Фан Клуб: Рома

  • Креатор на темата Креатор на темата runBABYrun
  • Време на започнување Време на започнување
немој да мислиш дека тоа што сме само едно ниво подоле од барса ги прави непобедливи, туку само шансите за нивна победа се 70% а за рома 30% и разликата меѓу овие број ки не е којзнае колку голема за да немаме никаква шанса да ги победиме или пак може то да се престави вака 1/2 шансите се за да победи рома.

Не брат, не реков јас така! Воопшто. Муабетот ми е дека Рома имаат многу добри шанси да го освојат скудетото, и треба да го искористиме тоа, за лига на Шампиони сеуште не сме подготвени, ама ако ја освоиме Италија, ќе дојде и тоа! :)

Ако ја освоиме Италија, ќе дојдат уште повеќе пари, и уште посилни играчи, и после мислам веќе ќе дојдеме на ниво да се натпреваруваме во Европа!
 
те разбрав јас и претходниот пат кога напиша што сакаше да кажеш но поентата мене ми беше дека годинава може да гурнат посилно во лигата на шампионите а домашното да го запостават но не верувам дека ќе биде така пошо имаат многу играчи кои би можеле да го заменат местото на некои првотимци така да не верувам дека ќе има проблеми во тимот доколку некои играчи се повредат, или бараат одмор...... или некои други причини.
 
Наскоро нов договор за Мансини
Крилниот играч на Рома, Амантино Мансини наскоро ќе го продолжи договорот со Рома иако имаше шпекулации дека има намера да се пресели во Лион или Ливерпул. Францускиот првак во летниот преоден рок понуди 15 милиони евра за Бразилецот, а Рома ја одби и понудата од Ливерпул, која изнесуваше 19 милиони евра.
"Во октомври Мансини планира да почне преговори со раководството на клубот за продолжување на соработката. Можам со голема сигурност да кажам дека мојот клиент има намера да ја продолжи кариерата во Рома и никаде на друго место. Другите клубови воопшто не го интересираат", изјави менаџерот на Мансини.
Мансини дојде во Рома во 2003 година и досега одигра вкупно 123 натпревари за својот тим на кои постигна 32 гола. Особено успешна му беше минатата сезона во која се промовираше во еден од најважните фудбалери на тимот, заедно со Франческо Тоти, но влезе во конфликт со својот капитен заради што почнаа шпекулации дека летово ќе ја смени средината.
 
ех тој тоти секогаш кога е битна соработката со играчите нешто не му чини или некако се прави најпаметен и најважен во рома.
Истото се случи и со касано бидејќи кога му се родил син сите му честитале само тоти не му се јавил да му честита и затоа си замина од рома. А сега еве и сличен проблем со мансини.
 
Во недела во 15 часот играме против реџина на гости.
Нема да биде лесно гостување бидејќи како што знаеме реџина се стабилен тим иако годинава им заминаа неколку познати имиња нема да дозволат лесно рома да ги земе 3-те бода таму во реџо калабрија, а може и да се очекува и изненадување како што беше тоа во минатите години!
 
Брат, ќе ги убиеме, веруј ми :)

Изненадувања имаше бидејќи не бевме толку силни, како сега. И плус Реџина се ослабени ептен! Главните играчи им заминаа!

Реџина - Рома 0-2 :helou:
 
тоааааа рома
Со победата над реџина од 0 - 2 и со головите на хуан(новото засилување од леверкузен) во 50 минута(мајсторски гол со петта со асистенција на тоти) и во 84 мин. на тоти(не го видов).
И со оваа победа се искачуваме една недела најмалку на првото место во италија серија а.

А следно коло не очекува големото дерби против јувентус на олимпико.
 
Реџина - Рома 0-2

bravo bravo ... strelci : S.D.S. Juan 50'
................................F. Totti 84'

ajde samo napred sega teski utakmici sledat ama se drzat gledam ...

P.S. bravo Влатко_Русин za tipot :)
 
вечер во 8 и 45 минути играме дома против екипата на динамо киев во првото коло од групите во лигата на шампионите.
Може да се очекува добар резултат бидејќи сме во форма а и треба да им се одмаздиме за пред 3 сезони кога го погодија судијата со монета и ја прекина утакмицата а динамо киев ја зеде службено со 0 - 3.

Тип - Рома 3 - 0 Динамо киев
 
Прочитајте една изјава на Тоти
http://goal.com/en/Articolo.aspx?ContenutoId=416436

Човекот е ЅВЕР нема што :)

- со ваков искусен капитен, и со овие нови играчи, со ваков менталитет и мотивација ... може далеку да се стигне! :)

- grazie Il Capitano ... grazie
 
ајде со среќа нека ни е ... ке се истурат на овај меч

мој тип 4-1 ..
 
Нека чуваат од головите за во Манчестер.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom