Исто сакам да знам како планирате да правите Македонска нација со 10 000 души во Македонија или сметате и на нас "одродените" и "генетски нечистите" Македонци?
Власите на оваа територија наречена Македонија се староседелци и издржале многу векови, додека Балканот се шарал како цртеж по ликовно тие ги зачувале своите обичаи, јазик и култура.
Секој влав денес признава дека живее во држава наречена Македонија. Колку власи имаат умрено за создавање на истата. Крушевската Република е создадена во град основан од Власите-Крушево. Власите што живееле на оваа територија се сметаат себеси за Македонци, но не за вакви Македонци за какви што денес се врши пропаганда, со генетски истражувања, со Хунзи, со налудничави теории дека Исус бил распнат во Охрид и дека Адам и Ева биле Македонци. И кога ќе ми дојдат некои типци, кои со српски презимиња, кои со бугарско потекло, речиси сите со бугарски пасош и ќе ми создаваат чиста нација и ќе ми кажуваат дека оваа територија е сопственост на прадедо му и дека Власите биле дојденци овде, па уште кога ќе го засолат тоа со навреди демек коњушари, курви, сакати итн итн (па и некој простак кој сеуште мисли дека цинцари произлегува од стиснати) е тогаш ти кажи ми како да не реагирам?
Нека продолжат луѓево вака со пропаганда против Власите и ќе видиш на слендиот попис дали ке бидат само 10 000. Колку Власи познавам кои се пишани како Македонци бидејќи сметаат дека тие се Македонци со влашко потекло.
Но еве во модерно време дознавме дека зборот Македонец значело нешто сосема друго. Тоа било чиста нација од милион луѓе која датира илјадници години наназад и не прима во себе примеси ниту од власите, ниту од словените. Замисли 500 год. Турците корнеле овде и некој кој до вчера пеел "Друже Тито ми ти се кунемо..." денес дојде на ред да врши селекција за чиста нација!