Еве вака. Јас како многу искусна шетачка по скопските кафичи, клубови и така натаму, со чиста совест и здрава свест можам да потврдам дека одамна немам така уживано во некое местенце, како што тоа се случува откако група битолски дечки го отворија Мезе-бар Сопотско во зградата на МЦМ. Пази, мезе-бар, не е ни ресторан, ни кафуле. Си пиеш пивце, винце, ракииче, а не кркаш скари, туку баш мезенце. Топено сирење во фурна, некои потпечени компирчиња, лепчиња, маринирани маслинки...а во позадина ти пее Едит Пјаф. Башка, амбиентот е убав многу. Стар адаптиран стан со високи тавани...мераци.