Фан Клуб: Реал Мадрид

Статус
Затворена за нови мислења.
Игуаин изигра на високо ниво годинава, даваше голови, трчаше, и кога сите беа демотивирани се трудеше максимално! Даваше голови имаше добри потези, асистенции и според мене заслужи да биде повикан од Марадона, али нема врска, може чоекот го мрзи да иде до шпанија да види кој како игра:toe:
 
Единствено што му замерам на Игуаин е тоа што во ниедна голема утакмица не изигра онака како што знае.
 
Единствено што му замерам на Игуаин е тоа што во ниедна голема утакмица не изигра онака како што знае.
pa tokmu i vo toa se gleda goleminata na eden igrac
da pokaze sto znae i umee na golemi natprevari a ne na mali
 
Единствено што му замерам на Игуаин е тоа што во ниедна голема утакмица не изигра онака како што знае.

Па и немаше баш некоја подршка од соиграчите во тие големи утакмици, ај екипи како Гетафе, Мајорка и сл. сам може да ги врти, ама во ЛШ и против тешки противници друга е прикаската.


За сезонава шо да се каже, катастрофа, ако се сеќавате пред некое време постирав тука изјава на Хаунде каде вели дека неколку порази на крајот од сезоната не можат да ја ‘поништат’ одличната серија која тимот ја имаше, епа жалам сењор Рамос, али ти штотуку го поби тоа.

Не знам како ќе биде, ама нека доаѓа Перез шо побргу и нека го чисти нередов, за кој рака на срце и тој имаше удел, ама кога сме вака во набрано фатени, Флорентино Перез ни делува како Папата Бенедикт IX.

П.С.
4vmuc7.jpg


Непотребен сарказам според мене, ако има некој кој треба да биде исмејуван, тогаш тоа е дефинитивно управата која го донесе овој неизмерно ограничен играч.
 
Уште нешто за Игуаин, сезонава има 21 гол дадено во примера и 9 асистнеции, значи директно учествувал во 30 голови на Реал.
Само како споредба, Бензема има 17, Агуеро 16 и Пато 14. Исто има повеќе од Кака 15, Роналдо 18.
Полека станува светски играч, посебно оваа година, играта ја подигна на два три левела погоре. Да не заборавиме колку пати играше десно крило.

Ако тоа не е доволно за да играш во репрезентација, незнам што би било.

Има само 21 година,за некоја година од него ке биде играч од класата на Раул и Овен.
Него дознав дека и Рејес сме го имале во тимот,пред околу две години,штета што не сме го задржале,млад играч а квалитетен
 
Него дознав дека и Рејес сме го имале во тимот,пред околу две години,штета што не сме го задржале,млад играч а квалитетен

Според мене требаше да го задржиме поради 2 причини:Прво затоа шо постигна 2 гола со Мајорка и ни донесе титула по 4 години пауза, и второ затоа шо беше у добра форма, а сега од кога отиде у Атлетико не играше ни во првите 11, а сега мислам оти е у Бенфика на позајмица
 
По неуспешата сезона во трката да се одбрани титулата во Бундеслигата, екипата на Баерн (М) најавува серија засилувања ова лето. Германскиот весник „Билд“ денеска пишува дека како едно од новите можни имиња во четата на баварците следната сезона е и холандскиот репрезентативец од Реал (М), Весли Снајдер.


Првиот човек на тимот, Карл Хајнц Румениге, за новинарот на весникот открил дека Снајдер е на списокот на посакувани, но засега нема простор да се контактира со него, затоа што се чекаат претседателските избори во Реал (М).



Снајдер има договор со Реал (М) до 2012 година, но оваа сезона не се наигра во таборот на „кралевите“. Токму тоа ќе биде причина Баерн да се обиде да го купи од шпанскиот тим и да го донесе на „Алијанц Арена“ следната сезона. За трансферот на Снајдер зборувал и Филип Лам, кој изјавил дека во клубот одамна се зборува за негово доаѓање во Минхен.
 
Да и ја читав а како можност повеке можен е некој договор Снајдер во Баерн а Рибери во Реал со + некоја доплата од наша страна, со оглед на тоа што Перез ке дое мислам дека не би одбил ваква понуда!
 
Во среда после финалето Роналдо ќе го соблече дресот, и доле на маицата ќе пишува одам во Мадрид :)


Него, следнава година сме во вториот барабан за лш.:kesa:
 
Името му почнуе на ‘Р‘, моментално се наоѓа во град кој започнува на ‘М‘ :))




Виљареал е пред нас? :kesa:
Хахаха добра логика! Иначе ова ке му дое последен натпревар на Роналдо доколку доаѓа навака, Супер купот против Шахтјор мислам се игра подоцна нешто, (ако победат) најверојатно нема да му е последен !
 
http://www.as.com/futbol/articulo/v...-alternativas/dasftb/20090526dasdasftb_19/Tes


На кратко вели дека тројца тренери се во игра, сите со сличен стил на игра и постојаност.

Венгер е првиот, другите двајца би биле Пелегрини и Блан, Валдано против Зидан, ќе видиме во понеделник.
 
http://www.as.com/futbol/articulo/v...-alternativas/dasftb/20090526dasdasftb_19/Tes


На кратко вели дека тројца тренери се во игра, сите со сличен стил на игра и постојаност.

Венгер е првиот, другите двајца би биле Пелегрини и Блан, Валдано против Зидан, ќе видиме во понеделник.

Венгер потпиша нов договор така да не го рачунаме него:)
 
Не е можно да сме во вториот шешир,да не грешите.Па и ако е така нема врска и кога бевме во првиот испаѓавме понатаму,можеби вака ќе имаме повеќе среќа.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom