За првомајските празници се запознав со Apokalipto, MaRyJaNe-poison, Tikvi4ka и Zevzus.
Апокалипто ми пушти пораче на телефон дека бил во Мецофорте, а јас бев на едно 15 километри од град во вила со скара и тн. Полу пијан - полу трезен, со моторче ојдов да го видам бачкото, атерот му беше голем.
Вчера во Баланс на свирка дојдоја Апокалипто и МериЏејн појзн, па и со неа се запознав, супер џенцка. И требеше да дојдет после Тиквичка и Зевсус, и сакав да им се претставам како некој со кој се замерени. Го одбрав алијасот на One and only, и двајцата напраја кисели фаци ко се претставивив.
После им кажав дек сум фантомот, и на Зевсус му велам се мислев да ти речам дека сум Пандо Калашев, а тој ми врати: Фала Богу шо си се премислил, пошо да се претставеше така ќе те нокаутирав на лице место.
И така, напрајвме мини собиранка во 1 и пол пред Дак и толку.