Bertone
Автомобилски Дизајнерски Гуру
- Член од
- 1 октомври 2007
- Мислења
- 808
- Поени од реакции
- 6
Е сега ако одиш толку скептично, немаше никаква кола да се увезува во Македонија. Ако веќе си решил ќе се јавиш, ќе прашаш ќе се информираш.„Возила со музејска вредност се возила постари од 35 години на кои таков статус е утврден од страна на комисија, врз мислење на овластена стручна организација.“
Кај ке најдиш прво комисија, колку време е утврдувањето и колку пари кошта никој не знае да одговори. Истото е и за стручната организација.
„Возилото се регистрира по поднесено барање од страна на сопственикот на возилото
Со барањето за регистација треба да се поднесат следниве писмени докази
-потекло на возилото
-сопственост на возилото
-регулирани царински давачки за возилото
-сообразност на возилото со важечките хомологациски прописи во Р.М.
-техничка исправност
-извршено осигурување
-возилата постари од 35 години, доказ дека се автентични во првичната изведба“
Пак истите срања... Хомологација, царина бла бла бла плати овде плати онде... и на крај некој да потврди дека се автентични во првата изведба? Што треба тоа да значи? Дека се исти? Епа можеби да е фарбано возилото и тоа неколку пати и? Не е во првична изведба... не можеш да го увезеш
Со ваков закон тешко ке увезуваме олд-тајмери или „музејски“ возила.
Ќе прашаш што се подразбира под оригинална изведба.
Јас мислам ВООПШТО нема врска тоа со лајсни и такви работи. Можеби си нашол Ford Model T од којзнае која си година и сега нормално е дека ќе нема лајсна или дрвена штичка од подот.
Јас под тоа мислам дека е ...стандардната школка значи никакви рол барови...преправања...значи фабрички скроено. Зошто така? Бидејки на фабриката му бил даден тогашен а-тест за тие стандарди од тоа време. Сигурно ги нема податоците кои биле закони за емисија на штетни гасови...блаблабла...па им треба верен примерок на тоа возило. Истото важи и за моторот. Стандарден мотор.
Таа комисија изгледа е во МВР, бидејки законот е за ова министерство. Не гледам причина зошто би било во друго.
@Niko: Ти брат...Фичо...Мерцедес...ништо не продаваш...ништо не возиш...барем така викаш. :uvo: