aleee
  • Време на започнување Време на започнување

Каков е квалитетот на програмата на македонските телевизии?

  • Одличен

    Гласови: 3 4,6%
  • Добар

    Гласови: 7 10,8%
  • Така и така

    Гласови: 25 38,5%
  • Лош

    Гласови: 16 24,6%
  • Ужасен

    Гласови: 14 21,5%

  • Вкупно гласачи
    65
Анкетата ти беше промашена и ти ја сменив.
 
проблемот ми е што а1 престанаа да даваат сапуници,и не знам зошто се навраќаат на нив(уф,да,и Америка!).
A1 никогаш не престанала да дава сапуници. :D

и стопирањето на сите американски серии
Тоа е само преку лето, сите телевhttp://forum.kajgana.com/editpost.php?do=editpost&p=756520изии тоа го прават.
 
Од македонскиве телевизии гледам само А1 повремено, и ТВ Мики (охридскава) исклучиво за серијата Dream Team (сепак, фудбал си е фудбал:)).

Би се надоврзал, Дрим Тим, на територија на Прилеп и Пелагонија би рекол, го даваат на битолската Тера, па и јас ја гледам оваа серија, А1, и ретко некое добро филмче на другите ТВ
 
Од македонскиве телевизии гледам само А1 повремено, и ТВ Мики (охридскава) исклучиво за серијата Dream Team (сепак, фудбал си е фудбал:)).
Не бе брате, те молам само немој за Дрим Тим најгрозната серија воопшто. Инаку најмногу гледам А1 најбољи се, а и Сител даваат убави вестерни, а во последно време ни на кабелскава нема нишо интерестно, така да станав од тв уште одамна
 
Најдобар период беше 1999-2002 кога пуштаа пиратски материјали по телевизиите. И после А1 ја направија големата кампања за легализирање иако кој памти они порано (средни деведесетти) само крадени снимки пуштаа, и тоа ВХС тежок чкарт, тие дописниците што ги имаа едно време од Лондон и слично им ги снимаа, и кога се враќаа носеа по куп филмови шо ги вртеа. Е после истиот Велија почна да прави смоки со вртимушки па купи шест филма и почна да соли ум.

Едно време троа боље понуда имаше, сепак за филмови мислам Телма е најдобра (пуштаат култни дела), серии едно време А1 беше добра и шпански имаше серии, но и Сопранови, сега булшит е програмата. Имаат и дебилни квази-риалити шоуа од кои ми се лоши кога ќе ги начекам, али па не можеш да ги окривиш толку -- мнозинството сака такви работи. Канал 5 имаат најдобри најави за филмови и затоа вреди да ги гледаш, оти самите филмови им се као да ги проектираат низ гаќи. 'Приказна за пријателството на двајца другари' :pos:

Шутел, мутел не ги следам, освен за сеир на најновата гледачка, али после некое време ми се плаче пошо народот е толку очаен да им верува на бубуљичави тетки што гледаат на мрсни карти.

Кабелска е спасот за idiot-box-от.
 
Најдобра информативна програма - ALSAT-M
Накдобра филмска програма(играни филмови) - Канал 5 и А1
Најдобра спортска програма(фудбал) -ALSAT-M
Најдобра музичка програма и емисии од областа клтурата и уметноста -ТВ ТЕЛМА
Најсрање програма во секој поглед - СИТЕЛ и МТВ!
 
МРТВ = УЖАС! Многу лошо. Даваат некој црно бели филмови, документарни програми, разни глупости.. Па и по 100ти пат некои емисии ги даваат..

Ужас.
 
Па наши програми поретко гледам, со исклучок на А1 и Канал 5 бидејќи даваат интересни серии и филмови
 
па некако се подобри во последно време,А1 пуштаат некои добри серии и филмови ,англиско првенство,Канал 5 нешто се обидува...би требало да оди на подобро
 
дефинитивно канал 5 се најдобри во овие моменти а многу ми се допаѓа и алсат како работат иако не разбриам албански али мн профи инф. програма имаат.
а1 се добри али треба уште мн да се работи
 
Пред неколку недели на сајтот на мтв прочитав дека ќе имале нова програмска шема, со нови серии, емисии... што ги знам што... Тоа уште не се десило, а можеби и грешам.. можеби веќе почнала а не сме приметиле затоа што нови програми за нив се од 1990-1995.
мтв е трагикомедија... тоа е нашата национална телевизија. Секоја им чест.
 
Ич не ми се свиѓа програмата на телевизииве. Единствено А1 и Канал 5 гледам, некад има интересни филмови. Сител ги мразам од дното на душава, а МТВ и Телма стварно имаат препреслаба програма
 
Спред мене, Телма се најдобри. Тие ги пуштаат најдобрите филмови од сите телевизии. Тоа ќе ти го каже секој филмаџија кој зне да оцене филм. И телма пуштаат нехоливудски фимови, а и редовно пуштаат документарни. Кај другиве телевизии тоа е реткост. И таа е едиснтвена телевизија без латино амрикански сапуници. Знам само еднаш пуштија една британска сапунца, Жените на фудбалерите, и тоа. Другите серии што ги пуштаат се обично кратки (10 - 20 епизоди) и добри. И телма го даваат италијанско првенсто.

Канал 5 во последно свретеа на многу на амрикански серии, повеќето пак сапуници. според мене закон и ред им беше една од подобрите. А канал 5 си го имаат и Бокица, и Миленко, немаат фудбал (само нешто од УЕФА куп даваа) но имаат формула 1, а филмовите што го даваат не ми многу интересни. Некогаш се најдува некој, но поретко. Имаат и добри вести.

Сител преку ден вртат сапуници, и вести, и даваат најмногу вести (по времетраење) споредено со другите телевизии. Од филмовите, даваат стари српски фимови, еднаш недено, понекогаш и некој серија од старите хуморитични серии ќе свртат, а навечер даваат прилично интересни филмчиња. И си имаат еден квиз, и имаа шпанско првенство, сега со англиско ќе почнат. И го имаат Тони со опуштено.
А1 некако најпрофесионално ја вршат работава, телевизорот прво на А1 го пуштам. Само да не беа тие хрватските сапуници. Најглупи од се, поглупи и од мексиканските. И во денот, од сите сапунициве, една серија ја даваат три пати, дали реприза или нова. Имаат одлични вести. Од филмви, најмногу даваат холивудски хитови. Од серии, како што кажав го имаат најлошто од сапуниците, но и најдоброто од американските серии, 24 и ЦСИ. (Овие не се најдбри американси, ама на нашиве телевизии нема подобри. ако некој рече Др-Хаус на канал 5, нека се фрли). А од шоу емисии, сите се дупка (сите се жолта штампа), и експлозив, и фаци, и гола вистина, и таму уште некои.
Сумирано, по филм: 1. Телма, 2. Сител, 3.А1, 4. Канал 5
По серии. 1. А1, 2.Телма, 3.Канал 5, 4.Сител, 5.пак А1
По шоу емисии, 1. Сител, 2.Канал 5, а1 последни. подобро да ги немаа
По квиз (и овие се шоу, ама ете), 1. А1, 2.Сител. другитете немаат во моментов

Се на се, на местото од сапунициве, да пуштаат некој емисија повеќе, информативна: како ббц што има една за средување на градината, или домот, или некој научна емисија, ќе имавме скоро одлижна програма. Сега, така така.
 
-1>КАТАСТРОФА,УЖАС,КОМИЊЕ,ЛОШИ КОПИИ итн
Сител-уште мисли дека живееме во СФРЈ-југословенски филмови+латиноамерикански сапуници..алооооооооооооо21 век сме-ДО КОГА????
А1-бледа копија на ТВ НОВА,филмовите ги репризираат по 4/5 пати,но даваат и некои да ги наречам "нови" филмови,сериите 50/50-латиноамериканските и српско/хрватските ги купуваат навреме сите сезони,а додека Пријатели,Вовед во Анатомија,Сопранови,Изгубени ги купуваат само првите 2-3 сезони
Канал 5-мислиш ТВ се укочила во некое време
Телма типична КУЛТУРНА телевизија,но им фали само мала доза на понови филмови и серии
МТВ-пропаст,од толкав кадар кој произлезе од МТВ(новинари,водители,коментатори,уредници,техничари) стана една подпросечна телевизија,едино што ги вадат се неколкуте спортски натпревари што ги пренесуваат како и Македонските серии и филмови
ОД СИТЕ ОВИЕ ТВ и било која друга......НИЕДНА НЕ НАПРАВИЛА ДОКУМЕНТАРЕЦ(да преведе) за науката,техниката,животните,патувањето,убавините на МК или на планетава--туку само гледаш репортажи за ПОЛИТИКАТА и криминалниот живот во МК....и после се чудиме зашто децата кога ќе пораснат стануваат криминалци,крадат,САКААТ во СОБРАНИЕ итн..................гледано во просек НАШИВЕ ТВ МНОГУ НЕГАТИВНО ВЛИЈААТ ВРЗ ДЕЦАТА
 
Во претстојнава сезона 2009/10 се очекуваат доста промени: пред се Сител и Канал 5 ќе зададат голем удар на А1 со она што го најавуваат засега.
А1 може да се извади само ако даде вонсериска програма, што е речиси невозможно.
Се на се, од наредната сезона конечно ќе има некаква конкуренција меѓу телевизиите, освен во МТВ која буквално целосно ја исцицаа.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom