Леле, кога го пиша постов сите спомени од Касандра ми се појавија. Инаку јас благодарение на Касандра научив да читам, вака јавно да се пофалам
, во Вечер мислам даваа што ќе се случи вечерта, целото сценарио од вечерната епизода.
Зимата се радував како нездрава затоа што од кај мајка ми од работа им даваа пакетчиња за децата а на нив беа Касандра и Луи Давид
. Исто се сеќавам во последната епизода мислам, кога беше престрелката, кога го пукаа Ранду
, комшииве се дереа однадвор на цајканите во судницата каде што беше сцената: "Удрете ја бе пизда ли и материн". Во маало жива душа немаше кога се емитуваше Касандра, на Партизанска можеше сред улица пешки да одиш. Е тоа беше ера.
Сега на истото сценарио се прават милион фејкерски серии. Барем и актери/ките да беа убави.
П.С. Ќе најдам ли барем една серија во која Дијаманте нема да има постирано?