Добивате 10 милиони евра, како ќе ги потрошите?

Член од
26 јануари 2007
Мислења
2.702
Поени од реакции
27
И наеднаш ви светнуваат многу идеи...оха 10 милиончиња си викаш...
Епа еве ајде ...кажете...
Јас со оваа тема не сакам да кажам дека ги имам па не знам како да ги потрошам...
Ако би ги имал...
Убава куќа со голема подземна гаража за автомобили (со контрола на влага, температура...)
10 класици внатре меѓу кои Ford Mustang GT500 1967 и Dodge Charger R/T 1969 се разбира и VW 1200 (Буба) од 1945-1953....

Ќе отворам компанија за произдовство на рачно изработени автомобили, истотака и за изработка/склопување на компјутери - хардвер и софтвер...

Вила на Бора Бора...

И дел од парите за хуманитарни цели, остатокот за „црни дни“...
 

Serpico

Сковинистратор / I'm Batman
Член од
25 јануари 2007
Мислења
11.166
Поени од реакции
691
Со задоволство!

Прво, тато и мама ќе добијат карти за пат околу дуњава со анлимитед платинумски кредитни картички, да им се исплати маката што ја виделе со мене :)

После...
Ќе купам 8 квадрата од куќата на Хју Хефнер. Ќе шетам низ цел свет. Ќе одам на сите можни концерти. Ќе снимам филм со Парис Хилтон. Алфа Ромео 159, па Ферари Енцо, вила на Канари...

Со тек на време ќе сватам дека не е се до парите. Остатокот ќе го раситнам на 10-денарки и од авион ќе ги посеам по Македонијава, да е бериќетна годината. 2 минути откако ќе почнам да ги фрлам од авион, ќе си ја чукнам главата и ќе прекинам.

Вложувам во недвижнини, акции во некоја банка, осигурувам добро образование за трето колено... И со последните 2 милиона одам во вселена. Првиот македонец таму горе. Летам, летам, кога одеднаш-КВАР во шатлот...Не ми се верува дека тоа мене ми се случува... Паѓам према атлантик, капсулата е топла, мене ми е мноогу топлоо, неподносливо, аааа топлоооо ееее, паѓаааммммм.....

...се будам од сон, жив испотен. Гасам греалица. Не ми треба кога имам добро ќебе. И фантазија. Одам во WC. Мочам. Долго и задоволно. Пуштам вода, мијам раце и гледам на саат, 04:45... Маме му - си викам - замисли да паднеше во Атлантски малку порано..... :) Него, одам јас да си легнам...
 

PSYtisfaction

Царевата ќерка
Член од
30 јуни 2006
Мислења
3.922
Поени од реакции
527
Да ги почувствувам како ми шушкаат во рака, па после не е проблем, за секунда ќе смислам како да ги потрошам. :zlo:
 

Serpico

Сковинистратор / I'm Batman
Член од
25 јануари 2007
Мислења
11.166
Поени од реакции
691
PSYtisfaction напиша:
Да ги почувствувам како ми шушкаат во рака, па после не е проблем, за секунда ќе смислам како да ги потрошам. :zlo:

Хмммм. Сумњам. Иако си женско :)
 

Jakov

Тато
Член од
24 јули 2005
Мислења
2.360
Поени од реакции
58
Прво ќе купам некоја најјака машина на свет која прави по 10 бека-апи у секунда....:pos: :pos: :pos:

Веројатно ќе си ги трошам парите на себе си и на моите најблиски, а еден добар дел ќе ги дадам за помош и грижа на оние кои немаат ништо и кои немаат основни услови за живот. Болни, сиромашни, напуштени од општеството луѓе.
 

Gravity Grave

Voice of the Voiceless
Член од
27 март 2006
Мислења
774
Поени од реакции
11
Хмм...по еден милион би вложил у рестартирање на КК и ФК Куманово, народот у градов е гладен и жеден за прволигашки спорт.
Потоа по едно миљонче би вложил у рестартирање на макар две фабрики у Куманово, за да имаат луѓе што да работат.
Уште два милиона би дал за реновирање на куќите на луѓето погодени од војната.

Би купил куќа и ресторан на Куба.
Останатото во "Швицарска" банка, за камата:toe:
 

Гижо

че о надрва
Член од
13 март 2005
Мислења
9.074
Поени од реакции
142
ја би ги трошел пополека, лека полека, несакам комшиите да знаат дека имам 10 милиони :))))
 

Billa Bong

I love Basketball
Член од
14 август 2006
Мислења
6.590
Поени од реакции
11
Гижо напиша:
ја би ги трошел пополека, лека полека, несакам комшиите да знаат дека имам 10 милиони :))))
Pametno pametno inace ja bi gi potrosil za kupuenje stanovi niz poeke drzavi i posle paricki ke se rojat i sekogas ke bides vo plus so toa so ke gi izdavas :zlo::baeh:
 
Член од
2 април 2006
Мислења
14.363
Поени од реакции
3.069
Јас ќе зеам ќе тргнам 9 милиони на страна прво у инвестиции ти текнуе...Данок Чао :pos:

Е сеа со тие еден милион...Прво ја носам сестра ми у CareFour у грчка и сите кукли од таму и ги зиам...И зиам најубаф розев телефон и све што сака она по избор...
Мајка ми и татко ми ги праќам у изоземство (Негде Кариби) на двенеделен одмор...
Становите и куќата што ги иам ги продавам...значи негде ќе дојам у плус 300.000 евра ако не и више...
После зиам еден стан од 120 м2 у Тафталиџе,Викендица у Маврово и Охрид и Две у Грчка за издавање...
Ондак ги викам тие од Ајде Дома да ми ја уредат све тоа внатрешно (пошо сам ќе бидам дома нека ме има на тв :))----ако миљони мора да се штеди кај се може :)
Идам регистрирам Фирма за Компјутерска продажба и сервиси...уствари го купуем Тригер и така е напраена више...
Идам купувам простор у Центар отварам продавница у ГТЦ (две продавници,уствари три) регистрирам на име на мајка ми...
Купувам и простор и и отварам фризерски салон...Го најмуем сергеј и уште некои да работат...пак на име на мајка ми

На татко ми едно Порше Тарга и на мајка ми Мерцедесче А класа...плус еден џип X3 гратис за двајцата да идат до викендиците :)

А за мене...ако остане нешто од тие миљон можда ќе најдам нешто...Побитно ми е коа ќе ги глеам нив среќни :)
 
Член од
2 април 2006
Мислења
2.842
Поени од реакции
31
Billa Bong напиша:
Pametno pametno inace ja bi gi potrosil za kupuenje stanovi niz poeke drzavi i posle paricki ke se rojat i sekogas ke bides vo plus so toa so ke gi izdavas :zlo::baeh:
Врска немаш. Акции бе копук, и нишо друго.:baeh::baeh::baeh:
 

Точкест

I'm Awesome
Член од
25 јануари 2007
Мислења
7.641
Поени од реакции
458
Зимам за сите пари „поликолор„ од граница и автоматски станувам Тони(ТОЧКЕСТ)Монта. You know who i am? Im Tockest Montana you better not f*&$ with me...LOL
и автоматски парите рипаат двојно(дупло) тројно и така натака
 

Kajgana Shop

На врв Bottom