Фан Клуб: Баерн Минхен

.

  • .

    Гласови: 7 87,5%
  • .

    Гласови: 1 12,5%

  • Вкупно гласачи
    8
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.

Alien_sr

Ultimate Survivor!
Член од
14 мај 2007
Мислења
2.978
Поени од реакции
143
Се подобро и подобро играте.. браво!
 
ЧЕНТО

Претседник
Член од
27 јануари 2007
Мислења
8.239
Поени од реакции
4.839
\

Во право си за ЛШ, но приоритет на Румениге и Хенес во последниве неколку години им е Бундес лигата. Никогаш немам прочитано дека некогаш изјавиле дека децидно ќе атакуваат на ЛШ, туку дека ќе бидат задоволни и со четвртфинале. Е тоа многу ме нервира, и како фан на Баерн искрено посакувам што поскоро да се смени раководството на тимот. А за ова со Тимошчук стварно сум изненанден, да не излезе дека е само шпекулација. А и нели Тимошчук е веќе пријавен во ЛШ за Зенит, па не ќе може да игра и за Баерн во ЛШ до крајот на сезоната.

Па да пријавен е,само пишував и во претходните постови,мислам дека УЕФА го смени малку правилото и дозволи да клубовите во зимскиот преоден рок искористат по еден џокер иако претходно настапувал за друг тим,да може да игра во ЛШ со Баерн во овој случај.Иначе не е шпекулација,и друигте германски медиуми пренесуваат дека тој се наоѓа во Минхен на медицински преглед,па да почекаме!!!

Еве и на Еуроспорт објавиле за Тимошчук дека е во Минхен на лекарски преглед,и дека треба да се официјализира трансферот:vozbud::vozbud::vozbud::vozbud:

Пишува само дека повеќе информации ќе има за брзо време.

http://de.eurosport.yahoo.com/30112008/73/bundesliga-timoschtschuk-muenchen.html

Успеав да најдам и на руска страна,односно на совиетспорт руски спортски весник,дека Тимошчук потпишува за Баерн и дека во Зенит така одлучиле!!!!
 
Член од
19 ноември 2008
Мислења
22
Поени од реакции
0
.4ЕСТИТА ПОБЕДА БАВАРЦИ!!!! ДОбар игра4 ако дојдеТимошчук .ИМаше и изјава дека и Аршавин сонува да игра во Баерн па да се надеваме деа ке земиме некој нов игра4.НА Хофенхајм му нема спас!!!
 
naumdb

Кајгана Менаџер!!!
Член од
5 јуни 2007
Мислења
9.015
Поени од реакции
5.680
.4ЕСТИТА ПОБЕДА БАВАРЦИ!!!! ДОбар игра4 ако дојдеТимошчук .ИМаше и изјава дека и Аршавин сонува да игра во Баерн па да се надеваме деа ке земиме некој нов игра4.НА Хофенхајм му нема спас!!!
Брат и ја сонувам да играм за Баерн:pos2:
Тие играчи се како дува ветрот. Еднаш сака да игра за Барса, друг пат за Реал, трет пат за Баерн. ГЗОЛИЖАЧ.
 
Член од
27 март 2007
Мислења
735
Поени од реакции
316
Е воа се обидувам да им го објаснам на сите....

Инструментите покажаа: РИБЕРИ НАЈДОБАР НА СВЕТОТ!

Французинот Франк Рибери оваа сезона убедливо ги надминал Лео Меси, Кристијано Роналдо, Кака, Лампард, Џерард, Ван дер Варт, Роналдињо и според “Опта-спорт“ во моментов е најдобар фудбалер во светот.

Од почетокот на оваа сезона, статистиката покажа дека носителот на играта на Баерн Минхен покажа неколку фрапантни податоци. Рибери има над 100 контакти со топката по натпревар во просек (точно 102), Меси има речиси двојно помалку 53, Лампард 59, Џерард 39, Кака 34, Роналдо 63, Роналдињо 48, а Ван дер Варт 64. Французинот самиот себеси си создава дури 46% од шансите, Меси 23%, Кака 13%, Меси 23%... И потоа следува податокот кој е навистина раритетен: дури 77% од ударите на Рибери завршуваат во рамките од голот. Најблиску во тој сегмент му се Роналдо со 63%, Лампард со 59% и Меси со 53%.

Ѕвездата на Баерн може да се пофали и со она познато: “само со прекршок можат да ме запрат“ затоа што е убедливо најфаулиран. Речиси пет фаули има над него на натпревар, а зад него се Меси со 3,6 и Роналдо со точно три. Она што му оди во прилог на Рибери е тоа што исто како и Роналдо заврши на патерици по европското првенство, но не му одговараат играта и резултати на Хофенхајм со оглед на тоа што Баерн има негатива во однос на нив и е трет на бундеслигашката табела.

Иако никој не верува, можеби изборот за најдобар фудбалер на светот може да заврши сосема поинаку од прогнозите и да победи играчот кого одамна го споредуваат со Зидан.
 
naumdb

Кајгана Менаџер!!!
Член од
5 јуни 2007
Мислења
9.015
Поени од реакции
5.680
Ѕвер е Рибери, неверојатна сила има за неговата висина, нема загубена топка за него, можеби најдобриот играч што Баерн го купи во последниве десетина (може и повеќе) години.
 
ЧЕНТО

Претседник
Член од
27 јануари 2007
Мислења
8.239
Поени од реакции
4.839
Ѕвер е Рибери, неверојатна сила има за неговата висина, нема загубена топка за него, можеби најдобриот играч што Баерн го купи во последниве десетина (може и повеќе) години.
Све се плашам да не посака да си оди,ако добие некоја ненормална понуда од Реал или Манчестер Сити на пример,али се надевам нема да се сличи такво нешто,зошто без него би биле катастрофа.
 
G

Gray Foxx

Гостин
Е воа се обидувам да им го објаснам на сите....

Инструментите покажаа: РИБЕРИ НАЈДОБАР НА СВЕТОТ!

Французинот Франк Рибери оваа сезона убедливо ги надминал Лео Меси, Кристијано Роналдо, Кака, Лампард, Џерард, Ван дер Варт, Роналдињо и според “Опта-спорт“ во моментов е најдобар фудбалер во светот.

Од почетокот на оваа сезона, статистиката покажа дека носителот на играта на Баерн Минхен покажа неколку фрапантни податоци. Рибери има над 100 контакти со топката по натпревар во просек (точно 102), Меси има речиси двојно помалку 53, Лампард 59, Џерард 39, Кака 34, Роналдо 63, Роналдињо 48, а Ван дер Варт 64. Французинот самиот себеси си создава дури 46% од шансите, Меси 23%, Кака 13%, Меси 23%... И потоа следува податокот кој е навистина раритетен: дури 77% од ударите на Рибери завршуваат во рамките од голот. Најблиску во тој сегмент му се Роналдо со 63%, Лампард со 59% и Меси со 53%.

Ѕвездата на Баерн може да се пофали и со она познато: “само со прекршок можат да ме запрат“ затоа што е убедливо најфаулиран. Речиси пет фаули има над него на натпревар, а зад него се Меси со 3,6 и Роналдо со точно три. Она што му оди во прилог на Рибери е тоа што исто како и Роналдо заврши на патерици по европското првенство, но не му одговараат играта и резултати на Хофенхајм со оглед на тоа што Баерн има негатива во однос на нив и е трет на бундеслигашката табела.

Иако никој не верува, можеби изборот за најдобар фудбалер на светот може да заврши сосема поинаку од прогнозите и да победи играчот кого одамна го споредуваат со Зидан.
И јас ке бидам најдобар играч во тоа босото првенство да му се сневиди. Бидете реални. Еден Манчестер Сити му одржа лекција на Шалке.
 
Staufer

Драган Богдановски
Член од
17 јануари 2008
Мислења
16.646
Поени од реакции
22.377
И јас ке бидам најдобар играч во тоа босото првенство да му се сневиди. Бидете реални. Еден Манчестер Сити му одржа лекција на Шалке.
Дај му на Шалке толку пари за трошејне колку и Сити троши па после реален муабет да правиме.
 
ЧЕНТО

Претседник
Член од
27 јануари 2007
Мислења
8.239
Поени од реакции
4.839
И јас ке бидам најдобар играч во тоа босото првенство да му се сневиди. Бидете реални. Еден Манчестер Сити му одржа лекција на Шалке.
Како збориш ко Манчестер Сити да се второлигаши.:pos2::pos2::pos2:
Види го составот на Сити и на Шалке па да збориме.Иначе што ја мешаш лигата кога ова истражување е направено врз база на сосема други параметри,што немаат врска со првенството.Допир на топка,посед на топка,удар на гол...........Што ја мешаш лигата не сваќам????
 
Ке го видиме Рибери во ЛШ против некое екипиште. Не викам дека е слаб,далеку од тоа. Само шо го прајте најдобар, мало морген малце. Статистиката е за Бундес лига така? А да бидеме реални е далеку послаба од Англиската,Шпанската.
 
ЧЕНТО

Претседник
Член од
27 јануари 2007
Мислења
8.239
Поени од реакции
4.839
Ке го видиме Рибери во ЛШ против некое екипиште. Не викам дека е слаб,далеку од тоа. Само шо го прајте најдобар, мало морген малце. Статистиката е за Бундес лига така? А да бидеме реални е далеку послаба од Англиската,Шпанската.

Не не,статистиката ја праат тие Опти-Спорт,и тоа е за секој играч индивидуално,глеаш тоа колку допири со топка имал и такви ствари,нема врска тоа со лигата,и не ја праат само за лигата него генерално,глеаш тие се мерења со параметри што се праат секоја година.

p.s.

Иначе околу Тимошчук,и Хенес потврдува дека имале преговори со него,дека бил во Минхен и се тоа,ама уште не кажува официјално,важно го потврдува тоа што го пишува во билд.де!!!!

http://www.tz-online.de/de/sport/fcbayern/artikel_52410.html

И на еуроспорт е објавено на страницата за ова со Хенес дека го потврдува трансферот на Тимошчук,односно дека преговараат.Најверојатно е дека ги има викендов завршено лекарските прегледи,и секој ден се очекува официјализација.
Колку е само контрадикторен Хенес тоа е неверојатно.Пред 5 дена изјави нема да има трансфери,еве сеа потврдува преговори со Тимошчук.Али ако,тоа значи дека се освестил.

http://de.eurosport.yahoo.com/30112008/73/bundesliga-hoeness-bestaetigt-timoschtschuk-flirt.html

Хенес изјавил исто дека ќе го пуштат Подолски да оди во Келн ако најдат соодветна замена овој период!!!!!
 
Hellz Guardian

We do what we want
Член од
2 февруари 2008
Мислења
7.129
Поени од реакции
1.731
Баерн пред ангажман на Тимошчук
Баерн подолго време се интересира за услугите на Украинскиот интернационалец и пред стартот на сезоната на својата официјална веб страна објавија дека го ангажирале Тимошчук но соопштението беше многу брзо тргнато. Но со самото тоа Баварците покажаа дека се сериозно заинтересирани за капитенот на Зенит.
Медиумите од Германија денеска објавуваат дека Баерн е многу блиску до комплетирање на трансферот вреден 15 милиони евра.
Тимошчук викендов е присутен во Минхен и веќе тој одршал состанок со управата на Баерн Минхен.
Се шпекулира дека праговорите веќе се во напрадна фаза и можно е многу наскоро да има и официјално соопштение за комплетирање на трансферот.

:helou:
 
Staufer

Драган Богдановски
Член од
17 јануари 2008
Мислења
16.646
Поени од реакции
22.377
Ке го видиме Рибери во ЛШ против некое екипиште. Не викам дека е слаб,далеку од тоа. Само шо го прајте најдобар, мало морген малце. Статистиката е за Бундес лига така? А да бидеме реални е далеку послаба од Англиската,Шпанската.
Подобри се ама ти е напрај Бундеслигата ептем тапа. И во Германија играат фудбал и тука исто има одлични играчи. И Рибери моментално е меѓу најдобрите играчи во светот без оглед на тоа што игра во Германија. И во репрезентацијата на Франција Рибери е најважен играч.
 
ЧЕНТО

Претседник
Член од
27 јануари 2007
Мислења
8.239
Поени од реакции
4.839
Трансферот со Тимошчук е некаде 99% готова работа.Германските медиуми денес објавија дека успеале да ги фатат Хенес Румениге и Тимошчук заедно со сопругата во хотелот 4 сезони во Минхен,каде го договарале договорот за Тимошчук вреден 4 милиони евра по сезина нето плата.Трансферот ќе изнесува околу 15 милиони евра.Инаку одкако се нашле во небрано на излез од хотелот менањерите на Баерн изјавиле дека се само на брифинг околу играчите што планираат да ги доведат на лето.Се надевам што побргу трансферот да се официјализира!!!!!!

edit:

Иначе пред утакмицата со Хофенхајм ситуацијава станува се потензична.Одкако Хенес изјави дека Баерн е нормална подобра екипа,и “селаните“ почнаа со вербални напади без никаков респект.Ја ги поштувам дечките стварно се добра екипа ама ќе им покажеме во Минхен до каде им се можностите!!!Петок 20:30!!!!

ЧЕНТО напиша:

Глејте германциве утакмицава ја претставуваат ко Реал и Барса да ќе играат!!!:pos2:

УШТЕ 4 ДЕНА!!!!!:pos2::pos2::pos2:
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom