ПМФ

  • Креатор на темата Креатор на темата GraFusion
  • Време на започнување Време на започнување
Епа налет ако бар ги немате апаратурите за различни хроматографии, унаку кога реков фотометар мислев на UV-спектрометар.

A гелелектрофореза (SDS-PAGE), ај бар тоа не е скапо да се набави,ај масенспектрометар (>100.000 евра) и SPR (>200.000 евра) знам дека се скапи работи за нашиот факултет.

И дајтео што тоа кршење стакларија, малку треба да имате осет, бирети не се ефтини работи.

Р.Ѕ. За две недели полагам Физчка хемија
 
Масен спектрометар у план се годинава да набават, барем така ни кажаа. Море колку бирети се скршија годинава и тоа од автоматските и не репнаа солена штета да плаќаме у 5-ти семестр, па у 6-ти повеќе се внимаваше.:nesvest: Крши нога на испит по Физичка хемија, јас го положив Физичка хемија 1 уште двојката ми остана.
 
јас сум од применета хемија, 4 семестар скршивме ексикатор,односно тој си бил малку напукнат и од топлината го докрајчивме па си го плативме со плус 500 денари на основните,се на се за лабораторија дадовме до 1200 ден...тоа беа тешки денови во пошта
 
јас сум на применета хемија, сега ќе запишам 3 семестар и до сега сум задоволен од Институтот но од факултетот НЕ
 
Еј не кршете толку на лабараториски за да можат подсоберат пари да купат нови посовремени апаратури, кај немаат доволно пари вие уште згора на то кршите ко луди.
Кога правев јас лабараториски вежби неорганска и општа хемија ни рекоа асистентите дека ќе не „обесат“ ако скршиме бирета, пошто една чинела 40 евра, и ќе требало да си ја платиме дополнително иако дававме по 7 евра за вежбите паушал.

Р.Ѕ. положив физичка хемија
 
ќе не „обесат“ ако скршиме бирета,

Смрта на биретата

Хемичари сме
-флуктуираме
и дестилираме,
-декантираме
и филтрираме.
Молови броиме
-реакции строиме.
Не сме криви
што сме живи
па експериментираме
и резултати фризираме.
Кога нè фаќа апатија
-мериме енталпија
кристални соли растворуваме
-јоните ги диспергираме.
Талозите ни се лесни
намерите ни се чесни.
Тресеме епрувети,
колби, ерленмаери и бирети...
statija_smrtta_na_biretata2.gif
Е, околу биретата сега...
Мене срцето ми се стега...
Зошто?
Затоа што умре звучно
односно се скрши таа бучно.
Кој клати тој ќе плати
ми одѕвонува во мојата глава.
Но не ќе да е така...
Ме чеша десна рака
-дали е за мене тоа крај
или користиме ефтин сјај?!
Но, ќе се извлечеме анонимно
и ќе платиме колективно.
Затоа што:
Хемичари сме
-жариме
и вагаме
-пипетираме
и титрираме.
Колоиди сушиме
со амонијак се гушиме.
Горди сме и сложни
-а тоа, ќе признаете, е најважно.
еден за сите, сите за еден
е нашето мото кратко
кое во главава одѕвонува слатко.
Хемичари сме
-добри сме во сè!
А околу биретата...
Што да правиме...
Ќе ја платиме штетата.
Автор: Владимир Манговски (работно место бр. 6 - инструментална анализа)
(авторот е студент на хемија - применета насока од генерацијата 2005/6, инаку највнимателниот студент во својата генерација. Инспирацијата за песната ја има добиено од вежбите по аналитичка хемија и инструментална анализа.)
 
Од двенеделните целодневни лабараториски вежби хемија во глава ми остана врежано дека мануелна титрација со рачен вентил Е СМРТ, капка плус капка минус, разлика од еден милилитар, една капка плус и утна. Па особено кога треба да се работи со тој индикаторот кој од безбоен иде во розев (мислам дека беше фенолфталеин) и кога имаш слаба концентрација при што смената на боја е многу тешко воочлива, па тое тука се трошат нерви многу нерви.
 
целосно си во право!!!
 
Закон ние си врвевме на физика. Апаратите што ги користевме беа од Прва Светска војна и ги чуваа во стаклено ѕвоно како експонат :) изглеа ги најдоа на фронтот, па си рекоа ...ај да ги земеме ...некој пат кога ќе си играме „институт за физика“ ќе ни се најди...

Имаше една направа за мерење на температура ...мислам дека беше калориметар беше „тазе“ од Германија донација од ЕУ.

Ви зборувам за период октомври-декември 2005 :) ако некој учел физика или хемија тогаш прв семестар нека се јави. Имавме ние физичарите математика првите неколку часа со хемичарите, па горе долу се знаеме :)

Бааааааги морбиден беше амфитеатарот :) на хемиски..
 
нашиот амфитеатар е најстрмниот во државава!!! а можеби и пошироко, а и нема видено дневна свтелина, и сред бел ден пуштаме струја. Иначе за тие што не го знаат оа е само еден голем амфи гладен во целосно комунистички стил!
 
Има нешто кај нас што е модерно?

Освен ултра-кул комојутерските лаборатории. Барем тие во хемискиот институт. :)
 
Екшуали...амфиеатарот на Хемиски е осветлен од дневна светлина...АМА...„фекалиите од гулапчињата“ што кажуваше еден професор по математика од хемија...мораше да палиме сијалици...и тој да се тегне по 4-те табли да изведи една формула...
 
Има нешто кај нас што е модерно?

Освен ултра-кул комојутерските лаборатории. Барем тие во хемискиот институт. :)

Торчо финансиски гледано да опремиш компјутерска лабараторија е мала шала во споредба да опремиш хемиска, биохемиска или биолошка лабараторија, тргни од фактот што еден асален оптишки микроскоп е поскап од еден компјутер.
 
да целосно си во право, скапо е и тоа многу. барем теорискиот дел на институтот е ОК (воглавно!!!)
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom