Има, има и читатели будали, така да секој има своја публика.нема толкава голема будала што би читала нешто што не и се допага.
Никој не може да напише толку добро како што го замислува во својата глава. Таквите се екстремно ретки. Блаже Конески на пример... страшно како знае да долови ситуација. Ама тоа е друга тема...И само да се надополнам со некои други излагања...самата Вирџинија Вулф сметала дека никогаш не можела да напише онолку добро колко што тоа го замислувала во својата глава...
писателите се тоа што се бидејќи никогаш немаат доволно зборови за да ги излеат на лист хартија.. секогаш им снемува..секогаш в глава им останува некое парче од приказната и им недостасува откако ќе ја читаат ...Па сега вака...од лично искуство,за да бидеш писател треба да научиш да пишуваш,да развиеш вештина.Тоа е нешто за што треба да минат години и години за конечниот резултат да биде донесен на виделина.Ќе се зеам себеси за пример,имам испишано над 20 тетратки и никогаш не ми се допаѓа тоа што го пишувам(или ако ми се допаѓа по некој период не можам да го гледам-нормално има исклучоци).Потребно е многу влог за да испадне успешно и треба многу самодоверба за да се издаде влогот(ова особено важи за писател,а не за "писател")
Навистина е апсурдно и мизерно кога ќе се прочита нешто недолично.Искрено не знам која е таа Лејла Сабит...се обидувам да се заштитам од пропаганди и понекогаш можеби испуштам нешто вредно;друго што сакав да напишам е дека секој човек треба да биде спретен да напише состав/есеј/статија и тоа да биде на ниво(и да не си писател,тоа спаѓа во основната програма во образованието),меѓутоа ситуацијата е очајна.На 80 % од луѓето им е тешко да напишат примерен вовед,среден дел во кој можат да цитираат некого во краен случај и да го продискутираат цитираното и за крај да дадат сопствено мислење.Од малку по малку во се стануваме послаби(за разлика од минатото) и за жал морав да бидам и самокритичен.И еве од такви едноставни причина излегуваат фејкерски работи за кои сме понекогаш приморани да ги проголтаме...
И да...се согласувам со изнесениот цитат на Walker Girl.Сосем точно...ни себе не се исклучувам.
И само да се надополнам со некои други излагања...самата Вирџинија Вулф сметала дека никогаш не можела да напише онолку добро колко што тоа го замислувала во својата глава...а и за Џ.К.Раулинг...пишувала со години пред да го издаде Хари Потер и една од првите фази со кои таа се согласува,за да се развива вештината во пишување е да се имитира најчесто омилениот писател.
А-а. Не чита нашиот народ, за жал. Изгледа ќе треба да почнеме да пишуваме на англиски, француски, германски и други светски јазици.Сите уметници се мрднати...и тоа е ОК:nesum:...а за ова писателиве..нека ги има и онака никој не ги чита
мислам на оние што ги кажавте на почеток
Ах моме мало моме.... треба ти малку повеќе да почниш да читаш од тие книги кои вистински се напишани, кои не се копии од некои раскази, кои вистински кажуваат тоа што сакаш да го прочиташ и да знаеш дека си поминала премногу добро време над книгата и не жалиш за тоа. Тие книги со секосови, дроги и глупости ти се во новиот век наречен идиотизам и сексуална злоупотреба. Денешницава е таа што ги направи денешните книги. Тие книги ќе бидат запаметени за година дена, а тие книги што се напишани со своја мисла и без никаков сленг за вистинската љубов се книги кои треба да почнеш да ги читаш. Пиши ми пп па ќе ти објаснам што какоНе знам дали секоја будала може да биде писател, ама дека човек што не знае да раскажува и што се служи со простачки изрази може да биде високотиражен писател, може. Дитас на пример. Да речеме дека човекот има оригинални идеи. Еве, да речеме. Ама колку нема богат речник на зборови, колку се служи со сленг, колку му е се` просто кажано во книгите, колку не знае да раскажува, тоа чудо едно! И тие гадните книги полни со секс, дрога и криминал, чии приказни се толку предвидливи неретко гледам како се спомнати во делот "омилена книга" на хи5 кај деца од 15 години... Ц,ц,ц!
Лелеее ама се разбравме! Ај уште еднаш прочитај ми го погорното мислење, ти скроз обратно си ме сфатил. :smir:Ах моме мало моме.... треба ти малку повеќе да почниш да читаш од тие книги кои вистински се напишани, кои не се копии од некои раскази, кои вистински кажуваат тоа што сакаш да го прочиташ и да знаеш дека си поминала премногу добро време над книгата и не жалиш за тоа. Тие книги со секосови, дроги и глупости ти се во новиот век наречен идиотизам и сексуална злоупотреба. Денешницава е таа што ги направи денешните книги. Тие книги ќе бидат запаметени за година дена, а тие книги што се напишани со своја мисла и без никаков сленг за вистинската љубов се книги кои треба да почнеш да ги читаш. Пиши ми пп па ќе ти објаснам што како