Само не викајте дека не надиграле, не може да те надигра некој што не игра фудбал.
Оваа реченица тие многу точна и јас потполно се согласувам со тебе, не може некој што не игра да те надигра, може само да помине во наредната фаза. И јас ги мразам тие тимови како Интер, Ливепул што не играат фудбал, а поминуваат. Меѓутоа таквата игра носи резултати, тоа е “модерниот“ фудбал денеска. ЗА ЖАЛ !!!
Утре Ливерпул кога ќе треба да нападне, нема да знае да го стори тоа, пошто и некој тим како Сандерленд ке игра како што играа Ливерпул денес и нема шанси да победат.Затоа нема да можат да освојат титула во премиер лига уште 20 години. Ретки се тимовите кој што можат да совладаат екипа која што игра таква игра.
Играва денеска ви е резултат на неискуството на Хуанде Рамос во лигата на шампионите. И уште сакам да поминете во следната фаза, пошто не можам да поднесам ваков никаков фудбал од тимови како Ливерпул. Со среќа ќе ви биде потребна, тек таму како ќе се бранат, да можат и навивачите ќе ги викнат пред гол да застанат.