Претходно го пишав New York ама сега го затворија-шуќу редно беше.
Иначе да се дополна од претходната страна не смеам да го заборавам, легендарниот, бесмртниот ни комунизам ни капитализам не го соборуваат паб-пивница Лондон на плоштад.
Како татко ти влегол во 1970 на по една кригла со другарите така и ти ќе влезеш. Дури и истата прашина ќе ја најдеш. Ако убаво се загледата горните стакла од местово кога ќе проаѓате поред него се прашинести 24/7.
Секој момент чекам Паско Кузман да поднесе декларација до собранието со цел заштита на овој објект како културно историски. Па луѓе мои најмладиот инвентар таму е од Германските седенки 40-тите и дискусијата дали окупаторското пиво е поарно од Скопсково.
Чат пат седнувам и таму чисто ради скеч што би рекол еден другар. И се осеќам ко Братислав Димитров со неговите носталгии како кошулата ако му се излитела ја вртел од другата страна, или кој најефтин тапкарош ќе му шитне карта за тазе-новиот филм со Чарли Чаплин.
Абе милина...