Lord of the Rings трилогијата + Хобитот

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.132
Поени од реакции
83.752
Една година по премиерата на Враќањето на Кралот, процуреа информациите за Хобит. Во нив стоеше дека филмот ќе се занимава со дејствието од книгата, но и со другите настани од Средната Земја, кои предходат на настаните во Господарт на Прстените. Ќе има два дела. првиот дел почнува да се снима оваа година. Режисер требаше да биде Питер Џексон преку неговата Вингнат продукција (нормално под пазувите на Мирамакс).
Но некако во исто време, се појави "недоразбирање" помеѓу Мирамакс и Вингнат, кое се претвори во судски спор (околу авторските права и "дивидендите" од проекциите). Односите толку заладија што се појави изјава од "главниот" на Мирамакс во која тој тврди дека додека е тој претседател на Мирамакс Пит Џексон нема да снима филм за нив. Почнаа да се појавуваат други имиња, меѓу кои најчесто Иранецот Сем Раими.
Следуваше голем притисок од огромната база на фанови и целокупниот кастинг на Господарт на Прстените, кој застана на страната на Питер Џексон. Некои од глумците одеа до таму што тврдеа дека нема шанси да се појават во Хобит, доколку филмот не биде под директорска палка на Пит. По ова Мирамакс попушти и договор се постигна.
Но работата пак се закочи, бидејќи спроведувањето на договорот Мирамакс, го пролонгираше по започнувањето на снимањето на Хобит, додека Пит сакаше најпрвин се да се' затвори околу Господарт на Прстените, па потоа да потпише нов договор за Хобит.
Е сега што се случи понатаму - не знам точно. Мислам дека испадна според вољата на Питер Џексон.
Најново е дека филмот ќе почне да се снима оваа година под директорска палка на Мексиканецот Гиљермо Дел Торо, а со благослов на Питер Џексон кој е егзекјутив продјусер.
(Торин Храстоштит ќе го глуми Рон Перлман)
 

BlaCk FiRe

`Going NoWhere`
Член од
21 март 2008
Мислења
637
Поени од реакции
18
Вториот Двете Кули посебно многу ми се свиѓа мене ....
 
Член од
13 февруари 2007
Мислења
5.156
Поени од реакции
5.999
......... И ја сум повеќе за книгите, ама еве цитај ги ЛОТР книгите и ке ти стане јасно
Ги имам прочитано два пати. И мислам пак да седнам да ги читам откако ќе прочитам све друго од Толкин.

И не знам што треба да ми биде јасно...
 
Член од
29 ноември 2008
Мислења
1.041
Поени од реакции
43
Дека има непотребни детали во книгите кој во филмот умешно се одбегнати....... Седни на пример прочитај го Ерагон и ќе сфатиш колку е срање филмот....... Во случај на ЛОТР филмовите тоа не е така, филмовите се предобри
 
Член од
13 февруари 2007
Мислења
5.156
Поени од реакции
5.999
Ај кажи ми според тебе кои се непотребни детали?
 
Член од
1 април 2006
Мислења
273
Поени од реакции
4
Најново е дека филмот ќе почне да се снима оваа година под директорска палка на Мексиканецот Гиљермо Дел Торо, а со благослов на Питер Џексон кој е егзекјутив продјусер.
(Торин Храстоштит ќе го глуми Рон Перлман)
Точно. Дел Торо кој можеби е единствениот режисер моментално достоен според мене да го замени Џексон(веќе ако мораше некој) ќе ги снима двата дела на Хобит. Но не се знае дали самата книга ќе биде поделена на два дела , или дали првиот дел ќе ја опфати книгата додека вториот дел се позанимава со периодот помеѓу Хобитот и Господарот на Прстените. Во овој период од околу 60 години нема некои позначајни настани( раскажани одТолкин) па се чека да се види како ќе одвиваат работите. A тоа со Рон Перлман дека ќе го глуми Торин и баш не ме изненадува ( не знам како ќе му стои и како ќе ја изигра улогата , се надевак добро ) бидејќи тој и Гилермо се блиски соработници ( Двата Hellboy филма )
 

Vnuce

http://abix.mk
Член од
20 март 2006
Мислења
2.602
Поени од реакции
223
Конечно го гледав.
Симнав extended HD верзија...
Кецот и двојката... подпросечно..
Тројката беше ОК, имаше интересни моменти... али, фак.. трае 4 саата и 15 минути :vozbud:
Младоста ми помина, ебаго :)


У секој случај.... филмовите не ја заслужуваат онаа фама која се крена за нив кога излегоа.
 
Б

Бат Елохим

Гостин
У секој случај.... филмовите не ја заслужуваат онаа фама која се крена за нив кога излегоа.
Ствар на вкус. јас на пример го гледам секој ден... поправо, ги гледав сега двд-то не ми работи...
 

Vnuce

http://abix.mk
Член од
20 март 2006
Мислења
2.602
Поени од реакции
223
Ствар на вкус. јас на пример го гледам секој ден... поправо, ги гледав сега двд-то не ми работи...
Не е ствар на вкус...
Прочитај некоја од WarCraft книгите ќе сфатиш зашто не сум воодушевен од филмот. Верувај, и ти ќе го смениш мислењето кога ќе видиш какви авантури можат да се напишат во тој свет...
Многу повеќе од пар џуџиња со влакнести стапала кои носат прстен во вулкан и вештер што трча наоколу :)
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.132
Поени од реакции
83.752
Не е ствар на вкус...
Прочитај некоја од WarCraft книгите ќе сфатиш зашто не сум воодушевен од филмот. Верувај, и ти ќе го смениш мислењето кога ќе видиш какви авантури можат да се напишат во тој свет...
Многу повеќе од пар џуџиња со влакнести стапала кои носат прстен во вулкан и вештер што трча наоколу :)
Таков paperbag шунд не ни може да се спореди со Толкин.
Извини, но така е.
Целиот WarCraft универзум е копија од постариот Warhamer универзум.
Сите такви универзуми водат потекло од Толкиновиот свет на Средоземјето.
Расите како орки, ентови се негов изум.
А некои митолошки раси како самовили, тролови... ги има сменето како што му одговарало, и во таа форма здраво за готово, ги имаат земено сите (D&D, Warhamer, Warcraft...). На пример, денес, кога на фантазијските љубители ќе им кажеш трол сите подразбираат глупав лош џин, или пак во секој случај суштество поголемо од орк или гоблин. Така Толкин си ги претставил, кога ги земал од Скандинавската митологија. Но троловите се всушност паметни мали суштества со огромна доза на злоба, кои по изгледот подсеќаат на џуџиња (лоши).
Сакам да кажам дека под огромно влијание на Толкин е модерната фантазијска литература, од која ниту едно дело (ниту еден универзум) не е толку разработено, развиено како толкиновото. Не затоа што никој не можел (а и тоа е дискутабилно), туку затоа што модерните побарувања на тој пазар велат дека е излишна толку грандиозно развивање на приказната.

Сепак, за вкусовите не трба да се расправа. Литературата и филмот се уметности.
 

Vnuce

http://abix.mk
Член од
20 март 2006
Мислења
2.602
Поени од реакции
223
1. Ги мешате игрите со книгите. Мнооогу голема разлика има.
2. Ноуп, ги нема измислено Толкин... Се тоа се Англо-Саксонски легенди и митови.
3. Немате прочитано ниедна од книгиве што ги зборам (а се сомневам и дека имате прочитано нешто од Толкин во кој што се крстите моментално), така да не можете да зборите за нивниот квалитет.
4. Толкин кога ја добива популарноста кај младата “начитана“ популација? Кога се сними филмот. Толку од кредибилитетот за “пејпрбег шунд“ класификација.
5. (@1307) Која приказна ја има ЛОТР? Ќе се повторам, прочитај ги WarCraft серијалите, ќе видиш колку се разработува *секоја* од културите во тој свет.
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.132
Поени од реакции
83.752
1. Ги мешате игрите со книгите. Мнооогу голема разлика има.
Универзмот, основната идеја за универзум населен со организирани заедници на луѓе, самовили, гоблини, џуџиња...во суштина е плагијат и кај книгите и кај RPG и кај видео игрите и кај било кој производ од франшизите: D&D, Warhammer, Magic: The Gathering...
2. Ноуп, ги нема измислено Толкин... Се тоа се Англо-Саксонски легенди и митови.
Ноуп. Расите орки и ентови (со тие имиња) ги има создадено Толкин и непостојат во ниту една митологија. Исто како што не постојат Џиновски глупави тролови. На пример доколку те интересира потеклото на толкиновата митлогија, прочитај го Толкиновиот Прстен. Нема да збориш дека орките се дел од англо-саксонската митологија, која не постои. Постои германска/скандинавска митологија и келтска митологија. Всушност главната причина која стои зад толкиновите напори е немањето сопствена митологија, на Англичаните. Кои имале само неколку приказни и толку. Далеку од зборот митологија, кој го поседуваат: Шкотите, Ирците, Велшаните (Келтска митологија) и Скандинавците и сите други Германи (Скандинавска митологија и Старогермански митови), исто и Словените. Но Англичаните кои се мешавина од староседелски келтски племиња и германски (Англи, Саксонци, Нормани...) - немаат своја митологија (во вистинска смисла на зборот), цело време позајмуваат приказни де од Германите, де од Келтите.
3. Немате прочитано ниедна од книгиве што ги зборам (а се сомневам и дека имате прочитано нешто од Толкин во кој што се крстите моментално), така да не можете да зборите за нивниот квалитет.
Од жанрот епска фантастика на Толкин може да ги спротиставиш, да речеме, Роберт Хауард (Конан) или Урсула Легвин (Земјоморје), а никако некои комерцијални клонови напишани од автори што пишуваат еднаш неделно по една новела (по нарачка од издавачот). Врвот на таквите автори се Р. А. Салваторе или Кинг, кои вода можат да им носат вода на погоре споменатите двајца, а не па на Толкин.
Сакам да кажам, не ме терај да читам нешто што се штанца еднаш неделно.
4. Толкин кога ја добива популарноста кај младата “начитана“ популација? Кога се сними филмот. Толку од кредибилитетот за “пејпрбег шунд“ класификација.
Книгата стана популарна кај пошироката публика по филмот. Што има лошо во тоа? Јас никогаш не се потсмевам со другите кои не ги читале Силмарилион или Хобит, пред да се снима филмот. Не гледам која е поентата на ова.
Аха, знам. Ми текна. Изгледа многу е јако да им викам на луѓето: "Jа коа читав Толкин, кај бевте бе вие!". Фала што ме потсети од сега ќе го прашувам секој што го чита Толкин дали пред или по филмот тоа го правел. Така ќе знам кој е вистинскиот љубител на книгата.
Квалитетот на делото не е секогаш правопропорционален со популарноста. Има критичари кои пообјективно можат да оценат дали Толкин е подобар од друг. Нивната оценка, верувај, нема да те израдува. Но сепак, уметноста, во крајна линија е субјективна, иако може поопипливо да се процени оригиналноста на било кое дело.

5. (@1307) Која приказна ја има ЛОТР? Ќе се повторам, прочитај ги WarCraft серијалите, ќе видиш колку се разработува *секоја* од културите во тој свет.
LOTR и Hobbit се само врбвот на ледениот брег.
Разработеност:
Има некаде, да речме, речник, граматика, фонетика, на било кој јазик од универзумот на Warcraft (пак ќе речам, копија од Wаrhammer, кој самиот е копија од светот во кој се наоѓа Средната Земја)?

Резимето ми е, дека сепак, во уметноста се' е субјективно. Критичарите би требало тоа да го минимизираат.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom