- Член од
- 6 февруари 2005
- Мислења
- 9.722
- Поени од реакции
- 248
Два моста, едниот на Црна Река и другиот на Раец се украдени. Грандиозната количина челик од цели 190 тона, за кои да се превезат се потребни 20 големи камиони, заврши на отпад.
Оваа вешта операција ја извеле двајца другари, кои ги украле мостовите со намера да ги продадат користејќи фалсификат документи и манипулирајќи со Фондот за патишта.
Покрај крадењето на бакарни казани за варење на ракија и кабли, неопходни за одвивање на железничкиот сообраќај, во Македонија возможно е и присвојување на челични мостови и од нив некој дебело да профитира.
Сега на реките ги нема мостовите. Наместо со стариот челик од двата моста да изградат нов, двајцата другари го продале во отпад и профитирале.
Станува збор за Јордан Петрозанов, екс претседател на Управниот одбор на Македонија пат и неговиот пријател Зоран Гелов. Тие заработија кривични пријави за измама, фалсификување и даночно затајување.
Демонтажата на двата челични моста, едниот на Црна Река кај Стоби, а другиот на реката Раец кај Дреновската клисура се одвивала на етапи во 2005-та и 2006 година.
Како успеале да украдат мостови? Петрозанов до Фондот за магистрални и регионални патишта доставил фалсификувано барање за демонтажа, со потпис од претседателот на Месната заедница на селото, каде што требало мостовите да бидат префрлени. Но наместо тоа тие кеширале близу 30 илјади евра за мостовите, што сега се старо железо.
ОВА Е КРШ