Денес писател може да биде секоја будала!

Divider

Seraphim
Член од
24 февруари 2005
Мислења
27.337
Поени од реакции
3.062
Sekoj moze da ckrtne nesto, toa znaci deka e ckrtalo, no ne pisatel, ne sekoj moze da bide pisatel!
 
*БоРовИнкА*

јас не сум ЛУДА, јас ЛУДО живеам
Член од
20 јули 2007
Мислења
638
Поени од реакции
16
spored mene najdobrite pisateli se tie koi se predavaat na listot hartija i pisuvaat, mozebi treba da bides budala za da sednes i da pisuvas, bidejki spored nekoi toa e gubenje vreme, no treba i da imas sposobnost da go napises toa sto go 4uvstvuvas, toa sto si go videl ili voopsto dobro da znaes da go kazes toa sto go mislis...
 
duffy_f

денес те сакам повеќе од вчера
Член од
29 јануари 2007
Мислења
353
Поени од реакции
13
Можеби е вистина дека секој будала може да биде писател или воопшто да пишува нешто но нема толкава голема будала што би читала нешто што не и се допага.ПА така овие првите „писателски“ будали ке поминат незапаметени и непрочитани.Само во главата ке им остане илузијата дека издале нешто.А сите останати вистински вредни писатели со вредна почит го имаат своето место во нашите глави,мисли и рафтови.
 
Setsuko

Модератор
Член од
29 јануари 2006
Мислења
6.404
Поени од реакции
5.960
Ќе цитирам само една мисла од Луј Фердинанд Селин:

„Сите интелектуалци се откачени лакрдијаши. Побарај ги во било која земја инженерите, трговците, архитектите, земјоделците, ќе видиш луѓе „на редот“, спретни разбрани. Ако сакаш да ги видиш најлошите клапчовци во некоја земја, барај да ги сретнеш писателите - манијаци, лудаци, неумешни, идиоти. Ни себе не се исклучувам...“

rowling

Desperate Cranberrie
Член од
31 март 2007
Мислења
290
Поени од реакции
8
Па сега вака...од лично искуство,за да бидеш писател треба да научиш да пишуваш,да развиеш вештина.Тоа е нешто за што треба да минат години и години за конечниот резултат да биде донесен на виделина.Ќе се зеам себеси за пример,имам испишано над 20 тетратки и никогаш не ми се допаѓа тоа што го пишувам(или ако ми се допаѓа по некој период не можам да го гледам-нормално има исклучоци).Потребно е многу влог за да испадне успешно и треба многу самодоверба за да се издаде влогот(ова особено важи за писател,а не за "писател")
Навистина е апсурдно и мизерно кога ќе се прочита нешто недолично.Искрено не знам која е таа Лејла Сабит...се обидувам да се заштитам од пропаганди и понекогаш можеби испуштам нешто вредно;друго што сакав да напишам е дека секој човек треба да биде спретен да напише состав/есеј/статија и тоа да биде на ниво(и да не си писател,тоа спаѓа во основната програма во образованието),меѓутоа ситуацијата е очајна.На 80 % од луѓето им е тешко да напишат примерен вовед,среден дел во кој можат да цитираат некого во краен случај и да го продискутираат цитираното и за крај да дадат сопствено мислење.Од малку по малку во се стануваме послаби(за разлика од минатото) и за жал морав да бидам и самокритичен.И еве од такви едноставни причина излегуваат фејкерски работи за кои сме понекогаш приморани да ги проголтаме...

И да...се согласувам со изнесениот цитат на Walker Girl.Сосем точно...ни себе не се исклучувам.
И само да се надополнам со некои други излагања...самата Вирџинија Вулф сметала дека никогаш не можела да напише онолку добро колко што тоа го замислувала во својата глава...а и за Џ.К.Раулинг...пишувала со години пред да го издаде Хари Потер и една од првите фази со кои таа се согласува,за да се развива вештината во пишување е да се имитира најчесто омилениот писател.
 
Член од
30 јануари 2005
Мислења
7.397
Поени од реакции
1.308
И само да се надополнам со некои други излагања...самата Вирџинија Вулф сметала дека никогаш не можела да напише онолку добро колко што тоа го замислувала во својата глава...
Никој не може да напише толку добро како што го замислува во својата глава. Таквите се екстремно ретки. Блаже Конески на пример... страшно како знае да долови ситуација. Ама тоа е друга тема...
 
Член од
23 април 2005
Мислења
622
Поени од реакции
14
Па сега вака...од лично искуство,за да бидеш писател треба да научиш да пишуваш,да развиеш вештина.Тоа е нешто за што треба да минат години и години за конечниот резултат да биде донесен на виделина.Ќе се зеам себеси за пример,имам испишано над 20 тетратки и никогаш не ми се допаѓа тоа што го пишувам(или ако ми се допаѓа по некој период не можам да го гледам-нормално има исклучоци).Потребно е многу влог за да испадне успешно и треба многу самодоверба за да се издаде влогот(ова особено важи за писател,а не за "писател")
Навистина е апсурдно и мизерно кога ќе се прочита нешто недолично.Искрено не знам која е таа Лејла Сабит...се обидувам да се заштитам од пропаганди и понекогаш можеби испуштам нешто вредно;друго што сакав да напишам е дека секој човек треба да биде спретен да напише состав/есеј/статија и тоа да биде на ниво(и да не си писател,тоа спаѓа во основната програма во образованието),меѓутоа ситуацијата е очајна.На 80 % од луѓето им е тешко да напишат примерен вовед,среден дел во кој можат да цитираат некого во краен случај и да го продискутираат цитираното и за крај да дадат сопствено мислење.Од малку по малку во се стануваме послаби(за разлика од минатото) и за жал морав да бидам и самокритичен.И еве од такви едноставни причина излегуваат фејкерски работи за кои сме понекогаш приморани да ги проголтаме...

И да...се согласувам со изнесениот цитат на Walker Girl.Сосем точно...ни себе не се исклучувам.
И само да се надополнам со некои други излагања...самата Вирџинија Вулф сметала дека никогаш не можела да напише онолку добро колко што тоа го замислувала во својата глава...а и за Џ.К.Раулинг...пишувала со години пред да го издаде Хари Потер и една од првите фази со кои таа се согласува,за да се развива вештината во пишување е да се имитира најчесто омилениот писател.
писателите се тоа што се бидејќи никогаш немаат доволно зборови за да ги излеат на лист хартија.. секогаш им снемува..секогаш в глава им останува некое парче од приказната и им недостасува откако ќе ја читаат ...
 
rowling

Desperate Cranberrie
Член од
31 март 2007
Мислења
290
Поени од реакции
8
Многу јасно и секогаш мислиш најдоброто парче ти останало во главата..освен ако не успееш целосно да се исклучиш и да напишеш како што мислиш најдобро...и пак не е нај нај :toe:
 
burn84

Говорете Македонски
Член од
4 февруари 2006
Мислења
6.579
Поени од реакции
1.500
Пишувањето е уметност а сите уметници се луди.
 
Член од
17 декември 2007
Мислења
178
Поени од реакции
7
Сите уметници се мрднати...и тоа е ОК:nesum:...а за ова писателиве..нека ги има и онака никој не ги чита

мислам на оние што ги кажавте на почеток
А-а. Не чита нашиот народ, за жал. Изгледа ќе треба да почнеме да пишуваме на англиски, француски, германски и други светски јазици.
За споменативе на почетокот, не би сакала ништо да коментирам, веќе за нив се е коментирано.
А за мрднати, ех, за сите така се зборува, и за уметниците, и за научниците, и за сите кои сакаат да го користат умот.
Само за оние кои не сакаат ништо да прават, изгледа само тие не се мрднати.
 
Член од
2 септември 2007
Мислења
2.155
Поени од реакции
176
Не знам дали секоја будала може да биде писател, ама дека човек што не знае да раскажува и што се служи со простачки изрази може да биде високотиражен писател, може. Дитас на пример. Да речеме дека човекот има оригинални идеи. Еве, да речеме. Ама колку нема богат речник на зборови, колку се служи со сленг, колку му е се` просто кажано во книгите, колку не знае да раскажува, тоа чудо едно! И тие гадните книги полни со секс, дрога и криминал, чии приказни се толку предвидливи неретко гледам како се спомнати во делот "омилена книга" на хи5 кај деца од 15 години... Ц,ц,ц!
 
JuveFan

Џабарлак
Член од
11 мај 2006
Мислења
918

Ах моме мало моме.... треба ти малку повеќе да почниш да читаш од тие книги кои вистински се напишани, кои не се копии од некои раскази, кои вистински кажуваат тоа што сакаш да го прочиташ и да знаеш дека си поминала премногу добро време над книгата и не жалиш за тоа. Тие книги со секосови, дроги и глупости ти се во новиот век наречен идиотизам и сексуална злоупотреба. Денешницава е таа што ги направи денешните книги. Тие книги ќе бидат запаметени за година дена, а тие книги што се напишани со своја мисла и без никаков сленг за вистинската љубов се книги кои треба да почнеш да ги читаш. Пиши ми пп па ќе ти објаснам што како
 
Член од
30 јануари 2005
Мислења
7.397
Поени од реакции
1.308
ЈувеФан, ===Srcufka=== токму тоа и го кажа. Не си ја сфатил ми се чини. Али дудлањево ти е закон!!! :pos: :eek:lee:
 
Член од
2 септември 2007
Мислења
2.155
Поени од реакции
176
Ах моме мало моме.... треба ти малку повеќе да почниш да читаш од тие книги кои вистински се напишани, кои не се копии од некои раскази, кои вистински кажуваат тоа што сакаш да го прочиташ и да знаеш дека си поминала премногу добро време над книгата и не жалиш за тоа. Тие книги со секосови, дроги и глупости ти се во новиот век наречен идиотизам и сексуална злоупотреба. Денешницава е таа што ги направи денешните книги. Тие книги ќе бидат запаметени за година дена, а тие книги што се напишани со своја мисла и без никаков сленг за вистинската љубов се книги кои треба да почнеш да ги читаш. Пиши ми пп па ќе ти објаснам што како
Лелеее ама се разбравме!:pos::pos::pos::pos::pos: Ај уште еднаш прочитај ми го погорното мислење, ти скроз обратно си ме сфатил. :smir:
 
Kajgana Shop

На врв Bottom