Знаете дека пред некој ден на МТВ1 забележав реклама и дека повторно ја даваат Бушавата Азбука?

Мислам,емисијата ми беше прекрасна во тоа време,ама обидот мислам дека им е повеќе од очаен!
Да се навратам на темава,јас,ко Скул,немам кабловска,па приморан сум да гледам македонски канали.....што да кажам,катастрофа се повеќето,само А1 може да се каже дека е нешто добро и ретко даваат нешто што никој не би го гледал(т.е. има за секој по нешто).... Малку ме нервираат кога даваат 1 ист филм по сто пати,а нешто што ме вади од такт е серијата забранета љубов. Мислам,серијата има околу 500 епизоди(ова од имдб,инаку на топ шоу рекоа дека се снима 600тата епизода и тоа пред некој месец) и тоа не ми е главниот проблем,проблемот ми е што а1 престанаа да даваат сапуници,и не знам зошто се навраќаат на нив(уф,да,и Америка!). Не разбирам какви разлики има помеѓу шпанските,српските и бразилскиве сапуници кога сите се зборат околу,кој со кого спиел,кој кого сака,кој кого разгалува,тешки состојби у семејство,кој чие бебе носи и слични глупости. И да,Ќари Пари! Ма парите што ги даваат ќе ги дуплирам,ќе и отидам у местото кај што се води емисијата и ќе и ги напикам у устата да зачепи! Ете тоа за А1,после А1,еве би ја ставил канал5 која не ја гледам често бидејќи не ми се интересни баш работите што ги даваат,ама Ок се(Инаку квизот поглуп со поглупа водителка не можеле да го направат

).... Трета на листава би ја ставил Сител,која ја ставам на последно место(од добрите емисии) бидејќи летово претеруваат со шпанските серии кои ги има околу 6-7 од сабајле до вечер,+ репризи на повеќето и така си исполнуваат пола ден од нивната програма

Најсмешно ми беше пред некој ден гледам реклама за Акапулко(ја гледам серијава бе,многу секси типки има

) и место да рекламираат ко обично,на пример:Пабло не може да се справи со овој,Валерија го сака на тој,гледајте Акапулко за да дознаете што ќе се случи,они знаете што напраиле?
Ја даваат Рехина(глумица од серијата) на купачи,како се мота наваму,се врти,си покажуе задник,и викаат: Ова е Рехина од серијата Акапулко! Гледајте ја во 15 до 20 вечерва

Се пресмеав бе....
За крај ќе кажам дека оуверол сите емисии ни се тапа,и на А1 до пред некое време можев да и дадам 4(лоша работа и се претераното давање реклами),ама еве сега ми иде кон 3 со забранетата љубов и америка и стопирањето на сите американски серии,на канал5 би и дал 3-,и на сител исто па и 2че може бидејќи претерува со сапунициве....И сега кога ќе видите што оценки им давам на најдобрите 3 емисии во земјава се гледа колку добри канали имаме и колку добри емисии дават на нив. Со еден збор: Катастрофа!