Фан Клуб: Баерн Минхен

.

  • .

    Гласови: 7 87,5%
  • .

    Гласови: 1 12,5%

  • Вкупно гласачи
    8
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
2 март 2007
Мислења
4.097
Поени од реакции
893
Welcome back, Turkish Boy.:) Се збираме в сабота, обавезно.
Добренајдов. Како маичката точна е? :smir:

Еве јас да се изјаснам уште од сега дека во сабота не доаѓам (сеа ми кажаа дека Мартин не е прва постава,па не сум заинтересирана за собир).
За ЛШ има време.
Нихт тупензи бите и нацртен зи зих ин Ирски во Сабота во 18:00 :back: Плус тоа мене ми кажаа дека ова е само игра на вГаал - ги чува Мартин како тајно оружје кое ќе го стави во игра од прва минута. Само Шаф да не знае за да не може да спреми одговор за Мартин :pipi:

Еј,немојте така за Ирски бе...таа келнерката со долгата коса некни ме сретна у град и ми сврте два реда муабет (ме препозна) :pos2:
Ееееееј па таа со косата е закон и дадовме приврзок прошлиот пат стално е ептен френдли типката :pipi:
 
P

PoisonLady

Гостин
Глупо сеа вака што ќе речам ама морам...
Не сум во можност да дојдам на овој фан-собир со Вердер бидејќи:
1.Поради неиграњето на Мичо,ќе навивам за Вердер пошто сакам Ван Гал да си ја увиди грешката која ја прави.Ок,ќе сфатев да купеше некој ептен класа дефанзивец (пр.Видич) па Мартин да седеше на клупа..ок тогаш,ама вака НЕ.Едноставно,знаете дека некни и за Кајсерслаутерн коа тепаше се радував (зашто се понадевав дека ќе игра Мартин од следно коло).Во конкретната ситуација се осеќам крајно глупо затоа што сум хард-кор за Баерн а во ситуацијава МОРАМ да бидам против.
2.Роденден ми е и не сакам НИКОЈ да ми го расипува денот со коментари од типот: Мартин не чини,не можам да го гледам,сакам да си оди,вака-така,курци-палци...
Е за ЛШ ќе биде друго.Тогаш и да не игра Мартин ќе навивам за Баерн,ама сеа...сакам да умре Ван Гал.
 
M

Mario Gómez

Гостин
Aj nekoj neka mi pokaze schedule za liga sampioni posto idam u vtornik pa da vidam nesto da se napravi nekoe sobirce a?
________________________________
15.09.2010
20.45
FC Bayern - AS Rom
_________________________________
28.09.2010
20.45
FC Basel - FC Bayern
_________________________________
19.10.2010
20.45
FC Bayern - CFR Cluj
_________________________________
03.11.2010
20.45
CFR Cluj - FC Bayern
_________________________________
23.11.2010
20.45
AS Rom - FC Bayern
_________________________________
08.12.2010
20.45
FC Bayern - FC Basel
_________________________________

--- надополнето ---

Глупо сеа вака што ќе речам ама морам...
Не сум во можност да дојдам на овој фан-собир со Вердер бидејќи:
1.Поради неиграњето на Мичо,ќе навивам за Вердер пошто сакам Ван Гал да си ја увиди грешката која ја прави.Ок,ќе сфатев да купеше некој ептен класа дефанзивец (пр.Видич) па Мартин да седеше на клупа..ок тогаш,ама вака НЕ.Едноставно,знаете дека некни и за Кајсерслаутерн коа тепаше се радував (зашто се понадевав дека ќе игра Мартин од следно коло).Во конкретната ситуација се осеќам крајно глупо затоа што сум хард-кор за Баерн а во ситуацијава МОРАМ да бидам против.
2.Роденден ми е и не сакам НИКОЈ да ми го расипува денот со коментари од типот: Мартин не чини,не можам да го гледам,сакам да си оди,вака-така,курци-палци...
Е за ЛШ ќе биде друго.Тогаш и да не игра Мартин ќе навивам за Баерн,ама сеа...сакам да умре Ван Гал.
Греота да умре бе. :pos::pos: А да си заминеше Мартин во Реал Сосиедад, за нив ќе беше? Не чинит така појше играч од клубот да го сакаш. Нааајн!:nenene:
 
P

PoisonLady

Гостин
[QUOTE='Боби[Мкд]Греота да умре бе. :pos::pos: А да си заминеше Мартин во Реал Сосиедад, за нив ќе беше? Не чинит така појше играч од клубот да го сакаш. Нааајн!:nenene:[/QUOTE]
Не ме сфати очигледно Боби.Ме нервира фактот што гледам дека ван Гал сака да го упропасти клубов (ко што тргнал,тоа е неминовно).Како што реков и погоре,да купеше некој стварно јас дефанзивец-ок,ама вака...со Ван Бајтен,Бадштубер и Брено да ми игра-е тоа НЕ го прифаќам!!!
 
Syn

https://www.youtube.com/watch?v=zBkuNpgACH0
Член од
23 декември 2007
Мислења
30.073
Поени од реакции
45.908
Ван Гал е чинам најуспешниот менаџер на тимот по оние светли периоди на Баерн со Хитцфелд, и единствен кој по него повторно го врати Баерн во европскиот фудбалски врв, и тоа по само една година од превземањето на тимот така да не гледам како тоа он го упропастувал тимот, и како истото е неминовно во случајов ...
Ова ме потсеќа на лани, една девојка на Алијанз арената имаше транспарент со кој бараше оставка на Ван Гал ( ова во првиот дел од сезоната ), по само неколку месеци си укапира типката колку се избламирала пред цела јавност во Германија со боенката на трибини.
 
Друже...да бидеме реални малку,ама освен квалитетот лани,Баерн среќата го донесе до самото финале.Мразам да признаам ама така е.
Друга работа,во ноември минатата година,управата на Баерн на чело со тогаш сеуште Франц Бекенбауер САКАШЕ да го избрка Ван Гал ОДМА!И ние како фанови не бевме задоволни од него, ама се случи чудо.Баерн распали,Ван Гал остана...се стигна до финалето..Фала му за тоа ама ако не беше малку повеќе и среќата лани на наша страна,к*р во финале што ќе дојдеше Баерн.
И колку за потсетување,Ван Гал беше магарето што го избрка Лусио и ја упропасти нашата одбрана.
 
Syn

https://www.youtube.com/watch?v=zBkuNpgACH0
Член од
23 декември 2007
Мислења
30.073
Поени од реакции
45.908
Подобро среќен тренер, отколку добар тренер - Мурињо :)

Иначе да, фатална беше грешката со Лусио, точно, али јебига, вака или онака, Баерн имаа феноменална сезона, таквите грешни проценки се карактеристика за многу тренери, и Фергунсон грешел, и Мурињо грешеше, и Гвардиола грешел и тн и тн, остави малце простор и види како ке се одвиваат сега работите, бар тоа е една од извлечените поуки од минатата сезона за вас, и самата викаш дека во првиот дел од сезоната незадоволството кај вас било големо, исто и кај управата ... Но, не е готово Се додека дебелата дама не запее. :wink:
 
M

Mario Gómez

Гостин
Макар шо напрај успеси ја не го сакам ич Ван Гал, има глупава филозофија.

Годинава од управата му понудија 30-35 милиони за трансфери, но тој ги одбил и рекол дека не сакал ниеден играч. Колку глуп треба да си за да сфатиш дека одбраната е далеку под ниво? Syn, нема шанси да не те накурчат некој анонимуси директно кога влегуваат во прв состав, тој сака да направи тим(80% деца и 20% холанѓани). Мислам дека е премногу да им се дава шанса на сите одеднаш.

Вгодина Алаба(18 години) ќе го замени Бомел и Крафт(21 година) ќе го замени Бут, значи нема трансфери туку сите дупки ќе се полнат со деца како Милер, Кроос, Контенто, Бадштубер.
 
P

PoisonLady

Гостин
Боби[Мкд];3771132 напиша:

Мхм..и јас имам слично мислење со Боби НЕмрсулавото дете :smir:
 
Член од
2 март 2007
Мислења
4.097
Поени од реакции
893
Дечиња мирни :pipi:

вГаал, како и секој добар тренер на денешницава има киксови и добри страни во работењето. Ферги имаше еден мувла период од некои 3 сезони (Бартез, Верон, Џемба Џемба, младиот Кики Роналдо...) кога испаѓаа ко мулиња од ЛШ МанЈу, Венгер од кога чека на титула, Пеп го донесе Ибра за после да сфати дека баш и не бил профил или карактер за Барса, Липи си се избламира со оваа Италија, исто и Капело со Англија, Хицфелд ништо не направи во Европа после Ефе генарацијата со Балак, Зе Роберто, Лусио, Макај... Никој не е совршен.

За вГаал - има филозофија и јасна линија. Тоа за мене е добо. Форсира млади играчи - што генерално е повторно добро. Проблемот е што претерува со младите и е подготвен да гази преку живо и мртво да го потврди сопствениот авторитет во екипа (Лусио). Ми смета и хард-кор посветеноста на офанзивната филозофија на играње зш мислам секогаш ќе има некоја позатворена варијанта која од контри ќе може да ни ебе матер на ваквиот стил на игра. Факт е дека и да си слеп ќе видиш дека на овој тим на Баерн му фали стабилност во одбраната за сериозно да може да игра за титула во ЛШ и боли тоа што ништо не беше преземено во таа насока пред почетокот на сезоната - а можеше и мораше да се преземе.

Но што е тука е. вГаал за мене е сепак најдобриот што сме го имале после Хицфелд. Магат никогаш не беше „Bayern Material“...
 
Syn

https://www.youtube.com/watch?v=zBkuNpgACH0
Член од
23 декември 2007
Мислења
30.073
Поени од реакции
45.908
Боби[Мкд];3771132 напиша:
Макар шо напрај успеси ја не го сакам ич Ван Гал, има глупава филозофија.

Годинава од управата му понудија 30-35 милиони за трансфери, но тој ги одбил и рекол дека не сакал ниеден играч. Колку глуп треба да си за да сфатиш дека одбраната е далеку под ниво? Syn, нема шанси да не те накурчат некој анонимуси директно кога влегуваат во прв состав, тој сака да направи тим(80% деца и 20% холанѓани). Мислам дека е премногу да им се дава шанса на сите одеднаш.

Вгодина Алаба(18 години) ќе го замени Бомел и Крафт(21 година) ќе го замени Бут, значи нема трансфери туку сите дупки ќе се полнат со деца како Милер, Кроос, Контенто, Бадштубер.
Гледај вака на работите, Баерн и те како има добра шампионска основа, и тоа основа која може да се негува на долгорочен план, значи ги имаат Лам, Швајни, Крос, Mилер, Робен, Рибери па и Гомез иако нема загарантиран првотимски статус во моментов. Од друга страна Олич со неговите 30 год. може да тера на ниво 2 до 3 сезони, Ван Бомел уште оваа, а од наредна алтернатива, но факт е дека квалитетот на тимот во тој поглед е на превисоко ниво.

Тоа што го зборев на темата за мак.репрезентација, со шлепањето на Пандев уз квалитетни играчи, или на Флечер во Јунајтед, така и тука, уз оваа и те како добра основа може да просперираат многу лесно и други имиња, 1 Милер до лани беше играч кој играше во втора германска лига, сега е играч од светска класа на пример.
Точно е дека одбраната лани не беше на ниво и точно е тоа дека потребно е ново име таму но чекај, може ке добиеш и нов Милер на тој дел од теренот, Ван Гал не е ни прв ни последен што вака постапува.

Пеп со Барса ги извади Бускетс, Педро такоџе ( и двајцата шпански репрезентативци во моментов ), а еден Ибра летово беше продаден, исто и Јаја Туре, Ферги го турка Флечер од кога знам за тој тим и тн и тн, затоа, реално, прерано доаѓате до некои заклучоци и безвезе терате на некои апокалиптични сценарија. Со тие играчи кои ги набројав погоре, Баерн нема шанса да доживее некоја страшна дигресија во иднина, може само во ЛШ да има проблеми но реално, ко што рече Мурињо лани, на стартот од тоа натпреварување секој од тимовите има 10% шанси да стигне до самиот врв така да и да го имаат убер најдобриот тим тука успехот во ниеден случај не им е загарантиран ...
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom