star_dust
Страв да не ти е ако го земеме ?
Ја мислам Аршавин и Диего Коста ќе бидат.
Искрено, повеќе би сакал да го земете него одколку Зарате.
Моментално вас ви треба фудбалер кој ќе дојде и ќе почне да дава голови а не како што кажа bobi4e погоре нов Гаго, Игуаин или Марсело како што би бил Кеирсон. На тројцата им требаше две години да се адаптираат на игра во Шпанија и реално гледано не се развија како што Калдерон очекуваше.
Тројцата имаа потенцијал да станат најдобрите фудбалери во светот на своите позиции но ниту еден не е тоа денес.
Гаго ако се сеќавате беше сметан за поголем талент од Машерано, а сега споредбата меѓу нив е смешна.
Исто така и Марсело беше најавуван како новиот Роберто Карлос ама не испадна баш така детето.
Игуаин почна да дава голови сега и најверојатно е најисплатливата инвестиција од нив тројца иако развојот му стагнираше последните две години бидејќи играше малку а кога играше тоа беше надвор од позиција.
Според мене најдобра зделка ќе биде да го земете Зарате. Аршавин, Тевез, Креспо, Шевченко не се имиња што ме плашат како навивач на Барселона.
Највеќе затоа што Аршавин никогаш не бил многу ефикасен (во смисла на давање голови), а другите тројца толку малку настапуваа оваа сезона што е скоро сигурно дека нема да сменат многу.