Потрошени пари за џабе

H

^HITMAN^

Гостин
Ова озбилно? :pos2::pos2::pos2:
Го немам слушнато,еј кои фаци не водат,хелпппп!
Жими мајка:) Еве нека потврдат некои членови на форумво кои слушнале за ова се збореше и по вести... Замислете само...... Ма неможам да замислам бе.
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Жими мајка:) Еве нека потврдат некои членови на форумво кои слушнале за ова се збореше и по вести... Замислете само...... Ма неможам да замислам бе.
Репертоарот напишан ли им е? :pos2::pos2:
 
M

marsovka

Гостин
Репертоарот напишан ли им е? :pos2::pos2:
Новинарка напиша:
Сите КОЦКИ на Коце

Како предигра на руската салата за НОВА ГОДИНА и како запршка на компир манџата во петок, се очекуваше некаков „бисер“ од скопскиот ордоначалник во последниов месец. Ордоначалник е, затоа што Скопје е една голема ОРДА, чија особена сложност се манифестира во инстантно конфузните организирања.. Имено, Коце се реши, да ја врати КОЦКАТА на градскиот плоштад. Што тоа значи? Дека кој како дојде, си го зафаќа плоштадот како квадратура од салонот дома, каде без проблем ќе си навезе ако треба и гоблен со ликот на Хајлендер на кој ќе треба сите ние да ги бришеме чевлите, а на крајот се разбира, и двојно да си платиме. За редизајн.

Менувањето на калдрмата ќе се случи откако ќе го бетонираме споменикот на АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ. Чим ќе го копаат плоштадот за да го наместат Ацета, тогаш нека ги наредат и коцките, на еден трошок. Туку не... Има пари. За копање, мора да се најдат. Сетики, така било во Париз, од каде Коце си дојде вдахновен со оваа идеја. И ве молам, немојте да го праќате во Египет, ќе се врати со пирамиди, СФИНГИ и саркофази на плоштад! Замислете го Коце од посета на Венеција... Веднаш, веќе следниот ден ќе имаме гондоли во Вардар.

Инаку, Скопје само по калдрмата се разликува од Париз. И по уникатниот мирис на „нешто што смрди“. Најчесто, тоа „нешто“ е запален КОНТЕЈНЕР и гориво од автомобилите, кај и да вдишеш. Најдобра заштита е да не дишеш. Убаво викаат, ако не ти функционира едно сетило, тогаш другите ти се поразвиени. Така, нам Македонците, како вечни хроничари и емотивни тутунари, ни остана варијантата малку да послушаме и да погледаме, ако веќе не можеме да дишеме. Сигурно патриотскиот слух, застанат некаде во петнаесет за пет во 1963 година, ќе живне со новата Коцева КАМПАЊА за народни песни на секој саат. Се работи за часовникот во старата железничка станица, застанат во истиот момент на Земјотресот од шеесет и трета. Родоначалникот, во својата изборна програма, вети дека ќе го оживее саатот кој сам по себе претставува монумент на едно време и споменик сам по себе. Се обложувам дека инспирација за ова му се, рекламите за распеаните ЧУЧУЛИГИ и венчиња на телешоп.

Да се обидеме да ја замислиме вртоглавата треска која ќе не` понесе во занес, тогаш кога за прв пат ќе го слушнеме саатот како ни кука пригодни народни траки: сите домаќинки ќе запрат со своето мешање во лонците, старите ДЕДОВЦИ во паркот ќе ја игнорираат партијата шах, во автобусите децата ќе им стануваат на возрасните за да седнат, нема да се убиваат кучињата скитници, сите ќе почнат да донираат во домовите за деца без родители, нема да имаме деца со ЛЕУКЕМИЈА за кои државата не дава пари, чуварите на стадион ќе ги пуштаат гледачите внатре без притоа да им ги украдат сите парфеми и работи што им се допаѓаат... Автоматски, Скопје ќе стане центарот на хуманизмот и ренесансата!

Потребно ни е СААТСКОТО ПЕЕЊЕ, за да излеземе од оваа катаклизма на метеж по улиците и МИНИМАЛЕЦ во дневниците. Народните песни ќе ја спасат оваа затруена младина со сепси во вкусот. Нема повеќе да владее трансот по нумери во кои експлицитно и отворено се понижува женскиот пол, и во кои ДЕВОЈКИТЕ се наречени со имиња кои домашното воспитание не ми налага да ги парафразирам. И во кои им порачуваат „да се спуштат доле“. Авторите на овие ИНКВИЗИЦИСКИ мисли, претопени во „рапоина“, на спотови играат покрај девојка што гестикулира срамотни работи, ажурно и во исто време како што оди текстот во кој ја понижуваат. Добро, каде им е умот? Има право еден мој близок пријател кога пред некое време ми рече: „ Знаеш Мими, јас го обожувам СЛАТКАР. Кога девојките што ги понижува во своите текстови го сакаат, тогаш мене не ми останува ништо повеќе одошто да му честитам.“ Имаше право, да ми го поживее Господ.

Отсекогаш сум сакала да зборувам за „спонтаноста“ и сложноста на македонската нација, а еве неделава, имам и повод. Најчесто поводот ми произлегува од студентски, но и од ИЧ – СТУДЕНТСКИ ПРОТЕСТИ. Ако претседателот на Студентски Парламент организира протести денес, тогаш полни автобуси го чекаат пред ЕУ инфо центарот уште од завчера. Спонтаност на ниво. Секако, да се напомене, дека во нив нема ниту еден студент. Освен можеби од оние „вечните“. На ваквата организација за мирен протест против промената на името, може да и` позавиди и менаџмент тимот на ДОНАЛД ТРАМП.

Процесот оди некако вака: На претседателот на СПУКИМ попознат како Медо, му текнува да прави протест во 15 часот напладне. Ги собира младите и стари АКТИВИСТИ, пардон, статисти, овааај демонстранти де. Тие телепатски веќе го чекаат на местото, се знае тоа дека спонтана нација куќа гради. И пиперки во бавча сади. Остај тоа туку, веќе утредента во 10 часот наутро, сите стеснети и не многу весели, извикуваат заедно дека „Што ќе ми е бе Европа?“. Ете, знам јас дека народов е среќен и задоволен, како не им е срам ви се молам на овие од Европа да им сметаат... Па уште и ТЕЛЕВИЗИСКИ ЕКИПИ ќе ги снимале. Кои се тие бе, да им го нарушуваат приватниот и интимен портокалов препродбенички амбиент?

Атмосфера, стандардно и безлично неподнослива... Па на прилог даваат анонимно затемнет човек, кој тврди дека шефот од работа ќе го избркал ако одбиел да присуствува. Кога организаториве ги молат за коментар, тие се оградуваат. Упорно се оградуваат од политичката позадина на ситуацијата, се оградуваат од автобусите, се оградуваат од изјавите, до толку се оградуваат што мислам дека ЖИВА ОГРАДА ќе израснат од сопствената очајна проѕирност. Организација – перам раце.


Каде беа овие студенти на светската недела на високото образование, кога некои нивни колеги протестираа против високата партиципација, против ужасните услови во студентските домови, против искористувањето на нивните средства во неблагородни и непрагматични цели? Тогаш ги немаше нигде! Како можам да верувам во кредибилитетот на овој протест, кога е организиран од лица што не го поддржаа оној во сферата што најмногу ги засега, а тоа е студентарскиот секојдневен хаос? Како беше онаа старата... Чувај ме мајко од пријателите, од непријателите се чувам сам.


Фрли еден поглед кон скопскана елка и ќе ја сфатиш античноста твоја... Ќе те огрее сонце во портокалова боја. Трчај во завод за сини картони, со нив да голташ аптекарски бонбони... Два месеца некој боледува од леукемија во оваа држава, пари за лекување не даваат - министерската функција е скржава. Да не продолжувам со мојата хаику поезија, ќе се фокусирам на дебатата на која присуствував со налов „Еднакви права за сите“. Фактот што има околу 5 000 Роми кои живеат без документи како духови, без здравствена заштита како бесмртни, без образование како да се родени образовани, говори за потребата да се донесе закон против дискриминација. Се насмеав на изјавата на еден новинар, кој кажа дека процентот на Роми вработени во јавната администрација е под нула и ме потсети на математиката на Амди Бајрам – сто два кома три посто... Но, кога поарно си ја чукнав главата, вистина, тие немаат кој да ги
застапува, а дури и да имаат некоја минорна бројка претставници, тие се неажурни освен пред избори. Она што ги „боли“ надлежните кои го кочат процесот на донесување на законот против дискриминација, мислам дека не е состојбата на Ромите, туку правата на хомосексуалците. Треба сите маргинализирани групи да се обединат и да дејствуваат со поголем притисок во институциите.
Новинарка пишуваше за ова

Народни песни бе -.-
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.791
Поени од реакции
12.273
Ова озбилно? :pos2::pos2::pos2:
Го немам слушнато,еј кои фаци не водат,хелпппп!
Лани ова време развивавме стомачни со вакви бисери :)

Програмата на градоначалникот
http://kocetrajanovski.com.mk/images/koce_programa.pdf

Страна 83
Р О К : 2 0 0 9 -2 0 1 0
Опис на проектот: Рестартирање на стариот часовник поставен над влезот на ста-
рата железничка станица во Скопје. Се работи за маркантен часовник, кој е познат
од времето на скопскиот земјотрес од 1963 г., како симбол на сеќавање за катастро-
фалниот настан. Неговата обнова е клучна, заради неговата локација со поглед на
ул. „Македонија“ и на Плоштадот. Препознатлив детал од градот кој секој час би го
означувал со песна од македонскиот народен мелос и би се овозможило осветлу-
вање на стрелките на часовникот.
Песна, по можност од Житарова
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Имам една слика ама неможе да се прикачи со репертоарот на МТВ
08.00 Утринска програма „Што сонува премиерот“
10.00 Екслклузивно на МТВ „Премиерот појадува“
11.00 Реприза по 137 пат од седница на влада на Р.М
....
16.00 Обраќање на Бога до Македонскиот народ
...
20.00 Прес во влада за новите 17 сијалици сменети во влада
21.00 Гледање на снимка од посетата на Влатко Ѓорчев во Австралија
22.00 Вечерна програма„Премиерот легнува да спие“

:pos2::pos2:

Да не ја заборавам преродбата на МТВ

Лани ова време развивавме стомачни со вакви бисери :)

Програмата на градоначалникот
http://kocetrajanovski.com.mk/images/koce_programa.pdf

Страна 83
Песна, по можност од Житарова
О,не не е можно да сум го прескокнала ова :pos2::pos2::pos2:

едит:кај е бреинбург да го оправда проектот,мора да има нкој утешител збор за ова :pos:
 

Кралот Марко

Не прилепчанецот, ами Јас
Член од
6 ноември 2008
Мислења
3.969
Поени од реакции
278
Прво и основно прашање:Кога последен пат е исчистен автобусот? (Ко то тамо пева е дефинитивно најдобар опи за јавен превоз).Денес се возевме со отворена врата,а шоферот како мине од една лента на друга е познато,среќа што не излегоа низ врата луѓето.Во хармониката има толку црнило,каква нема во близина на топилницата во Велес.Има дупки за да можеш да гледаш како е времето надвор.Апаратите за карта,не се сеќавам кога работеле.Во последно време инспекции (секој ден) го држат автобусот на една станица додека не прегледаат,јас секој ден каснам на работа поради нив.Интернет WTF?
Не се сеќавам да сме имале полуда влада,шминкери прва лига,како цело население да боледува од шап и лигавка.
Го тестирале безжичниот инернет, а и како ќе излетаат? се сурфер до сурфер...искусни се луѓето веќе и на поголеми кружни бранови.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.791
Поени од реакции
12.273
А од кај е идејата за перачките машини во автобусите?
Се имаат модернизирано, до скоро беше само со канти сирење за-на-пазар.

петок бесплатна вожња
Би предложил во петок да не се вклучува интернет сигнал.

За сурфањето ме интересира. Дали секој ќе се снаоѓа (лаптоп, мобилен и слично) или ќе има нешто терминалчиња? За такви као ја кои немаат мобилен (а лаптоп у автобус :wink: некако не иде).
 
Е

експерт

Гостин
Зошто пред изборите Коце не се покажа колку му фаќа умот?
 

concrete

alte Esel
Член од
22 март 2005
Мислења
12.248
Поени од реакции
1.703
Вие само заебавајте се :) ама само од компјутер за секое дете инкасираа веројатно три четвртини од сумата, од оние стотини игралишта..тениски и незнам какви сигурно МНОГУ, со праќање на пензионери у бања на пензискиот фонд ќе му заштедат милијарди..денари.., напрајте само статистика колку од пензионерите ќе бидат изгубени во акција , колку пак бргу бргу ќе отидат ден потоа.....
...мислам leandra праша кој им е БИЗНИС советникот???.....ми личи на некој од тоа еврејската школа, онаа од германскиот смер ...... и е признавам...ептен, море дибидуз ...делотворна.....
......она со насилната наплата на тв претплата ..и по три на иста домашна адреса, една за фамилијата , друга за родителите .....трговци поединци кои се регистрирани на таа адреса.....е БИСЕР, работа НЕВИДЕНА нигде до сега во светот...:)
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Власта не може да го оправда ангажирањето на економските промотори, пред државниот завод за ревизија. Ревизорскиот извештај обелоденува дека за 18 промотори, потрошени се повеќе од половина милион или 584 илјади евра.
Но ревизорите не се увериле во ефектите од промоторите и сметаат дека начинот на кој се следи нивното работење недоволно ги дефинира ефектите за ангажирањето. Промоторите контактирале со 11.245 компании.
Земјава ја посетиле само 118. Токму тука познавачите ја наоѓаат слабоста, сметаат дека работата на промоторите не може да заврши само на контакти и делење визит картички.
„Промоторите имаат само таргет да посетат компании да информираат за таа посета, а самата суштина обработката на пазарот не следи. Тоа е она што мора да се случи“, Рубинчо Заревски.
На терен огромен број нереализирани инвестиции Монтипе, Искра, Орланди и редица други. Како последен грандиозен проект што власта бомбастично го најавуваше беше јужно Корејската инвестиција на Хаер и Тривју што требаше да стартува на Бунарџик но засега нема ништо ниту од оваа инвестиција иако на поиставувањето на камен темелникот се сликаше половина влада.
На Бунарџик сега се Џонсон Контрол и Џонсон Мети, а токму ревизорите забележуваат дека без соодветни критериуми власта дала државни субвенции во форма на грантови од 4 милиони евра на една од компаниите во една индустриска зона.




Па да им се плукнам во црпките што ги носат на рамена,живи не изедоа овие шминкериве со се партали.Како не им е срам пу пу пу!
 

Олимпија

Македонија во срцето!!!
Член од
26 март 2008
Мислења
5.624
Поени од реакции
9.146
Зошто пред изборите Коце не се покажа колку му фаќа умот?
Зато што ќе беше градоначалник на к**ов :icon_lol:

Власта не може да го оправда ангажирањето на економските промотори, пред државниот завод за ревизија. Ревизорскиот извештај обелоденува дека за 18 промотори, потрошени се повеќе од половина милион или 584 илјади евра.

На Бунарџик сега се Џонсон Контрол и Џонсон Мети, а токму ревизорите забележуваат дека без соодветни критериуми власта дала државни субвенции во форма на грантови од 4 милиони евра на една од компаниите во една индустриска зона.
Преродбата продолжува......
24/7 Влада на Р.М
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Пола милион во џебот на 18 мочковци кој ги шетаме низ плажите на Шпанија.Насмејте се сега да ве сликам со проективе и инвестициите во земјата кој ги донесоа.А ако некој се дрзне да рече дека потоа ќе дојдат и неможе преку 365+365+365 ноќи нека пресмета уште колку илјадници ќе заминат пред да се расонат промотерите.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom