Ако сте во иста криза како Барса лани тогаш подобро да не го мењате тренерот.
Може ќе има кратотраен ефект ама сигурно нема да смени многу. Погрешно е да го го гледате примерот на Тотенхем прво затоа што Тотенхем има тим што треба да се бори за влез во првите 4 а беше последен на табела без победа па секој поволен резултат се гледа како напредок иако во нормална ситуација тоа би се очекувало од тимот, а како второ англиското првенство е многу поразлично од шпанското. Подобро видете го примерот на Валенсија лани. Кога го избркаа Флорес беа трети на табела, а после не знаеа дали ќе опстанат. Истото се случи и со Севиља само што не беше толку лошо. По напуштањето на Рамос изиграа многу полошо и завршија на 5 место без место во ЛШ. Сепак мислам дека најдобар пример е Сарагоса. На почетокот на ланската сезона беа тим што требаше да се бори со Севиља и Атлетико за влез во ЛШ, а на почетокот на оваа сезона играат во Секунда затоа што ги менуваа тренерите почесто од чорапите. Од друга страна пак Барса го задржа Рајкард кој не освои ништо ама не и ја упропасти на Барса и следната сезона. Само играчите можат да ве извадат оваа “криза“. Отпуштање на Шустер може да значи Куп на Уефа место лига на шампиони следната година.
Како прво, Валенсија сама се заеба што го избрка Кике Флорес. По само еден пораз во првите 6-7 кола, одма му дадоја отказ, и ете што ги снајде, го донесоа Куман кој ги уништи тотално.
Како второ, како што кажав не секогаш смената на тренерот влијае лошо врз клубот. Во овој случај мислам дека доколку дојдена до смена на тренерот, и играчите ќе се свеснат малку дека е алармантна состојбата и дека и тие ќе се загрижат за нивниот статус во тимот, па ќе почнат да играат како што треба.
Како трето, баш затоа што Барса не го смени Рајкард лани, заврши 17 бода зад нас, што не би сакал да се случи и со нас годинава.
Затоа сум за смена на Шустер, и доаѓање на Рамос.