Тука пишуваме на зададена тема

Член од
27 јуни 2007
Мислења
2.157
Поени од реакции
507
Верувам во она што ми го наметнаа тие.Не размислувам дали е правилно.Дали сум во ред затоа што се помирувам со она што ми го кажаа и веднаш го прифатив како своја вистина.Можеби сум како најголемиот дел од остатокот на овој глупав свет ,но тоа сум јас.зрно во тој мозаик.
Понекогаш сум гневен затоа што ја немам онаа сила која ми е потребна за да направам се.А си давам големи цели.Се згрозувам од неправда и насилство.Што значи дека сепак во нешто се разликувам од сите нив.Но тоа понекогаш ме смирува ,но најчесто не ми е никаква утеха.
Не дека сакам да се разликувам.Јас сум поинаков од целото ова џубре што талкапо лицето на оваа пуста земја.Лицемерен како сите.Затоа никогаш не се молам на глас,за да не го слушнат името на мојот бог.Се плашам дека тие би можеле да ми пресудат ,неплашејќи се од оној кој на сите им суди.
Се мразам.Јас не сум човек пред себе.Јас сум едно лицемерно џубре.Да,јас сум како празна лименка.Во себе повеќе го нема она место во кое имаше разбирање за сите луѓе.Во мене умре бесконечноста на која единствено се гордеев.Сега сум ист како вас.Копија.Најмалиот дел од најголемиот мозаик.
 
С

Сатори

Гостин
~*~

Окееееееј, не сум сменил тема, убијте ме! Што е штосот?
Како да си ги разјаснам сега работите на сама себе кога се ми е веќе повеќе од јасно?!Како да се жртвувам кога тој од другата страна ме љуби, а притоа ме заборава?
Му сметало на слобода, а мене не ми смета, не ме иритира и фрустрира фактот дека јас треба да бидам маж во врската?
Нормално дека ми смета, а него му смета што мене ми смета и на сите нас нешто не ни одговара.Него моите флертови, мене неговата потреба од изгубеност во светов.
Тогаш зошто би се борела, зошто воопшто би се трудела нешто да менувам и тоа кај мене, а да чекам и да разбирам што кај него ништо не се менува.
Повторно на старт истата улога, јас давам, он не ни може да прими како што треба, ниту акција, ниту реакција, силни негативни вибрирања што убиваат во поим уште на старт.
И си велам, добро бе Виолето, толку многу ли го сакаш, толку многу ли е битен?
Веќе не знам, не можам да се водам по емоции кои можеби и ги немам.
А дадов, дадов повеќе него што требаше за се да има бар смисла.Така ме боли на моменти што или ме пушта премногу блиску или ме турка премногу далеку.А таа непостојаност и релативност знае да боли, разорувачки делува на психата.
Многу сакам во моментов да можам да кажам ќе го оставам, ќе заминам некаде каде навистина се ќе ми дадат.Лажење дека тој има цврсто јас, карактер можеби, но не и јас кое не е лабилно и променливо.
Нешто слично на мене.
Целата таа легија на емоции во него ме лути, се разбира, зависи што одлучил да презентира.
Ме празни понекогаш, наместо да ме полни.Што е лошо, што е штета.
И ми смета што не можам да бидам јас, јас, покрај него.
Неговите потреби пред моите, доаѓа како приказна за еден, а не за двајца.И ми фали секој прв момент, секој втор сакам да го нема.
Ироничен сплет на околности!

Да го ебам, што е штосот?
 

MorrisonKA

You need a fucking hobby, bitch!
Член од
23 март 2007
Мислења
815
Поени од реакции
27
-Да глумиме балерински од на лепливи стакла додека останатите спијат?
-Ау да, прекрасно звучи.
-Ајде, да си играме барбики во дрвени замоци? Или оние од Лувр беа?
- Нах, тоа би значело да зборуваме со патика во уста. Луѓето сакаат јасни, чисти прозорци. Штета, на крпата има бљувотина.

-Како замачкана повраќаница низ ископани очи?

-Да, Готика, човече. Тоа е кул. Посебно во адолесентски период. Глеав еден спот на ТВ, или читав нешто. Сеедно. Не, многу е тоа за нас.
- Кој ти курац, ти сериозно мислиш не можам да убивам мачки?
- А, што би кажала Цвета на сето тоа?
- Знам. Боли. Многу боли. Фактот дека си мачка и живееш во стан чиј господар не знае да се грижи за себеси, а да не зборувам за животинки од понизок род. И целата таа гадна хиерархија, и сите тие влакна, и какушки на подот. Сеедно, Цвета е мачка над мачките. Може да смува и куче. Некогаш, и Оној сака да е како Цвета. Знам. Ми нема кажано, ама знам. Навечер, го грчи телото и ги истегнува рацете, божем преде. Жими г‘зов. И Цвета не е еластична толку. А, и стара е. И белеат и паѓаат влакната. Се‘ си мислам каде да ја закопаме кога ќе умре. Некаде во близина.
-Да, во близина дефинитивно, најдобро онаму кај што ги закопавме мравките.
- Таму, да.
 
Член од
19 септември 2005
Мислења
5.616
Поени од реакции
180
Интересно е, кога сфаќаш колку малку знаеш. Сфаќаш дека си поминал дваесет и кусурот години време - за да стекнеш искуство, за да научиш да живееш подобро, за да ја откриеш смислата на патот наречен живот. И на крај гледаш дека си во заблуда. Знаеш само толку малку од целата ризница... а она што го знаеш, најчесто никогаш нема повеќе да ти потреба..Ќе излезе некоја пречка и оп, не можеш да ја прескокнеш.

Дали цело тоа време потрошено, цело тоа искуство може да ти помогне да научиш како работи срцето? Зошто ритамот се зголемува секогаш кога ќе ја видеш? Од каде доаѓаат сите тие пеперутки во стомакот? Да ти помогне да сфатиш зошто сеуште мислиш на неа, иако со секоја помисла - твојот свет се руши? Дали сето тоа искуство може да ја дефинира љубовта? Среќата?

Кога на сите овие прашања ќе одговориш со не или ќе употребиш дефиниции кои немаат подолг рок на траење од еден ден... на крај сфаќаш дека ништо незнаеш, и ништо не си научил.
 
Член од
30 јануари 2005
Мислења
7.397
Поени од реакции
1.308
Се работи за една скопска ситуација. Добро познатиот кеј и на мојот народ и на оние поодстрана Скопје го сфаќаат како место каде се поврзуваат сите можни светови на планетата. Уметноста, класиката, кичот и традицијата. Муслиманите го запознаваат западот, христијаните се надеваат дека се дел од него.
Денес на Божик договорив пријателско кафе со еден пријател кој е на запад од Скопје. Ѕенѕав околу 3 минути на студот а потоа откако дојде седнавме во едно ресторачне со добра храна кое има шпанско презиме.
Од кафе преминавме на салатичка и ракиичка, па нарачавме пилешки прсти, затеравме со винце и секако и дебатата од стандардни културни теми неизбежно премина во одделот општество, религија, култура. Се сложувавме лесно за ред прашања но запнавме кога тој се отвори за неговата неостварена љубов од другиот крај на Тетово, а јас морав да вратам со чаирска романтика. Да не останам покусо, сите сме горди на дупката во која живееме.
И сега, тој се обиде да ме убеди, дека вистинската љубов мора да победи и да се оствари, во спротивно воопшто и не била вистинска. Јас вратив, колку време треба да се чека за нејзино остварување. Јас не верувам во љубов реков, тој цврсто стоеше на ставот иако виното одамна не удри по глава. Откако неколку часа поминаа во дебатирање, се фатив во еден момент како му објаснувам дека на девојката која деновиве и го фрлил пикот мора да ја освои по секоја цена, бидејќи вистинската девојка може да биде било која. Во радиус од петстоини метри сигурно постои една која ќе ни биде идеален партнер, зошто не би била таа? Тој ми врати дека е тоа невозможно, и дека денес вистинска љубов практично и да нема. И тука замолчевме. И тој го сфати тоа што и јас... тропаме глупости, само за разговорот да не умре, иако видно и двајцата уживавме во дебатата. Пробав да го решам проблемот... реков, Во што е штосот, зошто секогаш мислиме дека сме паметни кога туѓите проблеми ќе ни надвиснат на плеќите? Мудро одмолче како што и знае... па ми одговори...
- Каменот си тежи каде што му е местото...
Да... каде што му е местото.
Наздравивме, се насмеавме и ја свртевме пак на политика. Да ни е жива и здрава транизицијата уште илјада минути, без неа софрата ќе биде тивка...
 

Marinka

~petit etoile dans mon coeur~
Член од
7 март 2007
Мислења
590
Поени од реакции
2
Што е штосот?

Се прашувам??? Зарем вистина е дека луѓево незнаат за доста? Нели е очигледно кога некој не е сакан, обожаван? Зошто? Хах, смешно. Толку многу факти, а толку малку ум во една навидум фина комбинација. Мислев дека треба повеќе, ама доволно е со некој луѓе два муабети да сврзеш и да се чудиш дали е тоа возможно? Толкава тапост, изгубеност, гордост, преценетост... се беше тоа едно големо ништо. Жалам што повеќето личности во нашава Македнија се такви.

Како што вели Хесе:
- Веќе под личност не се подразбира онаа исклучителност, единственост, неописливост, она што боде очи, како што порано опишуваа уметниците и историчарите. Сега под личност се подразбира само онаа мала дарба за подобро снаоѓање во општеството и обезбедување на каков, таков подобар социјален статус.

Така е, драги мои. Веќе нема исклучителни личности, полни шарм и ведрина кои ќе се докажат со својата умствена моќ. Остана само семките ...
Што ли е штосов???
 

Natural-girl

Morphine
Член од
16 октомври 2007
Мислења
3.462
Поени од реакции
5.246
Во што е штосот?

Седеше мирно и се обидуваше да сфати во што е штосот со моето хистерично смеење. Се вртев, го покривав лицето и се криев и потоа едвај престанав.
-ОК, сега сум озбилна.
-Во што е штосот?
Сакав да се извинам, а лицето уште ми се грчеше од внатрешниот трепет предизвикан од интимниот хаос. Се чувствував како прваче со прстот во уста гледајќи го девствено синото небо над нас а знаејќи дека веќе ништо нема да биде исто како што беше. Дека облаците набрзо ќе покријат се' и само ќе посматраме избледени сино-сиви точки.
-Од почетокот знаев дека сме осудени на крај само....тоа знаење беше потиснато во мене. Замрази ме, но не барај детално објаснување...
И затоа се чувствував како прваче, во тој момент признавав дека дозволив знаењето да ми прпадне во снегот што се топи. Сега е стопен...И Дедо Мраз си отиде...Веројатно оттогаш го сфатив штосот, и трикот, и поентата и причините за онаа моја tricky приказна.
Сега, си ги ставам црните ракавици и останува да си се влечкам со пакетчето по влажните и помалку калливи скопски улици гледајќи го сончевиот одблесок во водата.
 
Член од
5 февруари 2007
Мислења
10.719
Поени од реакции
13.437
Што е штосот?

Често поставувано прашање. Некогаш трошам денови и ноќи во негово разглобување, наидувајќи на двосмислен одговор. Појдовна точка сум јас, моите постапки кон нештата. Која е целта? Зошто постојам? Поради кои причини го правам ова? Кругот се шири зафаќајќи ја околината, нагризувајќи ги териториите на нештата со кои сум опкружен. Интернетот... Која е неговата сврха? Да ме направи зависен или да ми помогне? Брат ми. Зошто кога расположението ми е во позитивно свртено тој тежнее да го промени неговиот тек. Се работи за љубомора или??? Денови и ноќи лупам глава во ѕид, разглабајќи, анализирајќи, размислувајќи и на крај пак се навраќам на она главното - што е штосот на вакво арчење време и живци во безвезно размислување. Навистина нема сврха толку да се задлабочувам во мислите кога надвор сонцето грее.
 

Goddess of Chaos

Nixe Nox
Член од
16 август 2005
Мислења
6.250
Поени од реакции
229
Понекогаш станувам многу рано..онакфо страшно рано.
Ама денес не сум нешо посебна.
Мајка ми има многу здравствени проблеми и обично често станува ноќе, и тоа по одреден редослед кој јас точно го знам и понекогаш ми иде ептен при рака. Најчесто кога излегувам од дома во 4 наутро и со мала пресметка знам кога да се вратам за навреме да се вклопам во нејзината легни-стани шема.
Епа, од таму мојот организам крена раце од регулирање на времето и ова она, и сега буквално станувам во се поневеројатно и поневеројатно време.
Но без разлика на тоа, обврските ми се исти, многу напор вадам од овие 10 прстиња за да биде се сончево.
Варам кафенце и каснувам нешо кое другите луѓе обично не го јадат за појадок, па рамномерно и уметнички ги трупам садовите.
И тогаш ми почнува делот во денот во кој снимам филмови.
Морам да снимам филмови за оние работи кои веќе на лично доживување не ми се интересни, а светот упорно ги става на насловна.

Срцекрш ми е што не ги доживувам веќе толку магични како кога бев детиште, мада тоа беше сеа скоро.

Којзнае, многу работи гледав со почит и восхит тогаш.

Само бидејќи беа далеку од мене. Откако психички и физички се поебував само за да се качам и да ги гледам од нивното рамниште, бев сосема разочарана. Очекував да го најдам јазикот на изгубените предци, кои можеби ќе ми помогне да ја прашам мајка ми како е, без да добијам шамар. Или можеби снегот, да особено ме маѓепсуваше снегот. Прочитав 5 енциклопедии за да го сфатам штосот, и тогаш стана обична матна влага. Штосот е само дама со напудрен нос, гледај, грицни кикиритче, насмефка, помини си. Ако ја однесеш у соба и го минусираш фустанчето, ќе откриеш дека целата е составена од слоеви.
Па се на се, ич не ми се сфиѓа што го прекршив кругот на молк во примитивните маѓични ритуали.

Очите ќе ми беа празни но срцето полно.
Ама ајт, вака барем имам нечисти садови, а тоа докажува некаква моќ зарем не?
 
Член од
30 јануари 2005
Мислења
7.397
Поени од реакции
1.308
Океј, одморивме... собравме сила одиме понатаму. Новата тема се вика... Мазохизам
 

Kvendolin

чупе од бурдите
Член од
24 март 2007
Мислења
1.003
Поени од реакции
75
Од почетокот мислев дека се работи за обично полнење на батериите. Природна потреба на моето тело да собере енергија за периодот што следи. Потоа како што времето поминуваше бројот на отпушоци се зголемуваше паралелно со мојата веќе реална зависност од нетот. Работите околу мене го губат значењето се повеќе и тоа ќе трае-се познавам јас себеси. Не ми е битно дали ке спијам до 10 науро или до 5 часот попладне. И онака денот не го користам за ништо. Потребата бесконечно да го трошам времето веќе не е уметничка-патетична е! И потоа им судам на некои фото курви. Небулоза. Порано правев планови и ги остварував. Потоа следуваше период во кој со задоволство правев планови кои не ги остварував. А, сега драги љубители на фото профили не правам никави планови. Не планирам. Ми се може. Ха! Смешно е колку авторитативно го велам ова- Јас! И сега за себе што да мислам, во која категорија да го ставам моето повредено его, каков заклучок да изведам? Дека сум мазохист? Е, не сум. Мора да сум некаква курва, ама каква? А?
 
С

Сатори

Гостин
~*~

Океј, одморивме... собравме сила одиме понатаму. Новата тема се вика... Мазохизам
Не можам да спијам.Ги чувствувам сопствените мисли како гребат по краевите на мојата свест, сакаат да испливаат надвор на површината каде навистина не им е местото.Очите ми се ширум затворени, попусто, се борам со сопствената психа која почнува да крвари од премногу анализирање на работи кои те болат до срж.Слушам извици внатре во ѕидовите прашувајќи се уште колку долго ќе трае оваа рунда на јас, ти и уште милион други.

I keep your picture upon the wall.
It hides a nasty stain that's lying there.

Го слушам и саатот, стрелките се движат толку ритмично а сепак тој тап, ограничен звук навлегува така длабоко во мојата зандана на мисли што и ги крши дури и катанците и тоа што толку силно се трудев да го затворам, повторно е надвор.
Венчаница, девојка потполно сама сред празна хала, како одвај липа за тој што го изгубила по игра на судбината.Како си го кине срцето од градите и како паѓа на земја за да може да преживее, стакла, искршени стакла околу нејзиниот бел фустан.
Настасја.

She dances naked in my soul and sleep won't come
And it's no use to pray this prayers to Notre Dame
Tell, who'd be the first to raise his hand and throw a stone
I'd hang him high and laugh to see him die alone
Oh Lucifer, please let me go beyond god's law
And run my fingers through her hair

Рефлектори.Млад пар пред светлата на дијаманските прстени и патиштата поплочени со туѓи боеви глави.Слатко исценирани насмевки, лажни воздишки.
Одвај мојата свесност доползува до занданата за да ја затвори и да ги врати сликите од моето толку преполно минато назад во затворот каде што јас сама лично сум ги осудила.
Процепот помеѓу сон и јаве, моето најголемо чистилиште полошо од пекол, сите мои лузни и матни ликови на земјата полна песок и пепел.

Belle, there is a demon inside her who came from hell
And he turned my eyes from god, and oh, I fell
He put this heat inside me I'm ashamed to tell
Without my god inside I'm just a burning shell

...

Секогаш кога пијам кафе не можам да заспијам ... пијам кафе секоја вечер пред да си легнам.


 
R

Razorblade Kiss

Гостин
3 ден на лудило.Велат секое чудо за 3 дена,но кај мене трае подолго...но не чудото. Издржувам и го пишувам наредниот текст за она што постои во моите соништа,додека на радио ја даваат нашата омилена песна. Знам дека не треба да ја слушам,но ако не пуштам крик на дождот ,темнината ќе ги пржи моите зеници.
Хаотична смеа,и јас некаде помеѓу Layla од Clapton. Не се смеам,само тонам во празната чаша што одамна се откажа од мене.
Имав вкус,ти ми беше фантазија,но за малку ќе ја изгубев главата кога удрив во реалноста. Немам гуру да ми каже што да правам кога се чувствувам како ударна вест на вчерашни вести.
Не ми давај ништо против болка,не ми давај ништо против блузот во моево срце додека висам на врвките од чевлите на твојата...не е важно.Не смеам да се изгубам,затоа што тогаш би те изгубила тебе.
Розите умреа,а летото во твоите очи никогаш не ни постоело,ти цело време си велел збогум. Но не знам да го зборувам твојот јазик,зар погрешив овде? Но не се каам што сум сонувач,и сега би си го продала сонот на питачот на аголот.
Сега ми останаа само овие 4 ѕида,изгребани дискови и прекривка во која обожавам да се гушам затоа што мириса на лето. Ама не она клише лето.
Tешко ми е да сфатам дека се урна моето тркало,но морам пак да се вртам,држи ме цврсто.
If you don’t love me...lie to me. Кажи ми дека се ќе биде во ред.
 

Goddess of Chaos

Nixe Nox
Член од
16 август 2005
Мислења
6.250
Поени од реакции
229
Сенкичка прошета зад дрвјата.
Колку непријатен е тој провев, да почувствуваш темна позадина среде божествен ритуал. Расте искрената желба за љубов, а позади исто толку искрената желба за болка и го бакнува вратот.
Зошто постојат сенки? Дали се на овој свет за да ни набиваат на нос дека и позади нашата најчиста белина мора да има една молчалива црна дамка?
Невозможно е таа црна дамка да се отштрафи, тогаш би морала да ја помати водата на друг, а? Значи не. Следно.

Mи се спие по малце. Ми се оди по жица, кога ќе подразмислам.
Би ја наелектризирала без помош од струја, веднаш ќе зацвили под допирот со мојот вознемирен афект.
Згрчена како во пресек на заеднички опој на амфетамин и метамфетамин, да повторно сум бесна.
Малечкото чипкано срце ми е театрално јагленосано, а носето ми свети од болна лутина.
И покрај се, сите драги љубители на мојата перпетум мобиле трагедија знаат дека колку и зглобови да ми скршиш, ги чувам во ракав моите пипала и пак ќе обраснам на тебе, се додека еден ден сосема не те удавам во мов.
Дали смеам да се откажам кога знам точно на колку скалила пред дното расте најквалитетна зашеќерена болка!
Треба само да јадам памук и да издржам.
Којзнае до каде е границата на таа издржливост?
Знам ли всушност уште колку конци во рацете можам да истрпам за Него?
Кога ќе дозволиш да те припитомат, мораш малку да поплачеш.
Морам, морам да си поплачам и да молчам, што ли ќе и правам на сета таа енергија ако ставам крај на глупавата мака.
Бидејќи ниедна љубов не се губи, не згаснува.
Секоја ја дува прашината од својот катанец, и секогаш чува место за клучот што ја заборавил. Надежта не може да умре кај силните поврзувања, така се програмирани.
Секогаш знаат дека ќе најдат некое дупче низ кое нишката веднаш ќе продолжи, дупчиња има многу а нишката е скапоценост која сепак не смеат да дозволат да исчезне. Секогаш останува нешто, трошки заскитани чувства после мачкиниот ручек.
А јас вечно имам во грлото две-три лажици намќорест страв од чувства во форма на трошки.
Едноставно, нема доволно болка во нив.









Илузијата задоволно ги трие рацете и им вели на продуцентите:
Немајте гајле.
Секој убод што го прави на својот врат, е за него.
Сиот отров што го налепува на усните, е за него.

Секој пат.

Гризе кине и го повредува, за да се повреди себеси,
Од чиста влажна надеж дека и нејзе ќе ја здоболи,
Очајот што го внесува во него..
 

ThugProphet

I'ma die a hustla!
Член од
14 јули 2007
Мислења
468
Поени од реакции
8
Денот повторно осамна. Сонцето, онака како и секој ден од овој проклет зимски период, никаде го немаше. А тој повторно се најде под мостот, на старото добро место, премрзнат, тресејќи се.. Мирисот на урина денес беше поднослив, за разлика од деновите кога на ова место не можеше ни да замисли да пречекори, камо ли да ја мине ноќта тука. Изврзаните со завои дланки, му се тресеа од студот. Погледна кон нив, онака, без изненадување виде дека повторно се прекриени со крв. Тоа беше неговата крв... Главата, која исто така беше изврзана во крвави завои, го болеше, но не обрнуваше внимание на таа болка. Беше навикнал...
Сега, таа крв не беше важна. Посегна под пазувите... Потоа ја раскопча тренерката, а од таму испаднаа неколку туциња со пари, свиткани во ролна и стегнати со ластиче. Потоа повторно се сети како ги набави. Погледна длабоко во неговата болна психа, а таму виде како оштирцата од камата се зарива длабоко во стомакот на еден младич, потоа како ги празни неговите џебови. Но, тоа не беше убод за да убие, туку за да осакати. После неколку часа, од гласините наоколу, разбираше дека одвеле некого во болница со убодна рана во стомакот, но дека било се во ред.
Ги собра парите, ги стави од каде што испаднаа без да ги бори и се упати кон градската болница. Позади големата бела зграда, се сокри зад големите контењери, од каде момент покасно излезе во сосема нови алишта, па отиде до најблиската фонтана да се измие..
Влезе во болницата, се качи со трчање на вториот кат, каде се наоѓаше интензивната нега, па се залепи на стаклото на втората соба. Таму лежеше млада девојка, на околу 20тина години, приклучена на апарати, едвај дишејќи. И покрај големите, скоро црни модринки, исечениците и гребаниците по лицето, таа изгледаше прекрасно во неговите очи. Оттрча до мензата, каде го најде нејзиниот татко, кој пиеше кафе и палеше нова цигара. Сeдна на масата без да каже ни збор, оставајќи ги парите што ги изваде од џебовите. "Се надевам дека сега се доволно" рече. Потоа исчезна.
Влезе во тоалетот, каде почна да плаче. Од џебот извади шприц со жолтеникава течност и игла. Го заби во вената на неговата лева рака и потона во длабок сон.
Кога се разбуди, веќе беше полноќ, па свесен за се што се случило, почна да плаче, да си ја удира главата од ѕид, да го крши плочките со тупаници. Од главата и од рацете протече крв. Како да не беше доволно, па почна и со нозе, лакти, колена, со целото тело, се додека не падна во локва од сопствената крв.
Се мразеше себе си. Се мразеше поради она што им го правеше на другите, само за да снабди доволно средства за неговата убавица, која поради негова вина лежеше во тој проклет кревет.
Колку ли само ова би било непотребно, доколку пред 6 месеци, не би ја послушал кога му рече дека сака да ја почувствува полната снага на моторот кој штотуку го купи.
Сега, оваа крв, оваа болка, браздите на неговот чело од кои бликаше крв, беа негова казна. Само за момент се запраша дали станал зависен од болката. Но само за момент... Потоа се онесвести... Но само момент пред тоа, знаеше дека само после 2-3 дена го чека истата рутина...
 

Kajgana Shop

На врв Bottom