Јас како што дознав...јас како што слушнав...најбош муабети...не се знае каде ќе се игра утакмицата поради тоа што КФМ има донесено забрана за навивачи и ќе забрани да се продаваат карти за гостите. Е сега како што знаеме сите (ваљда и дебиливе од КФМ) баскет се игра за публика, ако сакаат да играат во празни сали, бујрум еве им ги Торус, Плејмејкер, АБА Струмица, Водно Санс и такви трето разредни екипи и нека си направат приватна лига за мајки, чичковци, стрини на играчите да доаѓаат да навиваат. Ние како група апсолутно сакаме да се игра во Борис Трајковски, а воедно и ставот на Управата на МЗТ Скопје е да се игра во Борис по секоја цена. Утре има состанок Здружение на Прволигаши и ќе се реши каде ќе се игра. Проблемот е во тоа што МЗТ, Работнички, Пелистер и Куманово би гласале за да укине забраната, остатокот би гласал против што ќе каже 4 према 6. Ако се земе предвид дека од тие четири клуба што би гласале ЗА, барем кај три имаат сопствени навивачи, тогаш треба да се запрашаме сите дали доколку не се укине вреди да постои кошарка во Македонијава. Значи пак ќе кажам, МЗТ Скопје и ФА, сакаат да се одигра натпреварот во Борис Трајковски.