Цртани серии

Н

'Никола'

Гостин
Дали е можно да се најде некаде subtitle за дигимон, нормално англиски. Ја симнав прва сезона оригиналот на јапонски, но никаде не можам да најдам превод. Ако некој знае како или каде молам пишете или тука или пп не е важно.
 
Член од
6 јуни 2009
Мислења
3.094
Поени од реакции
445
Ај да ја освежиме темата. Прво една забелешка имам. Во темава гледам се спомнати Том и Џери, Ушко Долгоушко и слично. Тие не се серии туку се кратки филмови чија премиера била на кино а не на ТВ. Различно е, различни стилови. За нив треба во [thread=594]оваа тема[/thread] да се зборува. Колку за споредба, (тв) серии од тоа време биле Скуби Ду, Тошо мачорот, Каменковци итн.

А сега да кажам за една серија. Samurai Jack. За мене оваа серија е една од најдобрите серија што сум ја гледал. (цела ја немам изгледано ама од тоа што сум гледал се ми се допаднало) Имам гледано доста цртани и оваа ја издвојувам без поголемо двоумење. Да, има и други квалитетни серии, можат да се мерат со оваа ама ете јас ако треба да избирам ја бирам оваа. Жанровски е фантазија-авантура-акција. За што се работи (тие што незнаат) видете кај full summary на имдб, таму има кракот опис.
 
Член од
16 јуни 2010
Мислења
83
Поени од реакции
7
Мене сите ми велат : „Шо ги глеаш вие глупи бебешки цртани бе, Драгонбол , Наруто (незнаат ни правилно името да му го акцентираат)“ абе не се цртани, имаат експлицитен материјал, пцуење, сексуален хумор, крв, насилство, убиства, црн хумор, и се обележани како 12+ низ Јапонија, оние кои знаат за манга и аниме, може знаат дека американциве ги претворија во детски цртани!
 
Колку да не мешаме поими. Цртани се и тие, оти се цртани а не се со камера снимани. Широк поим е тоа.
Иначе што имаат зафркнато американците? Јас незнам за американци да работеле на Драгонбол.
 
ficdogg

221b
Член од
29 септември 2008
Мислења
1.105
Поени од реакции
699
Колку да не мешаме поими. Цртани се и тие, оти се цртани а не се со камера снимани. Широк поим е тоа.
Иначе што имаат зафркнато американците? Јас незнам за американци да работеле на Драгонбол.
Чек како мислиш дека не се со камера снимани, наруто можда не е целосно рачно сниман, ама Dragonball и постарите се скорз рачно цртано и боени и снимани cell по cell, раликата е во стилот на цртање ништо друго.
Дизни во почетокот за сите долгометражни филмови користеше ротоскопија, и тука може да се фрли некој празен аргумент дека не се рачно правени, ама тоа се само техники и стилови.

И каква врска има тоа што американци не работеле на DBZ??

ЕДИТ
Кај нас познатиот "нема правдина Калимеро" е италијански цртан, целосно направен од истата јапонска фирма Toei Animation, која ја направи и DBZ.
 
Член од
16 јуни 2010
Мислења
83
Поени од реакции
7
Ама американците почнаа да ги рекламираат акционите фигури како обични играчки, а аниме цртаните како цртани серии за деца!
 
Член од
6 јуни 2009
Мислења
3.094
Поени од реакции
445
Чек како мислиш дека не се со камера снимани, наруто можда не е целосно рачно сниман, ама Dragonball и постарите се скорз рачно цртано и боени и снимани cell по cell, раликата е во стилот на цртање ништо друго.
Дизни во почетокот за сите долгометражни филмови користеше ротоскопија, и тука може да се фрли некој празен аргумент дека не се рачно правени, ама тоа се само техники и стилови.
Му кажував на Вегета дека и аниме филмовите можи да се наречат цртани филмови оти се користи цртеж на некаков начин (рачно, комјутерски, ваков стил онаков стил, нема врска) а не се Live action со глумци и камера. На тоа мислев.

И каква врска има тоа што американци не работеле на DBZ??

ЕДИТ
Кај нас познатиот "нема правдина Калимеро" е италијански цртан, целосно направен од истата јапонска фирма Toei Animation, која ја направи и DBZ.
Тоа беше реплика на последниот дел од пораката на Вегета. Ете веќе одговорил.
 
ficdogg

221b
Член од
29 септември 2008
Мислења
1.105
Поени од реакции
699
Sorry sorry
Недоразбирање било, no hard feelings.
 
Freddy Krueger

The Dream Master
Член од
18 март 2009
Мислења
2.236
Поени од реакции
2.028
може некој да ми каже колку епизоди има dragon ball,dragon ball z,dragon ball gt и се што е поврзано со драгон балл и ако може линкови да остави???
 
ficdogg

221b
Член од
29 септември 2008
Мислења
1.105
Поени од реакции
699
Dragon Ball(153 ep), Dragon Ball Z(291 ep), Dragon Ball GT (64 ep).
Плус имаш уште 13 DBZ филмови, 2 DBZ specials, еден Jump Festa special Dragon Ball: Yo! Son Goku and His Friends Return!!.

Само за инфо, DBGT не е според мангата, така да квалитетоt и не е баш ист како претходните.
Dragonball Kai, e remastered верзија од DBZ без филери, уште не е завршена.

Имаш се што ти треба имаш тука, чичко google се знае.
http://en.wikipedia.org/wiki/Dragon_Ball
 
Freddy Krueger

The Dream Master
Член од
18 март 2009
Мислења
2.236
Поени од реакции
2.028
да не има некој од Велес што го има Dragon Ball,Z,GT,KAI епизодите да ми ги даде???
:)
 
Член од
16 јуни 2010
Мислења
83
Поени од реакции
7
Му кажував на Вегета дека и аниме филмовите можи да се наречат цртани филмови оти се користи цртеж на некаков начин (рачно, комјутерски, ваков стил онаков стил, нема врска) а не се Live action со глумци и камера. На тоа мислев.

Тоа беше реплика на последниот дел од пораката на Вегета. Ете веќе одговорил.
Вака, Американците ги избришаа сцените со сексуален хумор, најмногуте со Мутен (најјак е), а сега на Nicktoons го даваат Dragon Ball Kai, и се разочарав, на Бардок целата крв, па дури и лузната на лицето му се избришани, Роши место пиво пие млеко или вода (овие стварно зафркаваат тука, претерано е) незнам шо би требало да е...

--- надополнето ---

BTW, најдов нешто интересно на Youtube за оние кои играат GTA и гледаат Симпсонови!

Kajgana Shop

На врв Bottom