имам нокиа 5800 и го користам неполна година, прво почна на екстремно ладни услови да ме зеза екранот и да ми се појавуваат линии преку цел екран и нормално ништо не се гледа. На почеток малце ќе го подржев у рака да се стопли и си функционираше супер, по извесно време почна се почесто да ми се дешава тоа дури и ако не е ладно. Сеа од страна кога ќе го отклучувам еднаш се пални нормално еднаш со линии. Читав по нет многу корисници на овој модел се жалат на истото. Софтверски неma да е зашо секогаш ми е up to date дали до дисплејот или некој контакт. Ако може некој од сервисерите тука да ми даде инфо дали имале ваков квар и колку би чинела поправката на истиот.