Дали може да се освои секој?

Дивајн

блаблабла
Член од
3 април 2005
Мислења
15.748
Поени од реакции
1.855
Дали може да се освои секој, значи, не тој/таа што чувствува исто како вас (тоа е лесно и едноставно), туку тој/таа кој/а буквално не ве забележува? Може ли да се сменат чувствата кај другите и како? Со голема упорност, со оддалечување, со постојано "дудлање" и инсистирање или?
А како би постапиле ако вас ве сака некој што ама ич не ве засега? Би му дозволиле да проба да ви го промени мислењето или крајно го избегнувате откако приметувате што му е целта? Важна ви е таа прва слика која ја добивате за некого или си давате време на двајцата за некакви корекции?

Може и конкретни примери секако (доколку сте ги имале) ... можеби некому и некогаш ќе му бидат од корист ...:helou:
 

Eko1

Форум Џедај
Член од
20 мај 2005
Мислења
1.579
Поени од реакции
29
Некој некогаш рекол: "Нема неосвојива тврдина, има само погрешен напад"

Лично за мене многу е важна првата импресија за таа одредена личност но сепак мислам дека ако некој е доволно упорен или снаодлив може чуда да направи.
 
Член од
26 јануари 2007
Мислења
2.202
Поени од реакции
1.943
ne moze sekoj da se osvoi...kako ke osvois nekogo cie srce mu e od kamen?
ne moze i ne moze...
no ima i takvi koi mozat da se osvojat na nekoj nacin...
 

ПрИтИ_гРл

Unforgivable ♥
Член од
6 јуни 2006
Мислења
2.554
Поени од реакции
22
да...се согласувам со еко...и мене ми е многу важен првиот впечаток што ке ми го остави тој....а и да не ме засега...ако ме имресионира со некои негови дела зашто да не пробам....
а јас да не засегам некого....па незнам...знаеќи го мојот карактер многу тешко попуштам...значи...
 

Eko1

Форум Џедај
Член од
20 мај 2005
Мислења
1.579
Поени од реакции
29
Tender Girl напиша:
ne moze sekoj da se osvoi...kako ke osvois nekogo cie srce mu e od kamen?
ne moze i ne moze...
no ima i takvi koi mozat da se osvojat na nekoj nacin...
Грешиш.... секој/а може да се освои и тоа е научно докажан факт.... можеби за одредени ситуации ке треба некои еден во милион проценти но сепак.... нема конечно НЕ! за никој/а.
 

SCORPIO__20

Your sex is on fire
Член од
1 февруари 2007
Мислења
4.380
Поени од реакции
71
jer srce nije kamen.. :) to4no ima po opusteni i postegnati luge... kade sto kaj nekoj mn.polesno ke stignes do negovoto srce i luge kade sto mozebi ke ti treba cela ve4nost da stignes do negovoto srce.. ali na krajot ke vredi..
se zavisi..od na4inot na pristapuvanje zapoznavanje.. i vospostavuvanjeto na zaednicka doverba :)
 

kLiNkA

Ponosna Hrvatica
Член од
4 јануари 2006
Мислења
2.116
Поени од реакции
5
veruvam deka moze sekoj da se osvoi, a dali e sekoj vreden da go osvoite... e toa bas i ne...
 

Fortune

шодаенешчо
Член од
9 мај 2005
Мислења
12.493
Поени од реакции
183
Дивајн напиша:
Дали може да се освои секој, значи, не тој/таа што чувствува исто како вас (тоа е лесно и едноставно), туку тој/таа кој/а буквално не ве забележува? Може ли да се сменат чувствата кај другите и како? Со голема упорност, со оддалечување, со постојано "дудлање" и инсистирање или?
Не може секој да биде освоен. Ако кон некој немаш никакви симпатии, ако не те ни забележува, ако чувствува нешто кон некој друг - џабе е се`.
Упорност - во ред е упорноста, но со мера. Секоја претерана упорност се претвора во досада и напорност, замарање (во случај никакви изгледи да нема дека ќе биде освоена личноста).
Оддалечување - ако има барем мал знак дека другиот е заинтересиран, тогаш оддалечувањето може позитивно да влијае, може да ја загрее личноста. Но, ако постои незаинтересираност, оддалечувањето ќе биде одличен одмор од упорниот.
Дудлањето - кај секој различно.
Дивајн напиша:
А како би постапиле ако вас ве сака некој што ама ич не ве засега? Би му дозволиле да проба да ви го промени мислењето или крајно го избегнувате откако приметувате што му е целта? Важна ви е таа прва слика која ја добивате за некого или си давате време на двајцата за некакви корекции?
Секако дека игра улога првата слика, но не е пресудна. Секој заслужува шанса да освои, да му се даде можност. Сум била во ситуација да не ме засега некој, а да бара да се обиде, па сум се сложила, но претходно бев искрена дека немам никакви чувства. Но, кога едната страна нема никакви чувства, измачување е и за двајцата. Тој/таа се труди да направи се` за да ве освои, а вие се трудите да откриете барем мала искра, но не оди. Тој/таа е незадоволен/на бидејќи не знае што да направи за да ве приближи, а вие не знаете што да направите за да засакате. Со сила убавина нема. Лажната надеж некогаш не мораш ти да ја дадеш, некогаш и самата личност може да си ја изгради во мислите.

Сума сумарум, не може да се освои оној кој не е заинтересиран за другиот, ако не му се допаѓа, ако сака некој друг (иако со ова е друг муабет) и сл.
 

DarkLord

Невиден малер
Член од
27 јануари 2007
Мислења
941
Поени од реакции
247
Има дечки што познавам кој на секој начин ке ја фатат најпуфлата женска,,им завидувам како го прават тоа.Секој си ма свој начин на стратегија и се разбира дека ке успее во се.Како што кажа еко1 ако е упорен и снаодлив ке успее во се
 

Zemzela

носител на титулата ултимативен клабер
Член од
19 јули 2006
Мислења
5.045
Поени од реакции
152
Abe ako si dovolno dobar i ako znaes kako da pristapis sekoj ke bide tvoj,taka da i ja se pridruzuvam kon toa deka moze da se osvoi...vprocem i ja so upornost ja fativ...veke bivsata zenska :)
 

436053

Consigliere
Член од
19 декември 2005
Мислења
860
Поени од реакции
68
Многу убаво кажа Еко,"не постои тврдина што неможе да се освои,постои само погрешен напад".Ама нешто што најмногу ме нервира е кога ќе оставам погрешен впечаток кај некого,на пример не сум бил расположен,сум бил муфла,ми умрела мачката,или пак сум бил премногу расположен,па дури и нападен;и после сево ова ти треба да се искршиш од работа да го опраиш тоа.Е тоа не ми се свиѓа,а иначе-да секој може да се освои!
 

Дивајн

блаблабла
Член од
3 април 2005
Мислења
15.748
Поени од реакции
1.855
Не може секој да биде освоен. Ако кон некој немаш никакви симпатии, ако не те ни забележува, ако чувствува нешто кон некој друг - џабе е се`.
Од тука се сложувам само со тоа дека неможеш да освоиш некој кој е веќе навистина заљубен ... другото може да е само почетна ситуација, која со упорност може да се промени.

Упорност - во ред е упорноста, но со мера. Секоја претерана упорност се претвора во досада и напорност, замарање (во случај никакви изгледи да нема дека ќе биде освоена личноста).
Има упорност и упорност да се разбереме. Едната која е непромислена и очајна може да замара, а другата која е со осет и добро промислена знае да премине во нешто повеќе.

Оддалечување - ако има барем мал знак дека другиот е заинтересиран, тогаш оддалечувањето може позитивно да влијае, може да ја загрее личноста. Но, ако постои незаинтересираност, оддалечувањето ќе биде одличен одмор од упорниот.
Имало или немало знак на заинтересираност од другата страна, оддалечувањето никого не остава рамнодушен. Разликата е во тоа што некого ќе го допре помалку, некого повеќе.

Дудлањето - кај секој различно.
Да, кај секого различно делува и зависи и тоа какво е ... сигурно уличарско дудлање не би резултирало позитивно, ако партнерот од старт ни е незаинтересиран ... има дудлања и дудлања ...

Секако дека игра улога првата слика, но не е пресудна. Секој заслужува шанса да освои, да му се даде можност. Сум била во ситуација да не ме засега некој, а да бара да се обиде, па сум се сложила, но претходно бев искрена дека немам никакви чувства. Но, кога едната страна нема никакви чувства, измачување е и за двајцата. Тој/таа се труди да направи се` за да ве освои, а вие се трудите да откриете барем мала искра, но не оди. Тој/таа е незадоволен/на бидејќи не знае што да направи за да ве приближи, а вие не знаете што да направите за да засакате. Со сила убавина нема. Лажната надеж некогаш не мораш ти да ја дадеш, некогаш и самата личност може да си ја изгради во мислите.
Да точно, па во тоа бунило, опседнатост и очајност, сигурно ништо паметно не ни може да смисли човек ... може да се труди некој милион години, но џабе му е додека не седне и размисли убаво што пропуштил и познавајќи го партнерот да смисли што навистина ќе го заинтересира итн итн итн ... секој човек е различен, па не палат кај секого некои универзални начини на освојување ...

Сума сумарум, не може да се освои оној кој не е заинтересиран за другиот, ако не му се допаѓа, ако сака некој друг (иако со ова е друг муабет) и сл.
Сума сумарум, може да се освои секој, освен тој кој веќе вистински сака некој друг.:helou:
 

Fortune

шодаенешчо
Член од
9 мај 2005
Мислења
12.493
Поени од реакции
183
Дивајн напиша:
Од тука се сложувам само со тоа дека неможеш да освоиш некој кој е веќе навистина заљубен ... другото може да е само почетна ситуација, која со упорност може да се промени.
Упорноста може да е замарачка. Зависи од тој што треба да биде освоен.
Дивајн напиша:
Има упорност и упорност да се разбереме. Едната која е непромислена и очајна може да замара, а другата која е со осет и добро промислена знае да премине во нешто повеќе.
Никој никогаш со сигурност не може да знае која упорност е со осет. Може да мисли дека е во ред, а всушност другиот да не го гледа тоа така. Во одреден момент можеш да изреагираш дека е во ред упорноста, а во друг обратно. Никогаш не се знае со луѓето, никогаш не можеш да знаеш што во некој момент сака друг.
Дивајн напиша:
Имало или немало знак на заинтересираност од другата страна, оддалечувањето никого не остава рамнодушен. Разликата е во тоа што некого ќе го допре помалку, некого повеќе.
Ако сум незаинтересирана, ако не знам веќе на кој начин да покажам дека сакам да не се труди, неговото оддалечување ќе ми одговара со надеж дека ќе сфати. Кој не останува рамнодушен? Оној кај кој се присутни чувства или кај оној кој уживал додека некој трчкал по него додека се обидувал да го освои. Ако навикнам на неговото внимание, ако ми одговара, ако притоа почнуваат да ми се појавуваат некои искрички, ако уживам додека ми покажува дека му значам, па се оддалечи од мене - тогаш нема да сум рамнодушна. А ако воопшто не допира до мене тоа што го прави, тогаш би ми одговарало да се дистанцира.
Дивајн напиша:
Да, кај секого различно делува и зависи и тоа какво е ... сигурно уличарско дудлање не би резултирало позитивно, ако партнерот од старт ни е незаинтересиран ... има дудлања и дудлања ...
Се сложувам.
Дивајн напиша:
Да точно, па во тоа бунило, опседнатост и очајност, сигурно ништо паметно не ни може да смисли човек ... може да се труди некој милион години, но џабе му е додека не седне и размисли убаво што пропуштил и познавајќи го партнерот да смисли што навистина ќе го заинтересира итн итн итн ... секој човек е различен, па не палат кај секого некои универзални начини на освојување ...
Не би рекла дека е бунило. И зошто бунило ако знае што сака? Ако си има за цел да ме освои, нема зошто да биде опседнат и побркан, туку ќе ги искористи сите можни начини за освојување, без тоа да го оптеретува. Ако му дадам време да ме освои, нема зошто специјално да седнува и да размислува, самата ситуација ќе му каже што да направи (ама ако сеуште му го давам тоа време).
Зависи колку го познаваш тој што сакаш да го привлечеш. Ако некој е побрзо освоен, тоа значи дека побрзо е употребен методот кој би можело да го освои другиот. Ако во целиот тој процес на освојување јас не почувствувам заинтересираност, ако кај мене не се појават барем надежни чувства, тогаш џабе се труди да сфати што би ме заинтересирало.
Дивајн напиша:
Сума сумарум, може да се освои секој, освен тој кој веќе вистински сака некој друг.:helou:
:nenene: Ако се нема заинтересираност, џабе ќе му е на другиот колку сака да се труди и колку сака нека ги применува сите методи и начини кои знае дека би те привлекле. Ако потсвесно си одлучил да не бидеш освоен, нема да бидеш. Можам да ги кажам отворено сите мои слабости, сите мои желби, да му укажам на сите ставови во животов, ете на некој начин да го упатам како да ме освои, како да ме привлече. Џабе ќе е се` ако не сакам да бидам освоена.

Ако гледаш така, може и тој што сака некој друг да биде освоен.
 

Ashley

بين الحياة والموت
Член од
26 јануари 2007
Мислења
1.043
Поени од реакции
35
Дивајн напиша:
Сума сумарум, може да се освои секој, освен тој кој веќе вистински сака некој друг.:helou:
Секој може да се освои, па и оној што веќе сака некој друг. Никогаш не се знае дали чувствата на тој што сака ќе му се сменат или не. На срцето неможе да му се најде ред и крај. Само треба оној што освојува да го знае правиот начин на освојување на дадена личност во даден момент...
 

Kajgana Shop

На врв Bottom