Фан Клуб: Реал Мадрид

Статус
Затворена за нови мислења.
Док не ме стаат спортски директор, не добиваш листа :)
 
ако дадат реал 30 милиони:)

Пример за пост напишан онака, на танане. Без никакви факти во него.

И да даде Реал 35 милиони нема сигурно да го добие Зарате.
Зошто?
-Бидејќи има клаузула во договорот која вели дека тимот кој би понудил 15 милиони евра може да го добие аргентинецот... а ако два тима понудат слична сума која Ал Сад би ја прифатил, сепак Лацио ја има првата опција.

И не само тоа, имаат опција да го плаќаат на две рати. :)
Прво ќе треба Лотито да искешира некаде околу 6 милиони евра, а до 2010 треба да ги плати и останатите 9 милиони.


:pipi:
 
Abe nie keim daeme triespet miljoni, vredi decoto ima dvaesedna. moraaaaaaaaaaaaaaaaa da go zeeeeeeeme.
 
Кога играме со Барселона ај ако знае некој нека пише:)
 
Ќе го гонат Шустер 100% Хуанде Рамос ке биде
 
Ако сте во иста криза како Барса лани тогаш подобро да не го мењате тренерот.
Може ќе има кратотраен ефект ама сигурно нема да смени многу. Погрешно е да го го гледате примерот на Тотенхем прво затоа што Тотенхем има тим што треба да се бори за влез во првите 4 а беше последен на табела без победа па секој поволен резултат се гледа како напредок иако во нормална ситуација тоа би се очекувало од тимот, а како второ англиското првенство е многу поразлично од шпанското. Подобро видете го примерот на Валенсија лани. Кога го избркаа Флорес беа трети на табела, а после не знаеа дали ќе опстанат. Истото се случи и со Севиља само што не беше толку лошо. По напуштањето на Рамос изиграа многу полошо и завршија на 5 место без место во ЛШ. Сепак мислам дека најдобар пример е Сарагоса. На почетокот на ланската сезона беа тим што требаше да се бори со Севиља и Атлетико за влез во ЛШ, а на почетокот на оваа сезона играат во Секунда затоа што ги менуваа тренерите почесто од чорапите. Од друга страна пак Барса го задржа Рајкард кој не освои ништо ама не и ја упропасти на Барса и следната сезона. Само играчите можат да ве извадат оваа “криза“. Отпуштање на Шустер може да значи Куп на Уефа место лига на шампиони следната година.


Како прво, Валенсија сама се заеба што го избрка Кике Флорес. По само еден пораз во првите 6-7 кола, одма му дадоја отказ, и ете што ги снајде, го донесоа Куман кој ги уништи тотално.
Како второ, како што кажав не секогаш смената на тренерот влијае лошо врз клубот. Во овој случај мислам дека доколку дојдена до смена на тренерот, и играчите ќе се свеснат малку дека е алармантна состојбата и дека и тие ќе се загрижат за нивниот статус во тимот, па ќе почнат да играат како што треба.
Како трето, баш затоа што Барса не го смени Рајкард лани, заврши 17 бода зад нас, што не би сакал да се случи и со нас годинава.

Затоа сум за смена на Шустер, и доаѓање на Рамос.
 
Веќе реков дека смена на тренерот за време на сезоната може краткотрајно да ја подобри формата на тимот на долги патеки не правите ништо и затоа таков чекор преземаат тимови што се пред испаѓање. Со тоа влегуваат во малку подобра форма и се вадат од последните три места. Не се сеќавам некој тим да успеал да освои титула од како сменил тренер во текот на сезоната. А за тоа што не сакаш да завршите како Барса лани, како нивен навивач, ке кажам само дека Барса лани го избра помалото од двете зла.
 
Да, тие се спасуваат од испаѓање затоа што се на последно место, а ние сме предалеку од тоа последно место. Сега засега сме четврто место, и не би било тешко пак да стигнеме до врвот, зошто Барса бега само 5 бода, само нормално ако се освестат играчиве и почнат да играат како што треба.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom