Го делам мислењето со Нено со тоа што ја Србо го критикував и пред победата со МЗТ и по истата, ипак, 21ви век сме, гледаме баскет на тв, европски, амерички и слично а и активно пратев кошарка на времето кога во Македонија се играше фантастичен баскет ( за наши услови ), па оној кој овој спорт го следи активно долго време доволно е кадарен да увиди дека моменталниов Работнички делува ко да се собираат еднаш неделно у маало 10 души и праат една петорка и играат против рандом тимови, па што биде-биде, и ние ко тастатура експерти сме доволно кадарни за да го знаеме ова. Едноставно Србиновски го нема '' она '' потребното и тоа е тоа, немам ништо против него ко личност, сум го почитувал и на времето кога активно се занимаваше со овој спорт ( не дека беше нешто посебно ) ќе го почитувам и сега, но за тренер јебига, има леб и леб за јадење, неможам да кажам дека некогаш во иднина нема да осозрее во добар стратег ( нормално, и му го посакувам тоа ), али во моментов е далеку од она ниво потребно за еден тренер да сервира трофеј во мак баскетов, и тоа во ситуација кога истиот е скалила и скалила подоле од она што беше на времето кога ја бев копиљ у основно.
На времето вакви ко него ни асистенти не можеа да бидат, така иде зборот ...
Далеку од тоа дека Работнички има лош тим, али со лош диригент и оркестарот фалшира, тренерот е пола екипа и најголемата разлика помеѓу Фени и овој моментален Работнички е таа.
Како и да е, се во свое време, трпение само ...
п.с. Честито нека им е на Фени.