ЧЕНТО
Претседник
- Член од
- 27 јануари 2007
- Мислења
- 8.239
- Поени од реакции
- 4.839
ДОДЕКА ТРААТ ПРЕГОВОРИТЕ ЛАЦИО БАРА ЗАМЕНА ЗА СВОЈОТ НАЈДОБАР ФУДБАЛЕР
Пандев и Баерн - сега или во јуни
*Во петокот почнаа да се дефинираат условите за трансферот на нашиот најдобар фудбалер во најдобриот клуб во Германија
Се уште дилеми околу трансферот на Горан Пандев во тимот на Баерн од Минхен. Петочниот состанок на менаџертите на фудбалерот и луѓето од Лацио и Баерн во Минхен не донесе краен епилог. Се дефинираат финалните услови за комплетното реализирање на трансферот кој треба да чини околу 30.000.000 евра. А Пандев веќе е во Германија, но не на промоција и состанок со Баерн Минхен туку на дочек на новата 2008 година во Хановер кај своите роднини. Нашиот најдобар фудбалер почнува да се прилагодува на условите во Германија.
"Преговорите с$ уште траат и с$ уште има дилеми. Главната работа е во тоа дали сега ќе заминам во Минхен или тоа да се случи во јунскиот преоден рок. Лацио инсистира да ме продаде, но да останам до јуни", коментира Пандев за преговорите со Баерн од Минхен.
И додека траат средбите на трите страни стигнуваат најнови информации од двата тима. Лацио е во криза и доколку Пандев замине тоа ќе биде голем удар за тимот од "Олимпико". Римјаните 2 месеци ќе играат без Макинва (ќе игра за Нигерија на афричкиот куп) и тоа е главната пречка поради која Пандев мора да остане. Деновиве и најави дека Лацио влегува во преговори со напаѓачите: Ди Вајо (Парма), Вентола (Аталанта) и Карачиоло (Сампдорија). Договор со двајца од овие три фудбалери ќе значи и зелено светло за трансфер на Пандев во Минхен.
Доколку Пандев сега замине во Баерн тоа ќе се знае најдоцна до 10 јуни, а нашиот најодбар фудбалер на 3 јануари се враќа во Рим на тренинзите со Лацио.
http://www.sport.com.mk/?ItemID=714E55D7FD72304D8FA2387C615BE35E