Пред очите на Платини се направи ваква неправда а што ќе речеме за други пати.Стварно треба да се направи некој компромис на другиот натпревар.Инаку со оваа игра во Фиренца ќе губите 1000%
Ај ко ќе стасаме во 1/4 финале ќе ви пратиме разгледница - одамна не сте биле таму да не заборавите како е :back:
Каков компромис? Со хендикеп да не сакаш да ја почнеме следната од 0:1? :pos2:
Ај вака малку оладив и јас и ова ќе прокоментирам:
-
Бут - 7,5: не беше крив за голот. Горе доле секогаш сигурен.
-
вБајтен - 6,5: големо недоразбирање со Бут во прво полувреме кое доведе до шанса за жабарите. Во последните недела-две некако е понесигурен. Мислам не му е саниран уште вирусот + очигледно играл ис мала повреда. Заменет на полувреме.
-
Демикелис - 7: па и не беше толку лош да бидам искрен. Мислам оставаше некогаш премногу простор за игра на противникот ама се на се без голем кикс.
-
Лам - 8: многу подефанзивен од обично ама работата си ја заврши топ. Одамна нема дилема дека е меѓу 2-3 најдобро крилни бекови во свет.
-
Бадштубер - 7: слично ко Михо и Бади не одигра лошо ама имав впечаток дека секогаш по неговата страна напаѓаа жабарите. Во второ влезе место вБајтен во централна.
-
Швајнштајгер - 8: веројатно еден од најдобрите на теренот. Дефанзивно стабилен, се обидуваше цело време да внесе ред во играта ама некако фалеше на поддршка од соиграчите.
-
вБомел - 8: капитенски, максимално борбено, стабилно позади ама имаше и неколку лоши додавања.
-
Рибери - 6: крајно себично во многу ситуации постапи. Само индивидуални дриблинзи. Нема да му замереше никој да игравме со Бохум ама во 1/8 финале од ЛШ мораше потимски да одигра и да го искористи фактот што беше удвојуван со пасови кон слободните играчи во напад. Во секој случај ќе треба време да се интегрира во тимот.
-
Робен - 8: Подобар од Рибс ама и тој не брилираше ко што знае. Во секој случај дел од повеќето опасни акции на Баерн. И тој себичеше неколку пати ама беше далеку поопасен од Рибс.
-
Милер - 5: И тој играше?
-
Гомез - 7: Се трудеше, трчаше ама кога беше најпотребно не беше на право место во право време. Некако фалеше неговото присуство во шеснаесетникот.
просек: 7,09
Замени:
-
Контенто - 7,5: супер одигра според мене за прва партија во ЛШ.
-
Олиќ - 8: ведаш се осети промена кога влезе во игра. Асистираше на Клосе.
-
Клосе - 8: Човекот на одлука. Гол си е гол...
- вГаал - 6,5: го изгуби тактичкиот дуел со жабарот (како и да се викаше). Мораше да смисли нешто да воведе ред во нашата хаотична игра. Мораше да го спреми тимот како да го искористи тоа што овие цело време удвојуваа. Очекувам многу подобро да си го заврши домашното за 3 недели.
комплет просек: 7,2
Мора да си го заслужиме пласманот за три недели и сигурен сум дека и тоа ќе го направиме! Прво сега концентрација на сабота и Нирнберг. Баш да видиме што прават Брено и Отл.