M
marko 1996
Гостин
Еве еден пост што вреди нешто на темава , значи го отекувате цпб ова цпб тоа , до пред година дена : ''Кај ви се навивачите 10 на трибина бла бла бла '' Оваа година ''Ви плаќаат што одите по толку на утакмици , вака на нас да ни плаќаа , на нас ова на нас тоа '' Ако ФА се најдобри во македонија и ако мислат дека им нема навивачка група што е блиску до нив , што толку сте се уплашиле од конкуренција? Сакате да навивате сами у сала , тоа е ви е некое достигнување ако сте сами у сала ? Што е подобро 4000 у сала од двете групи по 2000 навивање , или сам ко мрднат да пееш безвезе? Дај не претерувајте , навивајте не се замарајте кој се подобри ке се покажете на трибина не ''леле најјаки сме на фб собравме 100 000 што ке дојдат на трибина" , фб не е мерило за ништо. Така да навивајте и покажете на трибина а не на фб , кајгана, и ред други интернет страни.Ајде бе заебете ја темава веќе...
Им го напнавте курот на ЦПБ веќе...
Влегле, влегле, вакви акции во Македонија и онака се реткост, па ова дефинитивно е мало освежување за тифо сцената. Колку беше успешна нивната акција видовме, но сепак им давам едно браво за акцијата. Да им се пуштиш на противниците сред нивни терен не е мала работа. И немојте жити се да тврдите дека нема двоен аршин за групите ОД Скопе и ВОН Скопје. Што сакате кога во нивните градчиња секој со секого е роднина, секој на секого му ја поминал сестрата, па нормално дека нема да маваат по своите. Нормално е што џандарите маваа по ЦПБ, али они не се таму за да ги заштитат Мајмуни, туку да спроведат ред. Неможе по едни да маваш, а другите да ги тиманиш иако корнат столици и маваат со нив. Едноставно полицијата им го одбрани знамето на Мајмуни, и практично му дозволи на ИКС персона која дојде од некаде да украде знаме кое противничката група Е СПРЕЧЕНА ОД ПОЛИЦИЈАТА да си го одбрани.
Вистина е дека и ЦПБ малце се преценија и вината за тоа што не се вратија со знаме од Мајмуни донекаде треба да си ја бараат кај себе.
Сепак имаат 5-ка од мене за акцијава, а да сум член на Мајмуни не би се појавил веќе на трибина, кога гледам дека не сум способен да си го одбранам знамето, па тоа место мене го прави полицијата :kesa:
Имаат ЦПБ еден куп минуси, али неможам да коментирам за тоа пошто не е фер да јадам гомна за едни, кога и во мојата група работите не се најсјајни
Сепак сезонава ЦПБ изненадуваат позитивно, и во второто дерби очекувам да бидат уште подобри од првиот пат и да успеат колку толку да се држат на навивачки план со ФА која во моментов во тој аспект е одлична!!!
П.С. и доста трубите кај биле во Бутел, кај биле на други гостувања. Не се правете будали, сите знаете дека не е мала работа да одиш да гостуваш во населба каде што нема закон и може да ти жбрцаат нож без размислување. Божем секоја недела некој гостува во Бутел, и божем во Чаир сите одиме кога се игра против Слога. Сите знаеме какви се аршините за нас и за Албанските навивачки групи. Бар вие сте навивачи, немора да ви се обаснува како стојат работите...
И секоја чест на ФА што отидоа во Струмица и Свети Николе, такно и успешно, ама не е исто да отидеш на гостување во градови кај што и онака нема навивачки групи, и да тидеш на еден таков начин и да навиваш на гостување во сала каде што има 4 000 народ и 500 души противнички ултраси:wink:
Не ги величам Кумани, пошто од тоа што го видов во Куманово знам дека било која Скопска група би ги смачкала во фајт, али да отидат било кои 20-тина противнички ултраси во сала која е полна со противнички навивачи и да почнат да навиваат, нормално е дека ќе јадат ќоттек како магариња.
Бтв со ова не ги омаловажувам навивањата на ФА во време на бојкот :wink: