1. Омг! Марсело не игра стандардно затоа што Шустер го форсира Хајнце, и незнам што му е филмот со него.
Види, Шустер е со играчите секој ден и сигурно многу пообјективно може да оцени кој од Хајнце и Марсело е подобар. Марсело доби толку стартови колку што доби најмногу бидејќи Хајнце мораше да игра во како централен бек.
Но кога игра, игра супер и искрено да ти кажем покажува многу повеќе од вашиот “незаменлив“ Абидал, кој многу ви фалеше против Гетафе и поради него и Меси не тепавте.
Ова докажува колку ти ја следиш Ла Лига. Освен Реал не гледаш ништо друго. Погледај ги другите тимови малце може некој друг тим ќе ти се допадне повеќе. Или јас пак премногу буквално го сватив тоа што го напиша?
2. Каков буквалиста си, тоа неможе да се опише. Бтв, си забраел запирка да стаеш во некои реченици...(ОМГ)! Ако сум рекол дека процентот на точно додадени топки му е над 90%, незначи дека на секоја утакмица му е над 90!
Не сум јас буквалиста. Ти ги релативизираш работите што ги кажа. Ако кажеш дека процентот на точни додавања на некој фудбалер е над 90% кога зборуваме општо за неговите настапи тоа логично е дека збориш за неговиот просек.
Второ, реков исто така и одземени топки, незначи дека процент на одземени топки е тоа (тежок буквалиста си пак ќе кажам, или пак така ти одговара)! И што има врска тоа што Реал има 17 гола примено со играта на Гаго, објасни ми те молим! Ах знаем, Гаго треба и да брани, и да трча по цел терен, и ако примиме гол тој е крив. Ок забраев, моја грешка...
Да ти објаснам каква врска има Гаго со 17 гола. Позицијата на Гаго е Defensive Midfielder. Во формацијата на Шустер таа позиција има три поважни задачи.
- Да го спречи средниот ред на противникот да организира добро со тоа што ќе го чува главниот креативец на играта на противникот затоа што одбраната неможе да покрие фудбалер чие движење е толку далеку од нивниот гол.
- Да ги покрива дупките на одбраната кога двајца дефанзивци се задолжени да чуваат некој фудбалер со добар дриблинг.
- Во случај кога еден од бековите бил во напад и топката е изгубена да заземе место на дефанзивец и да помогне во спречување на контра нападот кој ќе го организира другиот тим.
Ако Гаго и Диара ги извршуваа овие задачи како што треба одбраната ќе имаше многу поголема поддршка и немаше да прима голови од сите страни. Вашиот среден ред едноставно не брани. Во тоа е проблемот оваа година Гаго претерано многу се меша во организацијата на играта што е работа на Снајдер, Ван Дер Варт и Гути. Тоа придонесува вие да бидете многу поефикасни но и послаби во одбрана. Гаго не е виновен за кризата во Мадрид но не ја врши својата работа. Зошто не ја врши тоа е друга тема поврзана со продавањето на Робињо и лошиот менаџмент од страна на Калдерон и Мијатович ама за тоа друг пат.
3. Не ни знаев дека си за Барса, зошто очигледно ни самиот ти незнаеш за кого си. За сите пишуваш, просто човек да се збуни. Али ај, тоа е твое мислење, не се замарам.
Не знаев дека ако сум навивач на барса треба да ме интерсираат само рабоити за нив и да немам свое мислење за другите тимови. :uvo: